Куба: Дијаспората реагира на ослободувањето на Ферер Гарсија

Кубанскиот политички затвореник Хосе Даниел Ферер Гарсија беше ослободен за време на викендот. Блогерите од дијаспората коментираат за овој настан.

Во петокот изгледаше дека ништо нема да се промени. Поранешниот затвореник од „Групата од 75“ веќе скоро еден месец е притворен и почнал штрајк со глад во знак на протест. На блогот Cuban Exile Quarter може да се најде статија за „храброто семејство Ферер Гарсија“ во која има важни информации за неговиот случај:

Во 2003 година, режимот на Кастро сакаше да го погуби Хосе Даниел Ферер Гарсија барајќи смртна казна во монтиран процес, но меѓународниот протест ги натера да се повлечат и, наместо тоа, да го осудат на 25 години затвор. По прераната и застрашувачка смрт на основачката на кубанската група „Дама во бело“, Лаура Инес Полјан Толедо, на 14-ти октомври 2011 година, заканата по животот на Хосе Даниел не може да се потцени. Исто како и Лаура Полјан, и Хосе Полјан има ненасилна стратешка визија и способност за ангажирање и организирање на луѓето проследена со голема храброст.

Од последното притворање на Хосе Даниел Гарсија на 2-ри април 2012 година, неговиот брат Луис Енрике организираше кампања за негово ослободување и пишуваше на Твитер од својот профил и од профилот на неговиот брат за да повика на солидарност и да ги информира луѓето.

Ве молиме внимавајте на состојбата на Хосе Даниел Ферер Гарсија и зборувајте во негово име бидејќи неговиот живот може да зависи од тоа. По 24 часа притвор, кубанските службеници вчера конечно објавија дека планираат да го обвинат Хосе Даниел за „јавно вознемирување“.

Наскоро се дозна дека Ферер Гарсија одлучил да го прекине штрајкот со глад и вниманието за негово побрзо ослободување се зголеми: Веб-страницата Pedazos de la Isla објави детален извештај за „неколкумината од многуте Кубанци кои престојуваат зад решетки во затворска ќелија поради бранењето на човековите права и слободата во Куба“, притоа додавајќи: 

Дозволете ни да бараме нивно моментално ослободување!

Ослободувањето на Ферер Гарсија како да се случи веднаш потоа: Uncommon Sense вчера објави дека:

Кубанскиот лидер на опозицијата Хосе Даниел Ферер Гарсија беше пуштен од затвор во недела, скоро еден месец откако последен пат беше уапсен.

Но, блогерот, не сакајќи да делува премногу оптимистички, додаде:

Ферер, еден од најактивните опозициски лидери во Куба, се уште се соочува со обвиненија за поттикнување, наведување и финансирање за нарушување јавниот ред и мир во источна Куба. Се уште не е утврден датумот на сослушувањето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.