Бугарија: Студентите од Софија ќе протестираат ако властите воведат полициски час

На 29 февруари, 19-годишен студент почина во тепачка со тројца студенти. Трагичниот настан се случи во Софија, во областа Студентски град (Students’ City), каде што  бугарските државни универзитети им обезбедуваат сместување на нивните студенти. Не е познато кој точно е одговорен за смртта на студентот, но целата ситуација разгори дебата во граѓанските медиуми.

Како одговор на ова, владата одлучи [бг]  да  воведе полициски час во областа: домовите ќе бидат отворени до 23 часот и никој нема да може да пристапи помеѓу 23 и 6 часот наутро. Од 5 април, пак, посетителите нема да можат да влезат без идентификација. Владата вети дека ќе инсталира безбедносни камери на секој спрат од зградите во областа.

Оваа мерка многу потсетува на политиката од времето на комунистичкиот режим и шокира многумина. Твитер корисник @GreenLSK напиша [бг]:

@GreenLSK: Колко се радвам, че не живея в Студентски град… Как ще им слагат вечерен час, бе?

Многу се радувам што не живеам во Студентски град… Како бе ќе им биде воведен полициски час?

Полицискиот час веднаш беше осуден како неефикасен и навредлив.  Блогерот  Ангуел Ивов  нуди поттикнувачки  поглед [бг] на тоа зошто „полицискиот час нема да функционира“:

Мярка лесна за въвеждане, трудна за налагане и в крайна сметка напълно безсмислена. Вечерни часове има в подобни общежития по света и практиката показва, че потърпевшите от тях са много изобретателни в заобикалянето им. Но вечерният час е безсмислен не защото няма да се спазва, а защото дори да се спазва, няма да реши проблема с атмосферата на Студентски град – която предразполага към всичко друго, само не и към учене, и очевидно създава ред опасности за здравето и живота на обитаващите го.

Като съм казал „проблема“, дайте да видим къде е всъщност той. Предлагам ви два отговора: а) проблемът е в студентите; б) проблемът е в кръчмите и чалготеките, превзели квартала. Мярката “вечерен час” почива на логиката, че верен е отговор а): дайте да затворим студентите по стаите след определен час и всичко ще бъде наред.

Оваа мерка е лесно да се воведе, тешко да се спроведе и е целосно бесцелна. Полициските часови во слични домови во други земји се чести и искуството покажало дека нивните жртви се многу креативни во нивно избегнување. Но полицискиот час не е бесмислен затоа што нема да биде почитуван, туку затоа што  – дури и да биде почитуван- нема да го реши проблемот со атмосферата во Студентски Град – која создава услови за сé освен за учење па дури и е потенцијална закана за здравјето и животот за оние кои живеаат таму. Кога веќе реков  „проблем“, ајде да видиме каде е всушност тој. Предлагам два одговора: a) проблемот се студентите; б) проблемот лежи во пабовите и [чалга] клубовите кои го презедоа соседството. Мерката „полициски час“ се заснова на логиката дека  вистинскиот одговор е: a) ајде да ги затвориме студентите на безбедно и сé ќе биде во ред.

Како што тој потенцира, вистинскиот проблем се условите за живот во Студентски Град, озлогласени како нехигиенски и сосема несоодветни за учење. Обично тројца студенти  делат соба од 25-30 м², целата област има само една библиотека, нема книжарница а има многубројни пабови и чалга клубови. Често непријатните медиумски мислења [бг] кои ги опишува студентите како мрзеливи, незаинтересирани, вечно пијани млади луѓе со сомнителни морални вредности никогаш не престанаа да се појавуваат. Ова се случува по ваква ретка несреќа кога доминантните медиуми и различните експерти до „гадост“ објаснуваат колку студентите се насилни и како го загрозуваат идниот развој на Бугарија.

Student quizz at the Faculty of History, University of Sofia: another entertainment is possible! Photo by Zornitza Radulova (CC-by-SA 3.0)

Студентски квиз на факултетот за историја, Универзитет Софија: друг начин на забава е возможен! Фото: Зорница Радулова (CC-by-SA 3.0)

На овој начин, полицискиот час се претставен на јавноста како единствениот начин да се смират група луѓе чии најниски животински инстинкти ги преобразуваат во јавна опасност. За возврат, владата  се става во улога на скротувач, надоместувајќи за наводниот неуспех на универзитетот. Некои сметаат [бг] дека оваа мерка е само имитација на дејствување:

Вечерният час няма да реши нищо по никакъв начин. Това е поредният блъф на държавата за пред обществото, с надеждата, че като отчетат някаква дейност, всичко пак ще се забрави. Най-вероятно то така и ще стане… засега.

Полицискиот час нема да реши ништо. Ова е само уште еден блеф на државата за јавноста, надевајќи се дека со преземање на некоја активност, сé ќе биде заборавено. Најверојатно и ќе биде… засега.

Други, како бугарскиот соработник на Глобал Војсис  Ивајло Динев, реагираше на оваа погрешна претстава со многубројни аргументи опишувајќи [бг] каде всушност е вистинскиот проблем: не се луѓето туку средината во која тие се развиваат и неодговорноста која таа ја создава:

Не считам, че пресилено ще прозвучи, ако реша да определя българското студентсване като една самозаблуждаваща се свобода на безотговорността. Една свобода без отговорности. […]

Студентите обаче, и бих се самоцитирал, не сме виновни, защото ние сме продукт.
Социалната роля „Студент” е продукт на цялото общество, което задава изискванията към своите най-жизнени части. Нужно е да разберем, и това е пределно ясно, че студентите не се самопроизвеждат.
Занижените критерии към студентите не стимулират дейното им участие в образователния процес. Оценките се изкарват лесно, а изпитите са веднъж на семестър. Защо тогава да не се напиват и пребиват ежедневно? Защо да не мързелуват? Всъщност мързел ли е, когато никой не изисква да свършиш някаква, дори минимална работа през годината?

Не мислам дека ќе звучи претерано ако ја дефинирам состојбата на бугарските студенти како самозалажувачка слобода на неодговорност. Слобода без одговорност.[…]

Студентите,тука би се  вклучил и јас, не се виновни затоа што се производ.

Општествената улога  „студент“ е производ на општеството кое ги утврдува потребите за неговите витални делови. Мора да го сфатиме тоа и јасно е дека студентите не настануваат сами по себе. Намалениот критериум на универзитетот не ги охрабрува студентите активно да учествуваат во образовниот процес. Лесно се добиваат оценки а испитите се  одржуваат еднаш во семестар. Зошто да не се пие и да се тепаат луѓе секој ден? Зошто да не се биде мрзлив? Па, нели мрзливост е кога никој не бара од тебе да завршиш некоја, дури и најмала работа во текот на годината?

Мобилизацијата на студентите против оваа мерка беше толку голема што БНР (бугарското национално радио)  интервјуираше [бг] тројца студенти и  го емитуваше интервјуто, притоа  предизвикувајќи реакции од Министерството за образование, кое  изјави [бг] дека ќе ги контролира сите пабови во областа и ќе ги затвори оние кои се нелегални.

Во интервјуто студентите го потенцираа [бг] вистинскиот проблем кој властите досега внимателно го одбегнуваа:

Не трябва да се лъжем, че има някакви лоши хора в Студентски град, мутри, примерно, които са дошли ей така. Те са дошли, защото им е позволено, и то от ректорите на университетите.

Не треба да се лажеме: има лоши луѓе во Студентски Град, мафијата на пример, која без никаков проблем дојде. Дојде затоа што ѝ беше дозволено и тоа од деканите на универзитетот.

Деканите се всушност официјалните претставници на државните универзитети. Тие се одговорни за  домовите и за што сé се  користат ненаселените делови од страна на приватните претприемачи. Студентите се обвинети за посетување пабови наместо учење, но универзитетските декани се оние кои ги потпишуваат договорите за издавање со сопствениците на пабовите.

Screenshot from the Facebook event page

Слика од страната на Фејсбук настанот

Дали полицискиот час ќе биде воведен или не ќе биде одлучено на 5 април од страна на Советот на декани. Поставен беше Фејсбук настан [бг] кој повикува на протести во случај полицискиот час да биде воведен. Мотивацијата [бг] за овој настан е јасна:

Поощряването на простотията в една самозаблуждаваща се свобода без отговорности направи Студентски град „Град на греха”. И докато данъкоплатците осигуряват пиршества и забавления, смятайки че зад тях се крият денонощия четения на тежки томове, обществото ще се самозаблуждава, че висшето образование е качествено.

Някой трябва да прекъсне затворения кръг. И неминуемо това ще се случи.

Промовирање на  глупост преку самозалажувачка слобода без одговорност го  преобрази Студентски Град во „Град на гревовите“. И додека даночните обврзници обезбедуваат гозби и забава, мислејќи дека зад тоа се кријат денови на обемно учење, јавноста сеуште ќе мисли дека високото образование е од висок квалитет. Некој мора да го пробие затворениот круг. И тоа неизбежно ќе се случи.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.