Либија: Сеќавање на Мохамед Набу

Овој напис е дел од специјалното покривање на немирите во Либија 2011 година.

Голем број на луѓе на Твитер му оддаваат почит на Мохамед Набу, основачот на либиската АлХура телевизија. Набу беше убиен на 19 март во огнена пресметка додека снимал.

Познат како ,,Мо“ на многуте негови обожаватели, Набу на домашните гледачи, како и на оние од другите држави, им ги пренесе насилните операции на Муамер Ал Гадафи врз бунтовниците. Тој емитуваше во живо и искрено говореше за ситуацијата од неговата база во Бенгази, од неговата АлХура телевизија и други снимени разговори со неколку меѓународни медиуми.

Според неговите многубројни обожаватели, духот на Набу го слави денешниот развој во Либија.

Енди Карвин од НПР (Државно јавно радио) вели:

@acarvin: Каде и да си Мо Набу: изгледа дека победуваш. Твојот пламен ник0гаш не згасна, бидејќи е насекаде.

Али Хашем од Ал Џезеира пишува на Твитер:


@alihashem_AJA
: На овој ден би сакал да се сеќавам на големиот Мохамед Набу; сигурен сум дека ги гледаш од небото со насмевка… почивај во мир хероју

Елизабет Д-Нилсен вели:

@bettan13: Невозможно е да се гледаат денешните настани без да се помисли на Мо Набу! Почивај во мир!  Ти не изгуби! #Либија #Триполи

И Фридрих Каудер се сеќава:

@fkauder: Се сеќавам како го гледав првото емитување на Мо Ал Набу. Неговиот сон конечно се исполнува. #Триполи #Либија

Овој напис е дел од специјалното покривање на немирите во Либија 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.