Кина: Сексуалните работнички бараат легализација, организаторот притворен

Сексуалните работнички и нивните поддржувачи во Вухан, [англиски] централна источна Кина, минатата среда излегоа на улиците со црвени чадори [кинески]за да соберат потписи за барање за легализација на проституцијата.

Меѓу нив беше Hooligan Sparrow (Врабецот хулиган), која пред неколку години си создаде име [англиски]преку поставување на свои слики со голотија онлајн и денес води организација за правата на жените [кинески]; на нејзиниот профил на Твитер таа е опишана како „феминистка, членка на движењето на проститутките и сексуалните работници”. Непосредно пред пладне во понеделникот, Hooligan Sparrow објави на Твитер [кинески] дека таа е приведена од полицијата.

Во петокот Hooligan Sparrow постави видео со акцијата за петиција:

[Линк 1]

[Линк 2 **08/06: првото видео по грешка беше прикачено два пати и сега е корегирано. Благодарам, Хуан!]

Исто така и фотографии и постови на блогови кои од тогаш се хармонизирани:

我不知道这算不算中国的NGO第一次上街倡议性工作者合法化,这对于我们工作组来说,是一个非常郑重的决定。

Не знам дали ова се брои како прв пат кинеска НВО да излезе на улица и да бара легализација на сексуалните работници, но за нашата работна група тоа беше многу свечена одлука која требаше да се донесе.

以前我并不打算去要求合法,只希望姐妹的权益在目前的环境下,能够更大化地得到保护。

Претходно немав намера да барам легализација, само се надевав дека со моменталната состојба на работите, правата и интересите на нашите сестри ќе добијат поголема заштита.

但今年疯狂的严打,让我绝望。每天打开新闻,看到全国铺天盖地的扫黄行动,看到镜头下,姐妹们低着头,捂着脸,被游行,被曝光,被社会残暴地扯到大庭光众之下羞辱,我就决定了,我不能再迟疑,不能再软弱,必须要有一种坚定的声音来反对他们这么做。

Но падовите оваа година беа луди и направија да се чувствувам безнадежно. Секој ден кога ги гледаш вестите гледаш како сексот е криминализиран насекаде во земјата; кога ќе ја видат камерата, сестрите ќе ги наведнат главите и покријат лицата додека се парадира со нив, изложени и јавно понижувани [англиски]. Така, јас одлучив дека не можам повеќе да оддолжувам и дека треба да постои моќен глас против третирањето на луѓето на овој начин.

是的,我提倡合法化,就在扫黄严打的风口浪尖上!

Да, јас сум за легализацијата и оваа битка е против гонење на сексот.

几十年来,扫黄一直就是作秀,扫黄从来没有什么社会成果,从来都是今开打,明天开,东边打,西边开。除非是消灭人权,灭绝人性,否则,根本压制不住,人口比例失调,单身性压抑带来的强大社会需求。

Со декади, ваквите остри мерки спрема пороците се само претстава; преземањето мери против сексуалниот порок никогаш не довело до социјална промена; секогаш тоа било само за еден ден, друг следниот ден, мерките на исток следени од мерките на запад. Кратко бришење на човековите права или човечноста, овој вид на потиснување нема да потрае. Со половите односи надвор од пропорциите, сексуалните ограничувања на единката [мажот] креираа огромна социјална побарувачка..

我们今天到了街头。

Така, денес излеговме на улица.

许多人对我们的提倡不理解,一些路人表情怪异,这大概是他们第一次发现,有这么怪的事情,居然还有人提倡性工作合法化。一些中年的妇女,更是不理解,她们说,“合法?合法那社会不乱套了吗?”

所有的人,都对国家机器,国家机构的管理能力,没有信心,他们认为一合法,全国的女人都会去做妓女。

合法化纳入管理,可以控制从业的人数,审查从业者的年龄,根本不会是全国的女人都做妓女,而市场也有自我调控能力,当全国的女人都做妓女,性变得便宜了,做白领跟做性工作者工资同等时,女人们自然会有更偏向主流的选择。

Многу луѓе не разбираат што тоа ние застапуваме и некои минувачи чудно не погледнуваа – ова најверојатно е прв пат да се сретнат со луѓе кои бараат, од се друго, легализација на сексуалната работа – и се чувствуваа чудно околу тоа. Некои средовечни жени дури имаа помалку разбирање велејќи “да се легализира? Нема ли тоа да го сврти општеството наопаку? “

Гледате, никој нема доверба во способноста на државните органи и авторитети да го одржат редот; како што тие гледаат, ако сексуалната работа биде легализирана, сите жени во земјата ќе станат проститутки.

Легализацијата, комбинирана со менаџментот, ќе дозволи контрола врз бројот и возраста на работничките и никогаш нема да резултира со тоа сите жени да станат проститутки. Покрај тоа, пазарот се саморегулира; кога сите жени би станале проститутки и како последица на тоа сексот би станал евтин, платите како кај работниците со бели јаки, жените сепак природно ќе гравитираат кон традиционалните опции.

合法,并不等于放纵,泛滥。只是让现在的行业,阳光化。

但她们的脑袋,从来都不关心社会问题,早就锈掉了,去跟她们讨论这些有意义吗?她只会考虑到,合法化了,她的老公,就会明目障胆去找小姐了,法律不能帮助她来管男人了。

Легалното не е исто како и неограниченото и неконтролираното. Она што тоа значи е дека оваа професија ќе излезе на отворено.

Но дали овие жени, за чии социјални проблеми никогаш не се водело сметка и чии мозоци одамна се ‘рѓосани, дали нивното ангажирање во дискусијата би било од корист? Единствената работа за која тие се загрижени е ако проституцијата се легализира, дали нивните сопрузи ќе почнат да ги посетуваат проститутките почесто и јавно (законот, сепак, не може да им помогне да си ги контролираат мажите).

一个中年妇女,是我们坚定地支持者。她是街边卖报纸的阿姨,“你们这样有用吗?没有用的,社会已经坏掉了,当官的,就只知道自己捞钱,哪会管百姓死活?”

“你这样做不仅没有用,还会把自己累死!”

“你这样做,政府给你钱吗?政府感谢你吗?”

我只能笑。

但她很气愤。

“你是什么人,什么单位的?你是学生吗?”

Една средовечна жена, сепак силно не поддржуваше. Улична продавачка на весници праша „дали има смисла ова што го правите? Тоа е бескорисно , општеството веќе ни е збркано и службените лица знаат само како да направат пари за нив, зошто воопшто би се грижеле за нас? “

„Не само бескорисно, ќе се изгорите ако продолжите да го правите тоа!”

„Дали владата ќе ви плати за она што го правите? Дали и ќе ви се заблагодари?”

Се што можев е да се смеам.

Но таа навистина беше лута.

„Кои сте вие? За кого работите? Дали сте студенти?”

我告诉他,我是一个社会组织的负责人,我们做了五年了。我也告诉她,我并不指望立刻改变,中国确实存在官员腐败的问题,正因为如此,才需要民众出来监督,发出声音,那他们才会改变。一年没有变化,我们花五年来争取,五年不行就十年,十年不行,一百年,总会改变的。

她仍然绝望地断言,但她说,只可惜她不认识字,否则报纸不卖了,就跟我一起干了。

И кажав дека јас ја организирам заедницата и дека ова го работам веќе 5 години. И реков и дека не очекувам промена веднаш и дека фактот што службениците се толку корумпирани е вистинската причина што граѓаните треба да застанат и да ги набљудуваат нив, да направат нивните гласови да се слушнат и само дури тогаш тие ќе се сменат. После една година, доколку ништо не се смени, тогаш ќе поминеме пет години борејќи се; ако пет години не променат ништо, тогаш десет години или сто години ако е потребно. Еднаш работите ќе се сменат.

На тоа таа замолче и рече, штета што не знае да чита, бидејќи ќе престанела да продава весници и ќе ни се придружи во борбата.

我没有想到,一个没有文化的卖报的阿姨,面对社会问题,有如此大气的胆识。她比起在街边那些稀里糊涂,看着展版傻笑的,所谓受过高等教育的人,强了不知道多少倍。

有几个年轻人,支持我们的签名,他们认为,应该合法化,并提到台湾也有人在倡议合法。

还是需要拓展视野,中国百姓的生活太闭塞,信息太闭塞,她们根本不知道做为人,自己拥有的权益,和应该尊重别人的权利。
而今天,我上街倡议合法化,是在行使一个人群的表达权,话语权!

不管你支不支持,性工作者有权利发出自己的声音,表达自己的诉求。

请不要阻止我们,请给性工作者一个发声的空间。

Не очекував дека необразована средовечна продавачка на весници како неа ќе има таква храброст да ги допре социјалните прашања. Споредена со дигнатите глави кои стојат околу нас и глупаво се смеат додека ги читаат нашите постери, тие таканаречени високо образовани личности, таа е сто пати посилна.

Неколку млади ја потпишаа нашата петиција како поддршка; според нив треба да се легализира, некои потенцираа дека слична кампања сега се води и во Тајван.

Сепак, потребен е поширок поглед. Кинеските луѓе се премногу затворени во своите животи, премногу отсечени од информациите, некои дури и не знаат што значи да се биде жив, не се грижат за да ги преземат своите права и интереси или да ги почитуваат правата на другите. Моето излегување на улицата денес со барање да се легализира сексуалната работа е само практицирање на моето право на слободен говор и правото да бидам слушната!

Без разлика дали ги поддржувате или не, сексуалните работнички се уште имаат право да направат нивните гласови да бидат слушнати и да ги изразат своите барања.

Ве молиме да не се обидувате да не спречите. Место тоа, ве молиме да се обидете и да има дадете на сексуалните работнички слобода да зборуваат.

Блогерот Ли Гонг ја допре темата за легализација на сексуалната работа во својот пост од 18 јули, ‘Сега, Кина треба да ги апси корумпираните службеници, не проститутките‘ во кој тој дава низа од причини зошто Кина денес е спремна на таков чекор:

从历史上看;改朝换代大多是因与官员腐败有关。而无因卖淫嫖娼有关。最近从北京开始打击卖淫嫖娼行动,全国各地也开始了,从网民反映中看出支持度不是很高,网民好象是同情卖淫理解嫖娼居多,好多网民还是要求惩治腐败的。

本人认为;惩治腐败是政府目前的首要工作,[…] 基于目前社会现状,我认为打击卖淫嫖娼不是政府的要务,应修改现行法律,允许卖淫嫖娼合法化,具体理由是:(1)卖淫合法化可以使我国性服务行业由非法隐蔽转向合法公开,有利于政府加强对卖淫人员健康的管理,防止艾滋病以及其它性疾病的传播;(2)卖淫合法化可以改变我国性服务行业长期受公权力庇护而得以非法存在的现状,减少国家权力腐败;(3)卖淫合法化有助于重塑国家法律权威,不至于再出现“小姐”集体宣誓,公然挑逗国家法律的尴尬局面。

Историски, причините за повеќето од поголеми промени беа поврзани со корупцијата, не со проституцијата. Неодамна, Пекинг презеде остри мерки против проституцијата, следени со остри мерки во целата земја. Судејќи според реакциите на нетизените, нивото на поддршка за ова не е високо. Изгледа дека мнозинството од граѓани ги симпатизираат проститутките и оние кои ги користат нивните услуги, истовремено барајќи да се сопре корупцијата.

Лично сметам дека во моментот на владата треба да и е приоритет борбата против корупцијата. […] Според моменталниот социјален статус кво, сметам дека борбата со проституцијата не треба да биде приоритет за владата, која треба да ги измени постоечките закони и да дозволи нејзино легализирање. Причините за ова се: 1) Легализацијата на проституцијата ќе овозможи на кинескиот сервис за сексуални услуги да излезе од илегалата и подземјето. Тоа ќе и овозможи на владата подобро раководење со здравјето на проститутките и спречување на ширењето на ХИВ и другите сексуално преносливи болести; 2) Легализацијата на проституцијата ќе го промени статус кво со кој на сексуалната индустрија во Кина и е дозволено да постои илегално под заштита на службените лица, па со тоа ќе се редуцира корупцијата; 3) Легализацијата на проституцијата ќе помогне да се обнови авторитетот на државните закони, спречувајќи ја појавата на „дами” кои даваат јавна заклетва или други незгодни ситуации кои ќе станат предизвик за државните закони.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.