Јемен: Колку жени биле жртви на сексуално малтретирање?

Минатиот 2 мај, статија објавена во панарапскиот весник Al Hayat која вели дека 90% од јеменските жени доживеале сексуално малтретирање, предизвика вознемиреност меѓу корисниците на интернет.

Иако многу корисници на Твитер признаваат дека постои проблем со злоставување во Јемен, процентот даден од страна на весникот ги подели.

Марван Алмураису побара весникот да се извини:

@almuraisy: Твитајте со овој хаштаг додека весникот Ал Хајат не се извини за оваа сериозна професионална грешка. ‎‪#AlHayatFail‏ ‎@alhayatdaily

Алмураису додаде во една објава на Твитер до заменик-уредникот на Ал Хајат, Џамил Тејаби:

@almuraisy: Секоја чесна личност знае дека 90% е неприфатлива цифра дури и во најлибералното и најдекадентното општество и невозможна во едно конзервативно општество како Јемен.  #AlHayatFail‏ ‎@JameelTheyabi

Абир Ал Јософи се прашува:

@im_abeer: До кога жителите на Јемен ќе бидат жртви на неправедни и неосновани извештаи? #yemen

Таа додава:

@im_abeer: Јас сум против овој процент и не можам да прифатам дека злоставувањето во мојата земја е поголемо од она во земјите каде тоа изнесува 100%. Навистина, постои вербално злоставување, но тоа не достигнува 90% и тоа не е насекаде.

Карикатура од Мохамед Ал Ридаеи против злоставувањето. Слика од Фејсбук страницата на кампањата Безбедни улици.

 

Сепак, други сметаа дека ова прашање треба да се реши. Ламис Ал Вадеаи напиша на Твитер:

‏@MiSo0o0o0o: Го предизвикувам секој човек кој негира да носи абаја, да си го покрие лицето и да оди на пазарите или во јеменските автобуси или универзитети… потоа може да го оспорува овој процент.

Муна напиша на Твитер:

@ArabsUnite: Не можам да верувам дека некои луѓе во Јемен се изненадени од високиот % жени кои биле злоставувани. Да сакате промена, значи да ги признаете недостатоците на нашето општество.

Алиа Ешак се обиде да ја разјасни дефиницијата на зборот злоставување:

@aliaeshaq: Прецизирање: злоставувањето вклучува се што е кажано или направено, и не постои ниту една жена од Јемен која не била злоставувана барем вербално! Борете се против овој феномен доколку ова ве вознемирува.

Најла Ал Хамади упати кон една статија од Јемен Тајмс во врска со иницијатива за борба против злоставувањето на улиците. Таа додаде неколку лични предлози:

@NajlaAlhamadi : Решенија: 1. Да се смени негативната перцепција што општеството ја има кон жените – 2. Да се донесат закони кои ќе ги поколебаат злоставувачите во нивните намери – 3. Да се усвојат закони кои ќе ги штитат жените и ќе им помогнат во одржувањето на нивното достоинство.

Активистот и блогер Гаидаa Мотахар минатата година започна кампања против сексуалното злоставување во Јемен со наслов Безбедни улици (Фејсбук). Кампањата го направи ова видео за да ја подигне свеста и да се бори против злоставувањето:

Мохамед Алнехеми коментира:

@m_alnehmi: Иако оваа бројка е само 10% поддржете ја кампањата за Безбедни улици и запрете ги злоставувачите.

Весникот Ал Хајат се извини за високиот процент кој беше објавен објаснувајќи дека се работи за претерана бројка базирана на регионална студија.

Наместо да се справиме со проблемот и да предложиме решенија, многу време и напори се изгубија во дебатирање и отфрлање на оваа бројка, која беше екстремно висока. Дали прифаќаме или не, секој вид злоставување – погледи, зборови или дела – е широко распространето. Тоа е нешто на што многу жени во поголемите градови во Јемен, како и во другите земји од регионот, се жртви. Феноменот мора да се признае како таков и правилно да се земе предвид почнувајќи со правилното учење на семејните вредности кое ќе се интегрира во образовниот систем, концепцијата на медиумски кампањи за борба против злоставувањето како и  воведувањето и примена на закони. Така, ќе можеме да бидеме сигурни на улиците.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.