Порторико: Подготвени за национален штрајк

Порторико се подготвува за општ штрајк во четврток, на 15 октомври. Откако гувернерот Луис Фортуњо отпушти околу 17,000 владини службеници во првата недела од октомври имаше огромна мобилизација од различни сектори на граѓанското општество: работници и членови на синдикатите, жени, припадници на движењата за заштита на околината, меѓу другите и студенти и професори. Имаше бројни демонстрации и изрази на граѓанска непослушност како протест против економската политика што владата ја сметаше за неопходна поради финансиската криза. Вкупно, оваа година скоро избраната влада отпушти околу 25,000 јавни службеници.

Во последните месеци, непријателството меѓу владата и различните групи од цивилното општество порасна: налози за отпуштања во социјално и економски неразвиените општини, полициска бруталност и опструкции на општинските иницијативи како што е Фидеикомизо дел Кањо Мартин Пења. Исто така имаше и цела низа коментари од владините официјални лица кои се сметаа како навредливи и нечувствителни, како што е сега славното, жално „таков е животот“, и поновиот, кога директорот на службата за кадри Маркос Родригез Ема, назначен од гувернерот, ги спореди демонстрантите со терористи. Ова е контекстот за општиот штрајк во четврток. Како одговор на овој коментар, Тито Отеро објави видео на кое момче свири на виолина спроти Конгресот. Можеме да го чуеме момчето како вели: „Јас не сум терорист. Верувам во правдата за мојата земја.“

Блогерите и твитерџиите се подготвуваат за штрајкот кој треба да ја парализира државата на еден ден. Во Каргас и дескаргас [шпански] Едвин Васкез ги убеди блогерите и граѓаните да го искористат Twitter и Facebook за да се прошири информацијата за денот на општиот штрајк. Веќе луѓето од @caribnews бараат од следбениците да дадат сугестии за таг, а разговорот почна под #twittericans.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.