Иран: Скандал со министеровата фалсификувана диплома од Оксфорд

Aли Кордан, новиот ирански министер за внатрешни работи , неодамна беше во густо заради презентирањето на „фалсификат“ диплома од престижниот Оксфордски Универзитет во Велика Британија. Неколку веб-сајтови, вклучувајки го и конзервативниот Алеф го објавија скениран Кордановиот „Почесен докторат – Диплома по право“

Алеф посочува дека има неколку граматички грешки во таканаречениот Оксфордски сертификат, како на пример: „ да биде искористен во научните привилегии“ . Исто така зборот „овластен“ е спелуван „ивластен“.

Алеф исто така закачи неколку факсови кои неговата редакција ги разменила со Универзитетот Оксфорд по ова прашање. После ова целиот веб-сајт беше исфилтриран во Иран.

Додека Иранските автори го истражуваа случајот, Универзитетот Оксфорд објави дека во нивните досијеа нема податоци дека г. Кордан дека дипломирал на нивниот Универзитет.

Иранскиот блогер, г. Бехи пишува:

Претседателот Ахмадинеџад изведе уште едно чудо: за министер за внатрешни работи избра лице кое тврди дека има диплома за право од Универзитетот Оксфорд! Кога прашањата за автентичноста на дипломата се раширија, човекот малтретираше, се закануваше на медиумите и успеа да ги замолчи. Диплома која е толку сомнителна и за која постои страв дека е фалсификат, со граматички грешки и со потписи на лица чии имиња кои воопшто не се ниту членови на Правниот факултет! Ако Ахмадинеџад сака да ги фалсификува наредните избори, подобро ќе биде да вработи некој кој го прави тоа помалку очигледно. Каков срам!

Мохмад Али Абтахи, поранешен реформистички потпретседател и блогер, пишува дека додека тој бил заменик на Министерот за култура и исламско водство, сретнал ирански функционер кој ја имал купено својата диплома. Според Абтахи, се чини цената била околу 1000 американски долари.

Според друг блогер, Ширзад [Фа] се чини дека Али Кордан воопшто нема дипломирано. Блогерот додава:

Изгледа мамел сите овие години и бил примал плата на ниво на доктор на науки… Еден од пратениците во Иранскиот парламент го прашал Кордан: „Како можевте да докторирате по право кога велите дека Вашата теза била за Исламското образование?“ „Како ја одбранивте кога не знаете да зборувате англиски?“ Кордан одговорил: „Имав преведувач.“

Блогерот Јомхоур вели [ФА] : Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад го бранел својот Министер и прашал, „Кому му требаат овие искинати хартии!“

Блогерот прашува:

Ако сертификатите се безполезна, искината хартија, зошто Ахмадинеџадовиот министер мамел дека има сертификат… Не е прв пат Ахмадинеџад официјалните документи да ги нарекува искинати хартии. Претходно резолуцијата на Обединетите нации против Иранската нуклеарна програма тој ја нарече бескорисни искинати хартии.

Али Акбар Јаванфекр, Ахмадинеџадовиот советник за медиуми , рече [Фa] дека Министерството за науки треба да донесе одлука за Кордановата диплома и предложи дека ќе биде подобро да не ѓи меша личните политички мислења со проблемот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.