Put it On: Глобален онлајн натпревар за креатори на филмови

pioPut it On го спонзорира Global Voices за да им помогне во промовирање на овој натпревар. Тие се надеваат да допрат до креаторите на филмови од различни региони и јазици, низ целиот свет.

Дали отсекогаш сте сонувале да студирате на Њујоршката филмска академија? Ова е вашата можност, без разлика каде живеете, работите или снимате. Наградата на филмскиот натпреварот на Put it On е токму тоа: стипендија на Њујоршката филмска академија и парична награда од 5000 долари како прва награда во категориите за најдобар долгометражен, најдобар краток филм и најдобро актерско достигнување. Втората награда за најдобар долгометражен и најдобар краток филм е HD просумер (prosumer) дигитална камера.


www.putiton.com

Put it On е нова веб страница за прикажување на видеа и галерија за уметници од четири различни области: мода, филм, музика и уметност. Уметниците добиваат 1 GB слободен простор и може да овозможат превземање или продавање на нивните дела по цена кои тие сами ќе ја изберат. Сајтот е достапен на 10 различни јазици преку автоматски превод.

За да се вклучите во натпреварувањето, само пријавете еден ваш филм, кој е ваше најдобро дело. Било која тема, од било кој дел на светот може да учествува. Видеата може да бидат на било кој јазик, но мора да бидат содржат титл на англиски јазик. Може да пријавите филм само во една категорија: или за најдобар краток филм или за најдобар долгометражен филм (подолг од 45 минути).

За повеќе детали околу натпреварот, посетете ја Put it On. Натпреварот започна на 30 јули и завршува на 26 ноември. Најдобрите 10 кратки и долгометражни финалисти ќе бидат избрани преку онлајн гласање. Одбор од судии, меѓу кои и член на Њујоршката филмска академија и Макс Фразер, ко-основач на Put it On, ќе ги прогласат победниците на 7 јануари 2010. Наградата за Најдобро актерско достигнување ќе биде доделена одделно од страна на судиите од сите пријавени видеа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.