Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Возила на три тркала во Југоисточна Азија

Туктук, Бека, Кулиглиг, Тришав, Педикаб, Бекак, Трицикл. Ова се познатите возила на три тркала кои се вообичаени за југоисточна Азија. Може да ги видите на улиците во урбаните центри, но владите се обидуваат да ги забранат овие сеприсутни моторизирани или не – рикши и трицикли, на поголемите автопати.

Tuktuk outfitted with anti-bag snatching netting in Phnom Penh, Cambodia. Photo from Casey Nelson

Туктук со мрежа, за да не можат да им ги крадат торбите на туристите во Пном Пен, Камбоџа. Фотографија од Кејси Нелсон

Крава во Туктук во Кампот, Камбоџа. Фотографија од Tales from an Expat

Tuktuk protective gear during rains. Photo from Flickr page of anuradhac used under CC License

Заштитна опрема за дожд. Фотографија употребена со лиценца Криејтив Комонс од Фликр страницата на anuradhac

Tuktuk in Thailand. Photo from Flickr page of Blue Funnies used under CC License/

Туктук во Тајланд. Фотографија употребена со лиценца Криејтив Комонс од Фликр страницата на Blue Funnies

Tuktuk in Laos. Photo from Flickr page of Luluk used under CC License

Туктук во Лаос. Фотографија употребена со лиценца Криејтив Комонс од Фликр страницата на Luluk

Kuliglig or motorized pedicabs in Manila. Photo from Flickr page of gino.mempin used under CC License

Кулиглиг или моторизирани таксија во Манила. Фотографија употребена со лиценца Криејтив Комонс од Фликр страницата на gino.mempin

Manila City government wants Kuligligs removed from the streets. Photo from the Flickr page of Siopao Master used under CC License

Владата во Манила сака да ги забрани трициклите. Фотографија употребена со лиценца Криејтив Комонс од Фликр страницата на Siopao

Tricycle in Dumaguete, Philippines. Photo by author

Трицикл во Думагет, Филипини. Фотографија од авторот

Engineered trike to adopt to the hilly terrain of Pagadian, Philippines. Photo by author

Приспособен трицикл за ридските предели во Пагадиан, Филипини. Фотографија од авторот

Eлектрични трицикли чии резервни делови се произведуваат во Тајланд наскоро ќе пристигнат во Европа. Минатата година тие беа новитет на Филипините. Овие електрични трицикли користат литиум јонски батерии, кои најчесто се употребуваат за лаптоп компјутери и мобилни телефони. На сликата долу е прикажан електричен трицикл во Давао Сити, на Филипините, кој не користи фосилни горива:

Photo by Karlos Manlupig

Фотографија од Карлос Манлупиг

Јан Шим се возел на рикша кога го посетил Пенанг, Малезија:

Има толку многу начини да го видите Пенанг, но еден од најинтересните начини е на рикша. Локално се нарекува и тришав или бека, и е вообичаен начин на превоз кој ги пренесува патниците низ целиот град во лежерно темпо. Во Малезија, рикшите кои ги влечеле пешаци постепено се замениле со рикши на велосипед. Овие рикши во 70-тите години на минатиот век биле насекаде. Оттогаш, брзата урбанизација ја зголеми потребата за поефикасен јавен превоз и како резултат на тоа бројот на рикша-велосипеди почна да се намалува. Денес овие возила се користат како туристичка атракција во Малака, Пенанг, Келантан, Теренгану.

Becak in Indonesia. Photo from Flickr page of Original Nomad used under CC License

Бекак во Индонезија. Фотографија употребена со лиценца Криејтив Комонс од Фликр страницата на Original Nomad

M-Explorer пишува за античкото моторче наречено Педикаб Сиантар, кое се наоѓа во градот Сиантар во Индонезија. Eдвин ги опишува уникатните дизајни на трициклите во Индонезија. Волшебниот Едем вели дека традиционалните трицикли постепено се заменуваат со современи возила.

Трициклите стануваат реткост, причина е што градските власти низ Архипелагот ги забрануваат бедејќи се антички и нечовечки, па ги заменуваат со моторизирани верзии на истите возила. Иронично е тоа што додека ова се случува во Индонезиоја, насекаде низ светот, особено развиените држави повторно ги воведуваат трициклите бидејќи се еколошки.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.