Зошто е толку контроверзно да се започне училишниот ден во 9 часот во Јужна Кореjа?

Young Korean children studying at a "hagwon." Image by Flickr user knittymarie (CC BY-SA 2.0)

Деца од Кореја учат во „хагвон“. Фотографија на Фликер корисникот knittymarie. CC BY-SA 2.0.

Јужна Кореја е озогласена по нејзиниот високо компетитивен и исцрпувачки образовен систем, кој ги принудува малите деца да учат од рано наутро до доцна навечер. Официјалниот училишен ден трае од 8 часот наутро, до 16 часот попладне, но учениците обично ги напуштаат училниците за да заминат во „хагвони“, приватни институции за подучување, каде продолжуваат со учењето до доцна навечер (и понекогаш дури и до раните утрински часови).

Кон средината на август, јужнокорејската покраина Gyeonggi одлучи да го одложи почетокот на училишниот ден за еден час, надевајќи се дека со тоа ќе им овозможи на децата повеќе сон. Овој нов „систем за доцно започнување од 9 часот“ испровоцира национална дебата, и неколку други покраини сега земаат предвид слични полиси.

Одзивот онлајн е поделен. Некои Корејци велат дека „реформата“ само ги враќа училишните часови кои биле на сила порано. Други пак, ги изразија своите грижи, дека фанатичните родители ќе успеат да најдат нови начини да го злоупотребат новиот систем, најверојатно со наоѓање на нови тутори во раните утрински часови.

Оние луѓе кои го нарекуваат системот за доцно започнување од 9 часот контроверзија — тоа е како, кога ќе видите возачи кои возат со преку 100км/час на автопатот како ги критикуваат нормалните кои возат според лимитот, под 100км/час, и ги нарекуваат НИВ луди.

Двeте објави подолу привлекоа повеќе од 1,300 ретвитови.

Тоа што ме наежува се муабетите на типичниве мајки околу системот за доцно започнување од 9 часот. Ги наслушнав како зборуваат, со кикотење, дека доцниот старт би можел да го поткопа ефективното учење. Сега ќе ги будат децата пред 7 часот и ќе ги тераат да работат на нивните подготвителни учебници или нешто слично. Тие се луди.

Всушност има многу деца кои се спротивставуваат на системот од 9 часот, бидејќи е веројатно дека ќе ги продолжи училишните часови до подоцна, одземајќи од веќе лимитираното слободно време на учениците. Кога училиштата се префрлија од 6 дневна училишна недела на 5 дневна, на пример, се намали времето за одмор, бидејќи остана висок бројот на задолжителните училишни денови. Вкупниот број на задолжителни училишни денови е тоа што треба да се намали.

Контроверзноста околу доцниот почеток, се разбира, не е целосно околу добросостојбата на учениците. Многу од грижите имаат повеќе врска со распоредот на работа на родителите отколку учењето на децата. Всушност, според една анкета, преку 73 проценти од учениците ја одобруваат оваа промена, додека само 56 проценти од родителите го мислат истото.

Целосно разбирам дека двајца вработени родители имаат потешкотии со навикнување на новиот систем за започнување од 9 часот. Но, останав малку вчудоневиден, гледајќи мајка на утринските вести која им кажуваше на новинарите дека е против новиот систем „бидејќи таа работи“. Таа би можела да бара од училиштата да најдат активности за децата пред почетокот на училишниот ден, но да се спротивставува на новиот систем само поради тоа што и било неповолно е смешно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.