Сирија: Блогерката ,,Лезбејка во Дамаск” киднапирана

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011.

Ажурирано (9 јуни 2011 год.): Откако оваа порака беше објавена, се зголеми бројот на прашањата за вистинскиот идентитет на ,,Амина Араф”. Сликата која може да ја видите подолу покажува дека тоа е Хрватка која живее во Лондон. Прочитај повеќе тука.

Амина Араф многу брзо стана славна. Објавувајќи на својот блог, под псевдонимот Амина Абдула, таа пишува за политика, последните поуни, а и за тоа како е да се биде лезбејка во Сирија. Двоен граѓанин на САД и Сирија, нејзините моќни зборови ја покажаа реалноста на територијата на Сирија во последните неколку недели.

Денес, на блогот на Амина, беше објавено дека таа била киднапирана од властите. Нејзината братучеда, Ранија Исмаили, објави:

Денес, пред неколку часа, во отприлика 18:00 часот по локално време, Амина пешачела во област кај автобуската станица Абасид, близу улицата Фарес ак Хури. Требало да се сретне со личност вклучена во Локалниот комитет за координација, а била придружувана од пријател.

„Амина Араф“ (сега веќе познато дека е украдена слика од Јелена Лечиќ)

Амина му кажала на својот пријател дека ќе продолжи понатаму и се разделиле. Амина, очигледно ја препознала личноста со која требало да се сретне. Сепак, додека нејзината придружба била сè уште во близина, Амина била киднапирана од три лица во своите рани дваесетти години. Според сведокот (кој не сака да го открие својот идентитет), лицата биле вооружени. Амина удрила еден од нив и му кажала на својот пријател да оди по нејзиониот татко.

Тогаш едно од лицата ја ставило својата рака врз устата на Амина и ја ставиле во црвена кола од марката Дачиа Логан, со налепница на прозорецот од Басел Асад. Сведокот не гo запомнил бројот на регистарските таблички. Веднаш отишла по нејзиниот татко.

Се претпоставува дека лицата се членови на една од службите за обезбедување или на војската Баат Парти. Моменталната локација на Амина не е позната и нејасно е дали е во затвор или се држи на некое друго место во Дамаск.

Неколку часа по првата порака, братучетката на Амина објавила нови вести:

Разговарав на телефон со нејзините родители и сè што можеме да изјавиме сега е дека таа е исчезната. Нејзиниот татко очајно се обидува да дознае каде е и кој ја грабна.

За жал, има најмалку 18 различни полициски формации во Сирија, како и повеќе различни војски и групи. Не знаеме кој ја грабнал и затоа не знаеме од кој да ја бараме. Можно е и присилно да биде депортирана.

Од други членови на семејството кои биле затворени таму, веруваме дека таа ќе биде пуштена наскоро. Ако сакаа да ја убијат, ќе го стореа тоа до сега.

Тоа е она за што се молиме сите ние.

Славата на Амина пред неколку недели беше претставена во The Guardian, преку статија која ја нарече ,,неверојатен херој на револтот во конзервативна земја”.

На Твитер, пријателите на Амина и нејзините поддржувачи, пишуваа за да изразат солидарност, на #FreeAmina и беше направена и страница на Фејсбук за да се натераат луѓето од целиот свет да контактираат со своите локални амбасади, како и со новинари и други јавни фигури.

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011.


Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.