Египет: Нема повеќе СМС од Твитер

Пред неколку денови, Египет се разбуди со тажни вести дека Твитер повеќе не доставува СМСи до неколку земји, вклучувајќи го Египет.

Според Твитер блогот:

„Да започнеме со лошите вести. Започнувајќи од денес, Твитер повеќе нема да доставува СМС-и преку нашиот број од Велика Британија. Доколку добивавте СМС новости од Твитер преку +44 762 480 1423, забележавте дека тие престанаа и поради тоа може да погледнете некои од другите алтернативи кои ги предложивме.“

На почеток беше поради политички причини, бидејќи Твитер играше важна улога за Египќаните за ширење на информации за нивните борби, како на пример за штрајкот на 6ти април.

На својот блог Арабист, блогерот и активист Хосам Ел-хамалави напиша:

Ова се многу лоши вести…

Со деактивирање на СМС-ите во Египет, Твитер само што и направи голема услуга на владата на Египет. Оваа компанија и ја одзеде една од главните алатки за организирање и брзо раширување на информациите на активната блогосфера…

Многу набрзо, египетските блогери започнаа да бараат алтернативи.

Египетскиот блогер Зеинобиа ги запознава читателите со како сѐ уште „Да објавуваат на Твитер преку мобилен“:

Повеќето од моите египетски пријатели, блогери беа многу тажни и шокирани поради оваа вест и тие се префрлија на следната на листата алатка за мобилно и во живо блогирање, Џајку на Гугл. Го сакам Џајку и сум член, го сакам бидејќи можам да испраќам СМС како што сакам, но проблемот е што не е популарен како Твитер.
Сепак има надеж, најдов еден сервис „Твит СМС“, сѐ уште не е започнат, но според тоа што го велат корисниците надвор од САД и Канада, може да се користи за да се спои со СМС Твитер, па ако не сакате да се префрлите на Џајку, може да го користите овој сервис. Може да го испробате, нема што да изгубите, но морам да кажам дека можеби чини повеќе од Твитер.

Друг блогер, Јеан-Пјер ги дискутира другите алтернативи за Твитер во „Го напуштате Твитер? Што ќе биде Џајку или Identi.ca?“:

Значи кој од овие ќе биде? Дали корисниците на Твитер ќе останат со него или ќе се префрлат на Џајку? Или ќе се одлучиме за слободни решенија како idetni.ca? Лично, го преферирам Џајку од сите три, но едноставноста на identi.ca ми го привлекува вниманието. Сепак ќе останам со Твитер додека не се одлучам конечно, особено зошто никогаш не користев СМС за да објавувам на Твитер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.