Видео натпревар: Граѓански амбасадори за 64-от ден на ОН

Што би им рекле на светските лидери ако ви се укаже прилика? Кажете им го, преку видео кое трае помалку од три минути, она за што верувате дека треба да се стори за да се направи светот подобро и побезбедно место за живеење, со шанса да добиете посета на седиштето на Обединетите Нации по повод 64-от ден на ОН.

Актерот Џорџ Клуни е гласник на мирот на ОН и во следното видео објавено од телевизијата на ОН тој објаснува како може да се учествува и да бидете еден од 5-те победници кои ќе имаат прилика да учествуваат во овој ВИП настан во Њујорк.

Инструкциите се прилично едноставни:

1. Снимете ваше сопствено видео кое не треба да трае повеќе од 3 минути.
2. Поставете го на вашиот профил на YouTube.
3. Додадете го како ОДГОВОР НА ВИДЕОТО што го гледате сега.
4. Краен рок за поднесување: 10 октомври 2009.

Процес на селекција:
1. Најдобрите 5 снимки ќе бидат селектирани од комитет кој ќе избира на база на убедливост на содржината, оригиналност и креативност.
2. Финалистите ќе бидат назначени за Граѓански амбасадори и ќе бидат поканети во седиштето на ОН во Њујорк по повод 64-от ден на ОН.
3. Тие ќе имаат посета со специјален водич во седиштето на ОН, ќе се фотографираат со генералниот секретар Бан Ки Мун и ќе добијат ВИП седишта за концертот на денот на ОН, кој ќе се одржи во петок на 23 октомври 2009.

Досега, помалку од еден грст видео одговори беа поставени, два од Соединетите Американски Држави (1 и 2 ), еден од Канада и еден од Обединетите Арапски Емирати. Крајниот рок e до 10 октомври, затоа грабнете ја камерата и направете оригинално, креативно и убедливо видео!

(Сликата од basykes е искористена за да се илустрира постот во согласност со дозволата за користење на Криејтив Комонс)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.