Како да се заобиколи Египетската владина програма за интернет надгледување

Овој пост оригинално е објавен на арапски на блогот Kelmeteen на Tarek Amr.

Сите имаме слушнато за тенденцијата на египетското Министерство за внатрешни работи да обезбеди програми и апликации со цел да ги набљудува веб-сајтовите на социјалните мрежи и блогови и да го мери јавното мислење. Впрочем, дури и ако го занемариме погоренаведеното, значаен технолошки напредок е постигнат во анализирањето на напишани текстови – софтверот за превод и пребарувачите се најдобар доказ за тоа. Така, технологија за надгледување на интернет и анализа на онлајн содржина и стана достапна на јавноста, како и на безбедносните агенции, маркетинг и прес компаниите и сл.

 CCTV system

CCTV систем од  lydia_shiningbrightly на flickr. Користен под (CC BY 2.0)

Сепак, човечкиот ум не престанува да ја надминува технологијата. Подолу ќе посочам неколку едноставни методи кои корисниците можат да ги следат за да ја отежнат работата на програмите за надгледување.

Фактот дека сме човечки суштества, ни овозможува да го разереме значењето на ироничните искази подобро од најдобриот технички уред моментално достапен. За искази како: „Овој мобилен е толку добар, има батерија што не трае ни пет минути“, секој читател ќе сфати дека горенапишаниот исказ е иронија и дека зборот „добар“ овде го има спротивното значење.

Пишувањето во метафори и компарации итн. ја отежнува задачата на програмите за надгледување. На пример, може да употребите зборови како „хаштаг“ во контекст кој само луѓето свесни за ситуацијата на која се однесува ќе го разберат, во случајот, се однесува на ElSisi. 

Другата опција е пишување на арапски со англиска транскрипција. Овој метод е познат како „Франкоарапско“ пишување. Всушност, технологијата е способна да разбере „Франкоарапски“, докази за ова се Microsoft Maren and Yamli, иако точноста на овие технологии не е исклучителна и се влошува кога наидува на различни дијалекти, печатни грешки и скратеници. 

Правењето намерни печатни грешки е метод да се одвлече вниманието на програмите за надгледување и анализаторите на текст. Ќе им ја отежни работата, но нема да ја уништи. Спојувањето на зборовите е уште една опција која овие програми ќе ги насочи во погрешна насока.

Поделбата на пораката на повеќе твитови ќе го оневозможи разбирањето на еден дел без другиот.

Во однос на користењето фотографии и видеа, проучувањето на фотографии и извлекувањето текст од нив е моментално потешко од анализирањето твитови и новости на Фејсбук. Со други зборови, на компјутерот му е потребно повеќе време да интерпретира некои шеги за Египетското саркастично општество отколку постови објавени на Фејсбук.

Сите други иновативни техники покажуваат како човечките капацитети се издигнуваат над машините. Како пример, може да ги прашате читателите да прочитаат реченица од десно на лево.

Постојат повеќе варијации на овие трикови, можете да прочитате повеќе за збунување и одвлекување, и за тоа како може да се поврзат за да се креираат уште моќни и комплексни енкрипциски системи, или да ги прочитате алатките кои се користат за да се измамат системите за упад на интеренет. Додека, идејата за поделбата на писмата на неколку твитови, потекнува од идејата за поделба на интернет пакетите за енкриптирање на системите за детекција на упади.

Покрај се, технологијата се развива и е во можност да се носи со овие трикови. Сепак, треба да знаете дека секој обид да се разрешат овие дилеми од технолошки аспект е бавен и наидува на високи трошоци и мала прецизност. Мора да се ограничи на пораки кои може да се набљудуваат и анализраат – исто како што оградите на дворовите не можат да спречат било кој да се прекачи, но може да ги заштитат и да им ја отежнат задачата на многу од крадците со тоа што ќе ги намалат нивните шанси за провала.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.