Таџикистан се уште со блокада за популарната руска социјална мрежа

Screenshot of the main page of Odnoklassniki. The Russian social network has been blocked for the last week in Tajikistan.

Скриншот на првата страница на Однокласники. Оваа руска социјална мрежа е под блокада изминатава недела во Таџикистан.

Таџикистанците во владата се со тешка рака кога станува збор за регулирање на интернетот и не е невообичаено редовно блокирање на веб-локации кои објавуваат критични содржини. Социјалните медиуми ја имаат истата судбина — и Јутјуб и Фејсбук беа блокирани неколку пати во последниве години. На 9 јули, Јутјуб беше блокиран повторно и се уште останува блокиран. Но, неодамна, една од најпопуларните социјални мрежи во државата, Однокласники, беше за првпат блокирана.

Однокласники е руска социјална мрежа, во која се регистрирани повеќе од 300.000 граѓани на Таџикистан. (За споредба, постојат само околу 60.000 регистрирани профили на Фејсбук од оваа централно азиска држава). Многу Таџикистанци го користат Однокласники да се поврзат со нивните семејства кои работат како имигранти во Русија. На 18 јули, некои корисници на веб-локацијата открија дека пристапот е блокиран. Подоцна, некои провајдери на интернет услуги потврдија дека го блокирале пристапот, но не кажаа зошто.

Асомидин Атоев, претседателот на таџикистанската Асоцијација на провајдери на интернет услуги, изјави пред новинарите дека провајдерите блокираат веб-сајтови кога имаат наредба од Државниот комуникациски сервис, и дека овие денови ваквите наредби со добиваат усно. Сепак, претставници на сервисот, предводени од непопуларниот Бег Сабуродрекуваат вмешаност во блокирањето

Додека причините за блокирањето се уште не се јасни, експерти и интернет корисници веруваат дека е поврзано со активностите на опозицијата и можеби, радикални исламисти. Махмудзон Исмаил, корисникот на Однокласники, изјави за Радио Озоди, таџикистанскиот огранок на Радио Слободна Европа:

Ҷавонони тоҷик, ки дар Сурия ҳастанд, наворҳои худро дар ин ҷо нашр мекарданд. Тамоми гурӯҳҳои ифротӣ бо забони тоҷики фикру ақидаҳои худро дар «Одноклассники» нашр мекунанд. Аз вақте, ки Ютюб баста шуд, дигар ҳама аз ин ҷо истифода мекарданд. Ин ҷавонони ифротӣ бисёр ҳарфҳои нохуб мегуфтанд, ки фикр мекунам, ки ба дигар ҷавонон бетаъсир набуд. Тахмин мекунам, ки ба ҳамин хотир ин шабака маҳдуд шудааст.

Момци од Таџикистан кои се борат во Сирија ги објавуваат своите видеа на сајтот. Сите екстремистички групи ја користат оваа мрежа да ги пропагираат нивните идеи на таџикистански јазик. Штом се затвори Јутјуб, тие преминаа на Однокласники. Јас мислам дека тие влијаеа на многу млади луѓе. Ова е, верувам, причината за блокирање на сајтот.

Во минатото, таџикистанската влада имаше голем број на само оправдувачки причини за блокирање на социјални мрежи и веб-локации за споделување на видео записи, вклучувајќи ја и вокалната изведба на претседателот Емомали Рамон на свадбата на неговиот син, што доведе до блокирање на Јутјуб, и упорниот трн во нивните пети Платформа, група на Фејсбук со преку 15.000 следбеници кои ја критикуваат владата и ги промовираат лидерите на опозицијата.

Но, до неодамна, Однокласники не беше сметан за гласник на опозицијата. Еден корисник, Михалич, го прими блокирањето многу емотивно:

В чём [Зло Одноклассников]?? В общении с друзьями по всему миру,возможность смотреть фото друзей и т.д, в этом зло)))))??? Всё правильно,нужно как и раньше ходить на почту отправлять телеграмму и ждать ответ или письмо месяц))))))) И далой скайп!!!! На фиг это лёгкое общение,вернёмся к голубиной почте!!!!!

Зошто [Однокласники е зло]?? Во комуникација со пријатели низ целиот свет, во можноста да ги погледнеме фотографиите на нашите пријатели и така натаму – дали има нешто лошо во ова)))))??? Добро, сега мораш да отидеш до пошта како порано, да испратиш телеграма и да чекаш еден месец за одговор))))))) И долу Скајп! Зошто ни е потребна лесна комуникација? Ајде да се вратиме на гулаби – писмоносци!!!!!

Други, како Бекорразмислуваат за, сега веќе долгогодишната традиција на блокирање на веб-локации во Таџикистан, и што таа традиција кажува за владата:

Маразм крепчает. Как только что случится- интернет блокировать. Страна под пятой идиотизма

Лудоста се зајакнува. Штом се случи нешто, се блокира интернетот. Земјата е под петата на идиотизмот.

Диловар горко се шегува :

В Таджикистане в 2015 году заблокируют и отключат всех людей

Во 2015, во Таџикистан, тие ќе ги блокираат и исклучат сите луѓе.

Некои интернет корисници, како Ислом, веруваат дека блокирањето е бесмислена стратегија:

можно зайти на одноклассники через обходные пути, почти 75% населения знают как. Нету смысла закрыт сайт через провайдеров.

Можете да го заобиколите блокот и да го посетите Однокласники, а речиси 75% од [оние интернет корисници] популацијата знае како да го направи ова. Нема смисла во блокирањето на сајтови од провајдерите.

Sergey_I, во меѓувреме, ги споредува Однокласники и алкохолот:

одноклассники – это зло. Но это как алкоголь, сигареты и прочее, вредные привычки

Однокласники е зло. На ист начин како што се алкохолот, цигарите и други деструктивни навики.

Јагонхир од Душанбе, како многу останати, се жали од многуте „непристојни“ информации, што некој може да ги најде на Однокласники:

очень хорошо что закрыли доступ к сайту оно отнимает очень много времени и там очень много пошлого

Многу е добро што сте го блокирале пристапот до оваа страница, одзема многу време и има многу вулгарости таму

Но, многумина одат понатаму и пишуваат дека Однокласники претставува јавна закана и потенцијален агент за револуција:

Очень хорошо что вы закрыли эти сайты через них люди портятся и наши дети ,экстремисты пользуясь этим служат всяким иностраным провакаторам чтобы они имели у нас своих агентов вербуя через интернет ресурсы ,мне как жителю родного таджикистана не нужны всякие сатанинские арабские революции

Многу е добро што сте ги блокирале овие сајтови, тие ги расипуваат нашите луѓе и деца, екстремистите ги користат да ги сервираат странските провокатори кои имаат нивни агенти помеѓу нас, регрутирани по пат на интернет. Јас, како граѓанин на мојот драг Таџикистан, немам потреба од некои сатански арапски револуции.

 Некои интернет корисници исто така го ценат тајмингот на блокот, бидејќи во моментов е Рамазан, исламскиот свет месец:

Это разумный поступок тем более во время священного месяца Рамазан. Лучше всего думать о безопасности наших детей и родных.

Тоа е разумна постапка, особено за време на светиот месец Рамазан. Подобро е да мислиме на безбедноста на нашите деца и семејства.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.