Сирија: Уапсен Али Махмуд Отман, „Очите на Баба Амр“

овој пост е дел од досието на Глобал Војсис за бунтот во Сирија 2011/12.

Видео активистот Али Махмуд Отман, шеф на канцеларијата на печатот во Баба Амр, беше заробен од страна на сириските власти. Неговите пријатели и колеги веруваат дека тој е предмет на безмилосна тортура. Неговиот притвор ги загрозува сите активисти од канцеларијата и претставува многу тежок удар за граѓанското новинарство во Сирија.

Отман, првично продавач на зеленчук, ги документираше немирите во Хомс од почетоците на сириската револуција. Тој беше од суштинско значење во помагањето на оние кои известуваа за конфликтот во Баба Амр,  изнесувајќи ги странските новинари од квартот. Тој одлучи да остане во Баба Амр дури и по повторното освојување на подрачјето од страна на сириската армија по тримесечното бомбардирање на градот.

Според Моника Г. Прието, дописничка за шпанскиот сајт за вести Periodismo Humano, „сè дури има еден жив човек квартот тој не сакаше да замине, тој ги одбиваше сите предлози за заминување“.

Ali Mahmoud Othman in Baba Amr, Homs. Image source: Baba Amro News

Али Махмуд Отман во Баба Амр, Хомс. Изворна фотографија: Баба Амро Њуз

Видеото подолу го прикажува Отман, често нарекуван „очите на Баба Амр“, како му кажува на светот за страдањата на населението на Баба Амр. Тој се обраќа на камера без страв од идентификување, убеден дека неговата порака ќе биде поверодостојна и ќе стигне до поширока јавност ако се покаже немаскиран:

Активистите создадоа и страница на Фејсбук за да ја споделуваат неговата локација и да упатат повик за негово ослободување. Комитетот за заштита на новинарите, од своја страна, ги повика сириските власти веднаш да го ослободат Отман и сите новинари притворени заради нивната работа:

Сириските граѓански новинари го документираат бунтот загрозувајќи ги нивните животи. Режимот мора да стави крај на својата кампања за заплашување и замолчување на приказната за бруталната репресија.

Неговиот притвор го задржа вниманието на главните медиуми и политичарите од различни земји. Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг побара негово ослободување:

Ги повикувам сириските власти веднаш да го ослободат г. Отман и другите политички затвореници. Сирискиот режим ќе биде одговорен за безбедноста на г. Отман и неговиот третман и ќе отворам дискусија на оваа тема во Истанбул на состанокот на Земјите пријатели на Сирија.

Американскиот сенатор Џон Мекејн напиша на Твитер:

Добив извештаи дека сирискиот новинар Али Махмуд Отман е притворен и измачуван од страна на силите на Асад – светот мора да упати повик за негово ослободување.

Притворувањето на Отман беше широко споделувано на Твитер, главно под клучниот збор #freeothman (ослободете го отман). Корисниците на интернет исто така започнаа петиција со која се бара негово ослободување.

Новинарката Ранда Хабиб го привлече вниманието за опасноста во која се наоѓаат Отман и активистката Нура Аљивази, која исчезна во Дамаск истиот ден:

Факторите на сирискиот отпот Али Махмуд Отман & активистката Нура Ал Џизави, уапсени, нивните животи се во опасност: Новинари без граници (RSF)

Шест дена по апсењето на Отман, пријателите ја објавија оваа порака на Фејсбук:

Ова е шеста вечер без гласот на Али и неговите мирољубиви зборови. Шеста вечер како Али спие со врзани раце, исцрпен од измачувањата. Веќе шеста вечер а името на Али стигна и во  Австралија, луѓето бараат негово ослободување. Шест вечери револуцијата е без Али. Еден од хероите на Баба Амр, сега херој на револуцијата. Оние кои тој ги спасил од повреди: новинари, пријатели и семејството секојдневно потсетуваат на неговите добри дела. Слобода за Али Отман, еден од најхрабрите луѓе воопшто.

Овој пост е дел од досието за бунтот во Сирија 2011/12

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.