Камбоџа: Кој го нареди блокирањето на опозициските веб-сајтови?

Минатиот месец, еден анти-владин веб-сајт беше блокиран од некои провајдери на интернет услуги во Камбоџа. Провајдерите на интернет услуги подоцна негираа дека примиле наредба од владата за забрана на критичниот веб-сајт. Владата, исто така, инсистираше дека тоа не е политика за блокирање на веб-сајтовите е на опозициските групи. За среќа, пристапот до веб-сајтот беше веднаш вратен.

Но прашањето за веб цензурата во Камбоџа продолжи да крчка овој месец, откако медиумски групи обелоденија писмо од страна на владините информациски органи кои бараат од интернет провајдерите на услуги да ги цензурираат веб-сајтовите кои наводно му штетат на моралот и традицијата на Камбоџа.

Сиенг Сити, заменик – директор на Директоратот за регулација на телекомуникациските политики, напиша и-мејл до Езеком, Метфон, Ситилинк, Диги, АнгкорНет, ВиКам, ТЦ, Камнет, Онлајн и Каминтел за да им се заблагодари за „соработката“ при блокирањето на пристапот до одделни веб-сајтови, вклучувајќи ги КИ – Медиа, Кмеризеишн и сајтот кој содржи дела на политичкиот карикатурист Сакрава.

Владата даде спротивни изјави за веродостојноста на писмото. Министерството продолжува да уверува дека веб цензурата не е извршена од страна на владата. Еве неколку извадоци од контроверзното писмо:

Електронската порака, електронски потпишана од страна на Сиенг Сити, заменик – директор за регулација на политиката на Министерството, им се обраќа на интернет провајдерите ВиКам, Телесурф и Хелоу.

„Откривме дека немате преземено никакво дејство, па љубезно ве молиме веднаш да преземете дејство“.

„Подолу се веб-сајтовите“.

„И повторно, во случај на лоша соработка, тоа е на ваша сопствена одговорност“.

Интернет корисниците во Камбоџа се пожалија дека споменатите веб-сајтови многупати биле недостапни овој месец. Провајдерите на интернет услуги рекоа дека се работи за технички проблеми.

Цртеж од Сакрава

Лигата на Камбоџа за поддршка и заштита на човековите права го осудува пријавеното блокирање на критичните веб-сајтови

…Интернетот беше единствениот аудио и визуелен медиум што не беше целосно контролиран од страна на владата. Забраната на контроверзните веб-сајтови претставува значаен пресврт во движењето кон поугнетувачка медиумска средина.

Групата, исто така, сака интернет провајдерите на услуги да им објаснат на нивните потрошувачи зошто се согласиле да се подредат на барањето на владата да ги цензорираат веб-сајтовите

Дали владата едноставно поднесе „барање“ интернет провајдерите да забранат одредени сајтови? Доколку е така, интернет провајдерите им должат искрено објаснување на своите потрошувачи за тоа зошто избрале да послушаат. Криењето зад извинувања едноставно ги прави соучесници во кампањата за цензура. Засегнатите муштерии треба да ги повикаат своите интернет провајдери и да побараат легитимно објаснување за постојаните прекини на веб-сајтовите на политичката опозиција. Уште подобро, сите интернет провајдери треба да го одбијат барањето на владата и веднаш да го вратат целосниот интернет пристап.

Муштериите заслужуваат да знаат дали ги даваат нивните пари на компанија што и помага на владата во кампањата за цензура.

Комитетот за заштита на новинарите е, исто така, загрижен за зголемената медиумска цензура во Камбоџа.

Според медиумски извештаи, употребата на интернет во Камбоџа е зголемена за 500 проценти во изминатата година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.