Чадор-револуцијата во Хонг Конг изразена во математичка формула

A high school test paper on the background of Hong Kong umbrella revolution. via Facebook OCLP's page

Тест за Чадор-револуцијата во Хонг Конг од едно средно училиште во истиот град. преку Фејсбук страницата на OCLP

Погорната фотографија од тест од средно училиште од Хонг Конг стана вирална на социјалните медиуми во изминативе денови. Прашањето на тестот е: Кои се факторите кои доведоа до Чадор-револуцијата на 28ми септември?

Ученикот одговорил со математичка формула: 64+71+101+689+3=928.

Учителот го означил тестот со 0 бодови и му кажал на ученикот да го поправи одговорот. Ученикот потоа ја декодирал формулата:

64 = инцидентот на 4ти јуни, 1989 во Пекинг. По настанот, луѓето во Хонг Конг секоја година одржуваат бдеење со свеќи и бараат осуда за настанот на 4ти јуни.
71 = на 1ви јули, 1997, Хонг Конг, поранешната британска колонија, беше предадена на Пекинг. Оттогаш, секоја година, про-Пекингшки политички групи наутро го прославуваат повторното обединување, додека про-демократските граѓански групи демонстираат за демократски реформи.
101 = кинескиот национален ден, државен празник, е на 1ви октомври.
689 = е вкупниот број на гласови со кои се здоби сегашниот Генерален директор Леун Чун Јинг во изборниот одбор, кој е составен од 1200 членови.
3 = триото за реформи, кратенка за трите главни владини претставници одговорни за консултации околу политички реформи. Трите претставници се генералниот секретар, Кери Лам, секретарот за правда, Римски Јуен и секретарот за уставни и копнени работи Рејмонд Там.

Сумата од горенаведените е 928, 28ми септември, денот кога полицијата користеше солзавец врз мирни демонстранти кои се бранеа со нивните чадори.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.