Канада: Убивање на жени и девојчиња, староседелци, во центарот на вниманието

Фигура од жена, староседелецПреку „Жените прават филмови“ дознаваме за канадскиот документарен филм кој го насочи вниманието на јавноста кон исчезнувањето и убивањето на повеќе од 500 жени староседелци во Канада во последните 30 години. Филмот се вика Finding Dawn (Пронаоѓање на Доун – зора), од Кристин Велш. Филмот е именуван по Доун Греј, која беше 23тата жртва чија ДНК беше препознаена во најголемото истражување на сериски убиства во Канада во 2002-2004. Филмот се фокусира на оваа приказна, а други, како и на извештаи и жалби поради пасивноста на властите во врска со убиствата и исчезнувањето на овие канадски жени – староседелци и борбата со која семејствата на овие жени се соочуваат за да ја најдат правдата.

Клиповите од овој филм и други поврзани со убиствата на жени и девојки може да се најдат на веб-сајтот Citizen Shift во досие за оваа тема. Првиот клип од Пронаоѓање на Доун го прикажува случајот на Доун Греј во Ванкувер:

Погледни повеќе на Citizen Shift.

Второто видео ни го прикажува автопатот Yellowhead (Жолта глава), еден осамен долг пат кој поврзува многу различни градови, каде многу жени исчезнале или се убиени, кој сега е познат по името Автопатот на солзите.

Погледни повеќе на Citizen Shift.

Третиот и последен клип од филмот се фокусира на Долин Кеј Боси, една жена чие семејство помина години барајќи објаснување за нејзиното исчезнување, прашувајќи се зошто властите не ги сфаќаат сериозно извештаите за исчезнувањата на жените староседелци.

Погледни повеќе на Citizen Shift.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.