GlobalVoices на Повеќе информации »

САД: Умрел легендарниот информатичар Денис Ричи

Информатичката легенда Денис Ричи (анг. ) умрел на 8 октомври 2011 година во неговиот дом во Њу Џерси на 70-годишна возраст, оставајќи наследство со огромно влијание на глобалниот развој. Ричи беше создателот на програмскиот јазик C, еден од најкористените програмски јазици на сите времиња.

Според написот од Шени Жардин на БоингБоинг објавен на 12 октомври, еден од првите извори на оваа вест бил канадскиот софтверски инжинер Роб Пајк преку Гугл плус. Како Ричи, и тој е познат по својата работа во Лабораториите на Бел.

Dennis MacAlistair Ritchie

One of the few public photos of Dennis Ritchie (1941-2011). Source: Wikipedia (Public Domain)

Таа напиша (цитирајќи програмерска шега за C од Твитер):

 

Тој беше дизајнерот и оригиналниот автор на програмскиот јазик C, како и централна фигура во развојот на Јуникс (Unix). Голем дел од својата кариера помина во Лабораториите на Бел (Bell Labs). Добитник е на Туринговата награда во 1983 година и на Националниот медал за технологија (на САД) во 1999 г.

„Влијанието на Ричи е слично на Џобс, само помалку видливо,“ забележал Џејмс Гримелман на Твитер. „Неговиот поинтер сега покажува кон void *; неговиот процес заврши со излезан код 0.”

Официјалниот блог на Таксгедо (веб-апликација за правење облаци од зборови) ги искористи зборовите од класичниот учебник за C (The C Programming language) напишан од Ричи да создаде облак со термини во негова чест, пишувајќи:

Денес изгубивме еден технолошки џин. Денис Мекалистер Ричи, сосоздавач на Јуникс и на програмскиот јазик C со Кен Томпсон, почина на 70-годишна возраст. Ричи има огромен придонес за компјутерската индустрија, директно и индиректно влијаејќи (подобрувајќи) ги животите на повеќето луѓе во светот, без разлика дали се за тоа свесни или не.

Еден коментатор на форумот за вести од наука и технологија Оверклок.нет наречен Ендигојап дури го спореди со сер Исак Њутн, еден од најзначајните физичари и математичари во историјата.

Исак Њутн еднаш рекол дека тој стои на рамењата на џинови. Денис Ричи беше џин на чии рамења стоеја луѓе како Стив Џобс.
….
Не го знаете? Тој е таткото на C, без кој не би биле напишани оперативнити системи како Виндоуз и Епл. Игри, програми, апликации на вашиот Епл и Андроид не би постоеле. Многумина го нарекуваат татко на информатиката, поради неговите многубројни постигнувања…

Луѓето кои немаат учено програмирање (со некоја верзија на C како нивни прв објектно-ориентиран програмски јазик) можеби ќе биде потешко да го осознаат влијанието на овој скромен и повлечен човек, кој не се фалел со своите подвизи, ниту се претворил во бизнис икона.

На пример, повеќето модерни оперативни сисистеми како ГНУ/Линукс и Мек ОС на Епл потекнуваат од Јуникс. Компјутери кои работат на Јуникс или ГНУ/Линукс во основа ја одржуваат инфраструкурата на Интернет, служејќи како сервери или рутери, или како платформи за работа на апликации како пребарувачот на Гугл.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.


Регион

Држави

Јазици