Водичот за 2.0 застапување (Алатки за дигитално застапување) ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти – и другите кои сакаат да научат за оваа тематика – може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување. Претходниот водич (Блог за цел!) се фокусираше на ефективно користење на блоговите како алатка за застапување, а овој водич ќе го истражува креативното користење на другите веб 2.0. апликации.
Нашата цел е:
- Да направиме множество од веб 2.0 алатките за застапување
- Да понудиме детални инструкции за нивно користење
- Да ги нагласиме успешните експерименти на веб 2.0 активизам од дигитални активисти низ целиот свет.
- Да ги инспирираме другите активисти да ги применуваат овие стратегии на начин коj ќе им одговара на нивните специфични потреби и цели.
Од „Гео-бомбирање“до „мулти-блогирање“ и Твитер до „mash-ups“(миксови), го истражуваме полето на дигитално застапување, помагајќи им на активистите да допрат до публика која претходно никогаш не успеале.
Го објавуваме првиот од серијата водичи 2.0 за застапување, кој ќе ви покаже како да го користите веб 2.0 како алатка за застапување:
Гео-бомбардирање: YouTube + Google Earth
Гео-бомбардирање е една од техниките кои може да се искористат со цел да се постигне поуспешно распространување на вашите YouTube видео кампањи преку апликациите на Google за мапирање, како што се Google Maps и Google Earth. Сега може да ги гледате вашите гео-тагирани видеа во Google Earth и Google Maps. Секое YouTube видео со гео-таг ќе биде прикажано кога YouTube слојот од Google Earth/Maps е вклучен. [почитај повеќе]
















