Египет: Сон за подобро утре

Овој напис е дел од специјалната репортажа Протести во Египет 2011.

Како што демонстрациите во Египет навлегуваат во својот дванаесети ден, некои се обесхрабруваат, но други пак имаат големи надежи за позитивен резултат. Авторот на Глобал Војсис, Еман Абд Ел Рахман е од вторите. На нејзиниот блог таа ги сподели своите чувства за продолжениот револт, а се започна со омилената песна:

На 21 февруари по гледањето интервју со Др. Ел Барадеи на ТВ станицата Dream2, објавив видео од песната „Сонувај со мене“ од Хамза Намира. Тој ден сонував да ја видам мојата земја слободна. Слободна од диктаторство, корупција, насилство и понижување. Верував во сонот толку многу што ги посветив сите мои желби да го видам денот кога Египет ќе биде оној кој го сакав пред да видам…

Еман продолжува:

Денес повторно ја видов истата песна со други фотографии, од револуцијата. Нашата револуција.. Одеднаш почнав да треперам и да се тресам. Воопшто не кажав никому дека се уште не верувам.. Освен што живеев минута за минута или секунда за секунда изминативе 12 дена, не можам да верувам што се случува. Понекогаш се будам и си велам „Мора да сонував“. Но, не е сон повеќе…

Имам толку многу да кажам. Толку многу да напишам за да го задржам сеќавањето, но зборовите се премали за она што го доживувам сега. Едноставно знаев колку многу го сакам Египет, повеќе отколку што мислев дека го сакам.

Видеото како и нејзината објава на блогот беа споделени и на Твитер и добија коментари.

@msheshtawy, споделувајќи го видеото напиша:

Сонувам за подобро утре Masr bokra a7la http://youtu.be/zHZbZm69PCE #egypt #jan25

@ishtarmuz споделувајќи го видето твитна:

Гледајте го „Сонувај со мене“ (Ehlam Ma'aya) – 25 Jan Revolution’ #JAN25 Ја сфаќате пораката без да го знаете јазикот. http://bit.ly/gNGqBZ

Сонувањето подобра иднина за Египет стана тема во социјалните медиуми; друго видео зборува за соништа за револуција:

На Твитер, @randa610 го сподели својот сон за Египет:

Мојот Египет од соништата: каде никој нема да го компромитира мојот живот за повеќе моќ или пари. #jan25 #hopeisintheair

Посакувајќи добра ноќ, @pakinamamer се заблагодари на светските поддржувачи на нејзината земја:

Со сите оние прекрасни пријатели и странци кои не поддржуваат и се молат за нашата сигурност, сигурна сум дека ќе спијам добро. Добра ноќ <3 #Jan25 #Egypt

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.