Русија: Ѕвездите од Националната хокеј лига (НХЛ) се враќаат на Светското првенство во хокеј 2012

Непоразени седум натпревари по ред, со поставата од ѕвезди Евгениј Малкин, Павел Датсјук, Александар Семин и Александар Овечкин, рускиот национален тим ќе игра против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство во хокеј 2012 на 17 мај.

Светското првенство во хокеј 2012 се одржува во Стокхолм и Хелсинки. Во двата града се одржуваа и прелиминарни натпревари, каде што осум тимови се натпреваруваа за првите четири места кои влегуваат во четвртфиналето. Групата во Хелсинки беше составена од: Белорусија, Канада, Финска, Казахстан, Словачка, Швајцарија и САД, додека во Стокхолм играа: Република Чешка, Данска, Германија, Италија, Латвија, Норвешка, Русија и Шведска.

Русија го започна турнирот во саботата, 5 мај, со победа од 5-2 во мечот против Латвија, потоа во неделата ја победи и Норвешка со резултат од 4-2, во вторникот ја победи и Германија со 2-0, а во четвртокот ја победи Данска со 3-1.

Емоционалната победа на Русија против Шведска (7-3)

Дмитри Микхајлов на неговиот двојазичен блог објави како рускиот тим го победил домаќинот на натпреварувањата, во петокот на 11 мај.

СТОКХОЛМ- На долго очекуваниот меч, Русија и Шведска се сретнаа вечерва  во Глоуб Арената на емотивна битка помеѓу двата непобедени тима на Светското првенство во хокеј 2012. Натпреварот започна со водство на Шведска од 3-1, но заврши со победа на Русија откако тие направија непрекината серија од 6 гола, и крајниот резултат беше 7-3.

Како резултат на оваа емотивна победа, медиумите и граѓанските медиуми на рускиот интернет простор драматично ја зголемија покриеноста на турнирот.

Блогерите одговараат на победата на Русија против Чешка (2-0)

Спортскиот свет на планетата дебатираше како, иако Русија постигна гол само 24 секунди од почетокот на натпреварот, Чешка доминираше во поголемиот дел од натпреварот, но сепак не успеа да постигне победа. Eвгениј Малкин, НХЛ играч за Pittsburgh Penguins, постигна гол во третиот период, пред тој и уште двајца негови соиграчи – Павел Датсјук и Милан Микхалек – да направат помали прекршоци.

Како што често се случува, кога ваков настан ќе привлече внимание, многу руски блогери ги цитираа репортажите, како начин за ширење популарни анализи. Руслан нјуз повторно објави цитат од Евгениј Малкин, од написот на Вести:

Тяжело всё выполнить. Но, конечно, здорово сыграли. И в обороне пять минут выстояли в третьем периоде. Это, наверное, дало всплеск эмоций, и после этого мы забили быстрый гол.

Тешко е да се постигне се. Но, секако ние одлично изигравме. Нашата одбрана издржа пет минути во последниот период. Ова најверојатно, предизвика многу емоции и подоцна успеавме да постигнеме брз гол.

Се раширија вестите за враќањето на Александар Овечкин и Александар Семин

Слично на ова, вестите за враќањето на Александар Овечкин и Александар Семин од НХЛ, по поразот од 2-1 на Washington Capitals од New York Rangers, се рашири набрзина. (Тимот на Евгениј Малкин Pittsburgh Penguins и тимот на Павел Датсjук Detriot Red Wings беа елиминирани во претходниот круг на плејофот.)

Александар Семин го дава првиот гол на финалето на Светското првенство во хокеј, 18 мај 2008, слика од Алексеј Черниадјев, Криејтив Комонс BY-SA 3.0; Wikimedia Commons.

Повеќето од блогерите го опишаа натпреварот како натпревар за добредојде назад на Овечкин и Семин, додека некои корисници на Твитер ја наведоа нивната блискост со мејнстрим новинарство, како на пример Sport.rbc и Lenta.ru.

Лизбет Армел:

Прочитала, что овечкин любит хип-хоп и r'n'b. представила. 5 минут сидела с фейспалмом.

Прочитав дека Овечкин сака хип-хоп и R&B. Седнав и размислував за тоа. 5 минути седев со раката на глава.

Сања Беловка:

Овечкина и Семина Ждем с нетерпением….В россии….2-1 Вашингтон домои)!!!А Овечкин В ШВЕЦИЮ!!!!

Со нетрпение ги очекувам Овечкин и Семин да се вратат во Русија….Изгуби 2-1 за Вашингтон, ама сега игра за Русија!!! А Овечкин кон Шведска!!!!

Иглиз Таипов:

Приезд Овечкина и Семина по разному комментируют, кто то вспоминает его прошлогоднюю игру за сборную, и пишут типа зачем он нужен и т.п.. Надо уметь использовать потенциал этого игрока, а мы то знаем что он может играть, что потенциал у него огромный. Семин тоже хороший игрок, то что с Вашингтонгом Кэпиталз случилось это чисто тренерский просчет.

Луѓето велат различни работи за пристигнувањето на Овечкин и Семин. Некои се потсетуваат на тоа дека Овечкин играл лошо минатата сезона и се прашуваат зошто ни е потребен сега, итн. Мора да успееме да го искористиме потенцијалот на овој играч, а знаеме дека знае да игра – односно дека има огромен потенцијал. Семин исто така е добар играч, а за она што се случи со тимот од Вашингтон, причина беше тренерот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.