Иран: Бес против предисламските статуи

Изгледа дека дури ни статуите не се безбедни во Иран. Зад кражбата на неколку бронзени статуи од ирански национални херои од јавните места изгледа се кријат религиски мотиви.

Во Сари, кој се наоѓа на север во државата, властите наредија уништување на 16 бронзени статуи кои го опишуваат иранскиот митолошки херој и стрелец, Араш Камангир, на воена количка со коњи.

Iranian mythological hero and archer, Arash Kamangir.

Иранскиот митолошки херој и стрелец, Араш Камангир.

Официјалната причина беше дека наводно коњите на плоштадот Имам може да се протолкуваат како навредливи за основачот на Исламската република, Ајотола Комени.

Се вели дека Камангир влевал дел од својот живот во својата стрела и го користел тоа за да ги зголеми границите на Иран. Статуите го красеа јавниот плоштад во Сари од 1975 година.

Овој видео запис беше прикачен на Јутјуб од корисникот  на 29 јуни 2011 година:

http://www.youtube.com/watch?v=5rHTL_UzbDo

Лесни мети

Азармер пишува дека на мета овие денови ќе бидат повеќе статуи, откако иранските власти го следат нивниот бес против предисламскиот период од историјата на Иран. Тој пишува:

Од исламската револуција во 1979 година, Исламската република се заснова на противиранската агенда. Режимот се плаши од сите симболи на предисламскиот период на Иран. Во последните недели, оваа противиранска агенда се одрази со отстранување на ѕидните слики кои ја прикажуваат епската приказна на Шахнаме (Книгата на кралевите) во Машад, отстранувањето на статуите од другите ирански легендарни личности, Араш во Сари, а сега сакаат да ја отстранат и статуата на Ариобарзанес во Јасуј.

Неколку блогери како Осјан Сабз ги фотографираа празните места кои се останати по отстранувањето и уништувањето на статуите:

Киасар го цитира Абдѕлхосеин Моктабат, уметник од Сари, кој вели дека овие статуи им припаѓаат на нашиот народ и ние мора да ги заштитеме.

Сепак изгледа дека за коњаниците од Сари е премногу доцна.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.