Уметноста со кафе во Јапонија отсега во 3Д

Во земјата каде зелениот чај е најчесто избиран како топол напиток, уметноста со 3Д кафе наеднаш ги освојува конзументите со една пенеста шолја.

Се повеќе слободни жени во Јапонија, кои се инспирирани од популарните слики на социјалните медиуми што покажуваат како креации од пенесто млеко се појавуваат во кафето, се прашуваат како нивното млеко да биде направено со слична работа од оваа уметност.

Јапонија знае многу за кафето. Јапонската Заедница за кафе објави дека Јапонија е трета во однос на целокупното конзумирање помеѓу увозните земји.

Во 2010, Харуна Муријама од Јапонија победи на Светскиот натпревар во уметност на правење лате.

Уметноста на правење флат лате е веќе позната низ островската нација. Ако се побара „лате арт“ на Твитер ќе се појават многу слики од посебни лате кафиња кои се означени со форми на срца, листови, мечиња, познати анимирани ликови и дури Интернет икони.

Еден автомат на Аеродромот Ханеда, кој е меѓународен аеродром во Токио, служи капучино со лице на традиционална јапонка, која ги црта и изработува добро-познатата козметичка компанија на КјотоYojiya (мкд.Јоџија).

Јутјуб корисникот Науту Сужи го прикачи следното видео во кое објаснува како црта лик на пената од лате кафето со чоколаден сируп:

Достигнувајќи нови нивоа

Токму келнерите ја одведоа оваа појава на креации со кафе на едно ново ниво со пенести 3Д скулптури.

3D latte art by twitter user @george_10g: a cat is looking at golden fish. Image captured on twitter

3Д уметност со кафе на Твитер корисникот @george_10g: „Мачка гледа во златните рипки.“

Казуки Јамамото (@george_10g), мајстор за уметност со лате кој ги прикачува своите дела на Твитер, напишал на неговиот блог дека работи во белгиска пивница во Осака. Тој ја нарекува неговата уметност „капучино за во слободно време“ [暇カプチーノ], креација надвор од здодевност или слободно време, се разбира, со големи напори и трудољубивост. Тој еднаш објави на Твитер потсетувајќи се на бројните уметнички дела што ги нацртал:

@george_10g:最近気づいた怖いこと。去年から始めて1000杯くらい描いているけど作品も描いた時期も飲んだ人も覚えてる。

@george_10g: Започнав да цртам на кафе во 2011 г. и цртав и сервирав приближно околу 1,000 шолји до 2012, но некако се уште се сеќавам кога и што цртав и за кого служев. Малку е морничаво.

Твитер корисникот @petakopetako одговори на неговиот коментар ласкајќи на неговата специјалност:

@petakopetako: じょーじさんこんにちは。私は人物写真を撮るのが好きですが人の顔を覚えるのは超苦手です。が、写真を撮らせてもらうと場所や会話がすぐに思い出せます。思い入れがあるからでしょうかね。

@petakopetako: Сакам да фотографирам. Обично не меморирам човечки лица, но еднаш штом ќе го фотографирам, можам да се сетам каде било тоа и што зборувале. Можеби луѓето меморираат работи подобро кога го прават она за кое се страствени обожаватели.

Влијанието на социјалните медиуми

Сопствениците на кафулиња и келнерите во Јапонија прикачуваат слики од нивната тајна, 3Д уметноста со лате која не може да се најде на мени. Овие слики широко кружеа и подоцна се здобија со внимание од локалните дистрибутери и списанија.

Рекламата привлече толку многу нови муштерии во некои кафулиња што сопствениците се борат за да постигнат да ги послужат сите муштерии. Сопственикот на кафе барот Џихан во префектурата Шизуока на неговиот блог пишува за влијанието на Фејсбук:

お客様のリクエストがきっかけで始めた3Dラテアート。 お遊びのつもりでfecebookにアップしたその日、物凄い数の『いいね!』とシェアにビックリしました。 その拡散がきっかけで取材の問い合わせが幾つかありました。 中でも東京のTVメディアからの出演依頼には戸惑いました。(*^_^*)

Започнав да служам 3Д уметност со кафе откако мојот долгогодишен потрошувач ме замоли да го правам тоа почесто. Ги прикачував сликите на Фејсбук страната само за забава, но тогаш бев запрепастен кога видов дека има голем број луѓе на кои им се допаѓа сликата. Поради широко распространетата слика, неколку медиуми ми се обратија сакајќи да ја покриваат нашата кафетерија. Бев малку збунет со тоа што ме побараа да се појавам на телевизија во Токио!

facebook photo by caffe.bar.jihan. A cat is taking a bath in espresso coffee

Фејсбук слика од caffe.bar.jihan. Маче се бања во еспресо кафе.

Тој исто така напиша:

このニャン子は、作るのにとっても時間が掛かりますので混雑時はお受け出来ないのが目下の悩みです。 平日の18時からでしたら比較的にお時間が取れると思いますので、どうしても3Dラテアートを…というお客様はこの時間帯のリクエストをお願いいたします。

Ова кафе со маченце бара многу време, што значи дека јас не можам да земам нарачки кога има гужва во нашето кафуле. Се измачував за тоа што да правам во оваа ситуација. Но на крај да кажам, кафулето е помалку раздвижено после 18ч. за викенди, па така ако сакате да наминете за 3Д кафе, ве молам дојдете тоа време.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.