Бразил: Инвентивна цензура и аргументот за анонимност

Бразил се навикна да биде препознаван по умешното користење на Интернет и големиот број на луѓе кои рано го прифатија. И покрај тоа, или можеби токму поради тоа, земјата брзо се претвора во рај за нови и инвентивни модели и тактики на Интернет цензура.

Ако побарате „Бразил„ + „цензура“ на Глобал Војсис ќе добиете куп застрашувачки наслови објавени во последниве 6 месеци: Отпуштен бразилски блогер: цензура или само бизнис? (23 март), Блогерите обединети против забраната на Вордпрес (12 април), Првиот блог падна жртва на новиот изборен закон (1 јуни), Блогирање против веб-цензурата (19 јуни), Блогерите се сомневаат во 13те нови кибер криминални дејствија (17 јули), Изборна цензура на дело (22 јули).

Овојпат чудните вести доаѓаат од државата Минас Жерес каде што гувернерот Аецио Невес внимателно се подготвува да се кандидира за претседател во 2010 година кога на Лула му завршува мандатот. Насред општинските избори во целата земја, опозиционерското онлајн списание „Ново Жорнал“ беше забрането од страна на јавните обвинители – Министерството за Јавност – поради (докажано погрешни) обвинувања за анонимност.

Вистината е дека Бразилскиот Устав поставува невообичаено заплеткана ситуација, посебно за онлајн говорот: слободното изразување се гарантира во истиот параграф во кој формално се забранува анономноста. Сепак, забранувањето на „Ново Жорнал“ го привлече вниманието на блогосферата поради инвентивната стратегија на користење на јавните обвинители и обвинувањата за кибер криминал за веднаш да се забрани информативна веб страница без соодветен законски процес. Блоговите исто така потенцираат дека медиумите од главната струја молчат за овој случај – ова им станува навика кога се работи за негативна критика на Аецио Невес.

Дисплејот што личи на матрица којшто е присилно поставен врз веб страницата на „Ново Жорнал“ го диктира тонот.

Оваа страница е суспендирана како законска мерка на претпазливост и содржината на страницата се анализира за откривање на знаци на криминал
Јавни обвинители за борба против кибер криминалот

Објаснувањето на јавниот обвинител е објавено на веб страницата на О Темпо: „Откако почна криминалната истрага се откри дека не е идентификувано кој е одговорен за страницата – која се нарекува самата себе списание – и тоа претставува кршење на федералниот Устав, кој гарантира слобода на говорот, но забранува анономност, како и законот за печат, кој се однесува на интернет“ …Освен прашањата за пристрасноста кон една политичка партија, новинарското гледиште и анонимноста, уште една работа која ја гледам е дека рацете на цензурата се протегаат, а од историјата знаеме дека неа најчесто ја користат оние кои се на власт и ретко поради добра причина. Многу поважно од дебатирање за случајот е да бидеме внимателни и подготвени. Кога ќе помислам… зар не се тоа улогите на јавното обвинителство од една страна и медиумите од друга?
Има луѓе кои мислат дека цензурата е нешто од минатото –- NaRua.org

Во моментот кога беше забранета, на веб страницата на „Ново Жорнал“ имаше статија која остро го критикуваше претседателот на Федералниот Врховен Суд, Гилмар Мендес. Статијата сеуште може да се прочита во меморијата на Гугл. „Ново Жорнал“ исто откри дека Аецио Невес платил 269 милиони долари од долгот на телевизиската мрежа Глобо за купување на Лајт (компанија за електрична енергија)
Забранета веб страница го разоткрива Аецио Невес - O Biscoito Fino e a Massa

Наспроти аргументите на јавниот обвинител, „Ново Жорнал“ стриктно го следеше законот, со тоа што главниот уредник беше регистриран во регионалната канцеларија за труд и имаше потпишано MTE nº 000311/MG, со што тој е одговорен за сите непотпишани статии објавени на „Ново Жорнал“… Така е докажано дека немаше случај на анонимност како што тврдеа јавните обвинители. Главниот и одговорен уредник на „Ново Жорнал“ и неговата адреса се исто така регистрирани во Registro.br, официјалниот регистар за сите интернет страници во Бразил.
Ново Жорнал сѐ уште цензуриран од Аецио НевесEm cima da notícia

Зарем не постојат поважни работи кои Министерството за јавност во Минас треба да ги истражува отколку да го цензурира интернетот, следејќи ги наредбите на гувернерот, замаскирано како акција против кибер криминал?
Во земјата на претседателскиот кандидат, опозицијата се цензурира како кибер криминалRastreadores de Impurezas

Како што блогерите брзо забележаа, во Бразил се правеа и некои други работи (видете и: Блогерите се сомневаат во 13те нови кибер криминални дејствија, Цената на предлог-законот за кибер криминал, Предлог-законот за кибер криминал сега е преведен) маскирани како акции против кибер криминал.

Во дигиталното списание НоваЕ има долга статија од блогерот Хозе де Суза Кастро, кој прв откри дека „НовоЖорнал“ е симната како резултат на законска акција, каде што тој навлегува подлабоко во деталите кои го наведуваат да го поврзе овој конкретен процес со акцијата против интернет слобода во Бразил [Предлог-законот за кибер криминал]:
„Владата на Минас Жерес изгледа како да се брза да го затвори прашањето со Ново Жорнал. Според О Темпо „Јавни обвинители против кибер криминал“ беше создадена во Бело Хоризонте на 16 јули оваа година. Поради се поголемиот број на криминални дејствија извршени од страна на интернет корисниците, државното Министерство за јавност одлучи да ја создаде оваа единица. Обвинителите за кибер криминал ќе бидат поддршка на јавните обвинители кои работат во секторот за криминал и ќе понудат поефикасен пристап кон жртвите.“ Весникот додава, цитирајќи некој кој е идентификуван како Ванеса Фуско: „Стратегијата е да се работи проактивно на спротивставувањето на овој вид криминал, којшто расте со пристигнувањето на бродбенд во внатрешноста.“ И заклучува: „Проектот, чиј автор е сенаторот Едуардо Азередо (ПСДБ) бара (или бараше) да се дефинираат и да се направи список на криминалните дејствија кои се извршат на интернет“ (текст на НоваЕ)“
Интернет цензура во Минас ЖересEm busca da palavra justa

Случајот со „Ново Жорнал“ исто така покажува дека, без разлика што вели Уставот за слободата на говорот „анонимноста“ може да игра важна улога како елемент на контролирање на власта во демократскиот јавен простор. Видеото подолу го покажува главниот и одговорен уредник на Ново Жорнал, Марко Аурелио Кароне, којшто одговара зошто статиите на нивната веб страница не ги идентификуваат своите извори и не се потпишани. Интервјуто е објавено на ЈуТјуб неколку недели пред цензурирањето на Ново Жорнал.

Ако успеавте да следите досега, сигурно ќе сакате да го погледнете видеото подолу снимено од Бразилецот Даниел Флоренцио на Курент.ТВ и презентирано како „истрага околу зголемената контрола над печатот во Бразил.“ Но прво, еден запис од блогер за да даде контекст:

Извештајот на Флоренцио се „роди“ од документарецот “Liberdade, essa palavra“ (Слобода, овој свет) продуциран во 2006 година од страна на студентот по новинарство Марцело Баета… И документарецот на Баета и извештајот на Даниел го привлекоа интересот на националните и меѓународните медиуми (Фола де Сао Паоло и Ле Монд објавија статии за овој случај) коишто предизвикаа остри реакции од страна на поддржувачите на Аецио, кои што ја искористија истата алатка, ЈуТјуб, за одбрана…. Откако ги изгледав сите видеа поврзани со случајов (повеќе можете да видите овде) бев збунет од една работа: дали навистина новинарите се откажаа од одговорност во овој случај?
Минас Жерес, цензурата, и како стои ситуацијатаNaRua.org

Можеби ќе сакате да го погледнете и видео одговорот на видеото на Курент. ТВ.

Вирусното ширење на користењето на интернет помеѓу луѓето во Бразил произведува потреси во воспоставените домени на медиумите, политиката, и судовите. Меѓутоа точно вакво превирање создава дискурс неопходен да се откријат балансираните протоколи за управување со спротивностите кои што произлегоа од времето на информациите. Бидете вклучени – ова е процес кој сѐ уште трае.

Има резервна копија на страницата на [НовоЖорнал] на http://rapidshare.com/files/138763257/novojornal.tar.bz2.html
Коментарот на Винстон во Забранетата страница за вести го разоткрива Аецио НевесO Biscoito Fino e a Massa

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.