Израел: Изведбата на Леонард Коен предизвика френетични критики

Кантавторот Леонард Коен го посети Израел оваа седмица, со распродаден концерт, изведувајќи пред толпа од 47,000 обожаватели. Израелските блогери, кои беа среќни да присуствуваат, дадоа френетични критики.

За време на неговиот престој, Коен го претстави и своето наследство, инаугурирајќи го Фондот за помирување, толеранција и мир, фондација посветена на промовирање на мирот меѓу Израелците и Палестинците.

Концертот

Во статија насловена како „Високиот свештеник“, весникот Ерусалимски прошетки објави:

Цела недела на сите од работа им кажувам дека во четвртокот имав состанок со еврејскиот висок свештеник – Коен Гадол (свештеник со божји дух), свештеникот над свештениците.

(”Коен ”на еврејски значи свештеник, црковно лице)

Гласот на Леонард беше перфектен. Групата беше неверојатна. Тој беше неверојатен. Публиката беше одлична. Бучни кога треба, а пак кога тој прозборе, можеше да се чуе мува. Се беше неверојатно. И да, вредеше целото богатство што го потрошив.

Титулата на Коен не е од ништо. Jerusalem Wanderings напиша:

Изгледа дека бевме на иста бранова должина или пак јас сум некаков пеколен пророк, затоа што на самиот крај пред да ја напушти сцената тој застана кај микрофонот со подигнати раце и како што еврејски свештеник го благословува народот, така и Коен, високиот свештеник, ја благослови публиката на еврејски, со стариот свештенички благослов – „Господ да ве благослови и чува. Да свети Неговото лице над вас и да биде милозлив. Господ да ве чува и да ви даде мир.“

Leonard Cohen [Source: Mike Darnell, Digital Art Jerusalem]

Леонард Коен [Извор Мајк Дарнел, Digital Art Jerusalem]

Мајк Дарнел од Дигитална Уметност Ерусалим е слично наклонет. Во статијата со наслов, „Ја видов живата легенда сношти“, тој пишува:

Човекот некако успеа да им го овозможи чувството на 50,000 луѓе, кои дојдоа да го слушаат, дека сите сме во некој интимен џез-клуб и Коен освен што пееше пред маса луѓе, всушност тој само ја делеше вечерта заедно со најинтимниот круг на најблиски пријатели.

Види ја ги фотографиит од концертот на Дарнел на Flickr.

Извадок од концертот објавен од CityMouseGuide на YouTube ви овозможува да ја почувствувате атмосферата.

Фондацијата

Средствата од концертот, проценети на околу 2 милиони долари, ќе бидат донирани во Коеновата фондација, Фонд за помирување, толеранција и мир, како и форумот Круг родители-семејство, Палестинскиот центар за истражување и информации, радио Kol HaShalom [на англиски: Voice of Peace (Глас за мир)], и Спасете ги децата – Перес центар за мир.

Роберт Кори, менаџерот на Коен елаборираше: „Леонард реши дека кога ќе настапува во Израел сака парите да останат тука. Сретнавме многу Израелци и Палестинци кои го прават истото, посветени на мирот“.

Препрачано за читање–

За повеќе информации околу врската на Коен со Израел,прочитајте го написот на Израели(Israelity), “Другиот Коен во Израел.”

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.