Тјуб авантура: Двојазична авантуристичка игра на ЈуТјуб

Популарниот шпански ЈуТјуб канал, Пинофас има креирано нов проект: тој е авантуристичка игра која ги искористува новите можности кои ги имплементираше ЈуТјуб, за тагирање, линкување и коментирање. Играта е наречена Тјуб авантура.

Во играта, главниот лик го напушта својот дом за да купи леб, но врз главата му паѓа вазна и со тоа добива амнезија: потребна му е ваша помош за да стигне до пекарница, а на патот до неа тој ќе запознава други карактери кои ќе му доделуваат мисии, доколку вие одлучите да ги прифатите. Целта е да се најде пекарницата и да се набави лебот, а дизајнирани се и повеќе завршетоци на играта.

За сега, достапно е аудио само на шпански, но коментарите на видеото ветуваат дека наредната верзија ќе биде комплетно двојазична. Опциите за истражувањето се и на шпански и на англиски. Играта мора да се игра на страницата на ЈуТјуб за да бидат достапни опциите, затоа посетете го овој линк за да ја отворите нивната страница за да ја играте играта. Од нивниот блог, Кордеро ТВ:

Конечно, по неколку одложувања, ви ја претставуваме Тјуб авантурата. Веќе најавивме на трејлерот дека не е скица, нова серија или нешто слично на тоа… и како што може да видите самите, не е шега. Тоа е првата графичка авантура преку ЈуТјуб.

Следи трејлерот за Тјуб авантура.

За да ја играте играта, кликнете тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.