Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Гледиштата за неуспешното лансирање на ракетата на Северна Кореја

Северна Кореја лансираше ракета на 12-ти април 2012 година и покрај меѓународните предупредувања за цензура и понатамошна изолација. Но, за да биде срамот уште поголем, ракетата се распадна веднаш по полетувањето и нејзините остатоци паднаа во морето. Инцидентот предизвика голем број дебати во интернет-просторот во Северна Кореја.

Веднаш можеше да се забележи реакција за огромната сума на пари потрошена за неуспешното лансирање која можеше да да се искористи за да се нахранат милиони изгладнети Севернокорејци. Ким Сун-јун коментираше:

1년치 옥수수를 다 태워 버렸네.

Отиде [сумата за] годишната количина на пченка (која можеше да ги нахрани Севернокорејците) [забелешка: пченката е всушност дополнителна земјоделска култура, но стана една од најважните култури во Северна Кореја откако земјата со децении имаше недостиг на ориз]
North Korean soldiers look south while on duty in the Joint Security Area, Korean Demilitarized Zone. Image is in the public domain, via Wikipedia.

Севернокорејските војници гледаат на југ додека се на должност во Заедничката безбедна зона, корејската демилитаризирана зона. Сликата е преземена од Википедија.

Јун Јае-вон (@yjw23_kseri), севернокорејски аналитичар во Институтот за економско истражување Ким Кванг Су, сподели шест твита кои беа ре-твитувани многу пати од други корисници. Откако го осуди лансирањето на ракетата на Северна Кореја како чин што може да ги уништи разговорите меѓу шесте страни кои полека напредуваат, Јун тогаш го преиспита јавното верување во ефективноста на меѓународната санкција:

그런데 북한을 어떻게 다룰 것인가 하는 것은 현실적인 측면을 고려할 필요가 있습니다. 유엔안보리를 통해 북한을 비난하는 것은 자연스러운 반응이지만, 북한에 강경대응으로만 일관했을 때 더 큰 문제를 불러일으킬 수 있기 때문입니다.

Но, треба да бидеме реални во справувањето со Северна Кореја. Нормално е да се обвинува Северот преку Безбедносниот Совет на ОН, но ваквиот подмолен и самостоен пристап може да потфрли и да донесе поголеми проблеми во иднина.

Јун понатаму објаснува:

제재로 일관하는 것은 국제사회에서 북한을 더욱 고립시킴으로써 오히려 김정은 체제의 내부결속을 다지는 결과를 초래하게 될 것입니다. 이런 상황일수록 이명박정부가 상황을 관리하고 북한을 고립시키지 않음으로써 개혁개방으로 유도하는 것이 중요합니다.

Користејќи ја меѓународната санкција како единствена [дипломатска стратегија], уште повеќе ќе ја изолира Северна Кореја од меѓународната заедница. Ова исто така ќе ја зацврсти моќта на Ким Јонг [моменталниот лидер на земјата] бидејќи луѓето ќе застанат на негова страна. Администрацијата на Ли Мунг-бак [моменталниот претседател на Јужна Кореја] би требало да може да преземе контрола врз ситуацијата и да се обиде да не ја изолира уште повеќе за да не доведе до револуција во Северна Кореја и слободниот пазар.

Корисникот на форумот Даум Агора, stkt, одбива да го употребува зборот „неуспех“ кога зборува за лансирањето на ракетата на Северна Кореја бидејќи нема неуспех во научни експерименти, особено во развојот на вселенската програма:

로켓발사는 애당초 실패라는 개념이 일반적인 실험과 다르다.일반적인 무기실험과 달리 로케트는 발사를 해봐야 실험 데이타를 얻는다. 로켓발사 실험에 있어서는 실패와 성공의 기준은 무엇이 잘못되었는지를 확인할 수 있는 실험 데이타와 노하우를 얻었는지의 여부인 것이지 기체의 발사결과 자체가 아닌 것이다.

Вообичаената употреба на зборот „неуспех“ при обични експерименти баш и не важи за лансирање на ракети. За разлика од стандардните тестирања на оружја, единствен начин за да се добијат информации е да се лансира ракета (во случај на ракетни експерименти). Она што е важно е дали за време на експериментот успеале да дознаат важни информации и дали ја научиле лекцијата, НЕ дали самата ракета е добро лансирана.

На Даум Агора, корисникот Ceasurs21 сподели интересна перспектива:

북한의 로켓 발사가 실패했다는 소식이 반가우면서도  한편으로는 로켓 발사와 관련된 북한사람 중에 얼마나  많은 사람들의  목이 달아날까도 생각해 봤습니다.핵심 기술을 가진 과학자야 빳다 맞고 목숨은 건지겠지만 누군가는 책임지고 수용소에 끌려가거나  죽는 사람이 생길지도 모른다는 생각하니 씁쓸하네요. [...]우리나라 사람중에서도 고초를 겪는 사람이 있습니다.다름아닌 주식투자자입니다. 며칠전 북한의 로켓 발사가 임박했다는 소식이 전해지자 방위산업 관련주들이 테마주에 편입되면서 급등했습니다.

Иако ја прифатив веста за неуспешното лансирање на ракетата на Северна Кореја, во исто време, бев загрижен за опасните животи на Севернокорејците кои се дел од програмата за лансирање на ракетата. Да се работеше за научници кои имаат основно познавање на програмата [ова] би можело да им ги спаси животите откако беа прекорени [од владата], но ми беше жал за [обичните] научници кои ќе бидат стрпани во затвор заради нивниот науспех. [...] А има и Севернокорејци кои ќе страдаат за ова неуспешно лансирање: инвеститорите на берзата. Кога излегоа вестите за претстојното лансирање на ракетата на Северна Кореја, имаше зголемување на вредноста на акциите, вклучувајќи ги и оние на индустриите за безбедност и одбрана.

Корисникот 이건좀아니다 на Даум Агора, откако објасни за хазардерката политика на Северна Кореја, се пожали дека нејзините закани не се сменети со децении, сега е редот на владата на Јужна Кореја да смисли ефективни решенија за да се соочи со ваква страшна ситуација.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.