Праведна или преблага казна? Оскар Писториус доби 5 години затвор

Paralympic athlete Oscar Pistorius in court. May 5, 2014 by Ihsaan Haffejee. Demotix.

Параолимпискиот атлетичар Оскар Писториус во судница. 5ти мај, 2014 фотографирано од Ihsaan Haffejee. Издавачки права Demotix.

Оскар Писториус, јужноафриканскиот тркач со две ампутирани нозе кој беше прогласен за виновен за убиство од небрежност, откако пукаше во неговата девојка минатата година, доби пресуда за пет години затворска казна. Тој исто така доби и три години условна казна за употреба на огнено оружје.

Писториус вели дека помислил дека Рива Стинкамп е провалник кој се обидува да влезе преку прозорецот во тоалетот. Државата, според судијката Токозиле Масипа, не успеала да докаже без сомневање дека Писториус имал намера да ја убие.

Судењето, најголемиот настан на социјалните медиуми во Јужна Африка, предизвика огромен интерес на глобално ниво и беше внимателно следено од медиумите. Неговата пресуда дојде веднаш по пресудата на 77 години казна затвор за ловокрадец на носорози изречена во јули, која шокираше и налути многу Твитер корисници.

Други сметаат дека судијката била преблага со казната, јасен показател за нефункционалниот судски систем во Јужна Африка:

Крајно патетична пресуда. Прави пародија од човечкиот живот да се добие помала пресуда за убиство отколку за измама. Одвратно. #ОскарПисториус

— Дејвид Талбот (@davidtalbot59) 21ви октомври, 2014

#оскарписториус 5 години? Тој може да излезе за 2 години –НЕ Е ДОВОЛНО ДОБРО!!!

— Dame Jana Hitchens-M (@offlinesometime) 21ви октомври, 2014

Според законите во Јужна Африка, тој ќе ги исполни условите за ослободување за 8 месеци.

Стефани Шип прашува:

Што не е во ред со овој свет каде ако убиеш некој ќе добиеш само 5 години затвор?! Дали некој е вреден само 5 години?! #ОскарПисториус

— Стефани Шип (@stefanieshipman) 21ви октомври, 2014

Помнете – 5 години пресуда значи дека тој може да биде на слобода за нешто малку повеќе од 2 години. #ОскарПисториус

— ендрју хардинг (@BBCAndrewH) 21ви октомври, 2014

#ОскарПисториус денес жените открија дека нашиот живот е можеби помалку вреден од лого на патики за тренинг!

— Луис (@louisebro66) 21ви октомври, 2014

ти си срам #Масипа НЕМА ПРАВДА за Стинкампови и е пародија за правата на жените/семејното насилство (кое го негираше во твојата пресуда) #ОскарСудење

— Г-ѓа Марвуд Блек (@Marwood20) 21ви октомври, 2014

Знам дека не беше за задоволување на општеството, но јас сакав да бидат барем 10 години! #ОскарПисториус #ОскарСудење

— Сибусисо Мгиди (@SibusisoMgidi1) 21ви октомври, 2014

Судењето беше подолго од времето што Оскар ќе го помине во затвор. #ОскарСудење

— Принц Акиим (@tackyz) 21ви октомври, 2014

На Фејсбук, Тапело Типс Сиимисе ја спореди пресудата со поминатото време од убиството на Стинкамп:

Беа потребни 2 години за да се донесе пресуда за 5 години затвор!!! Правдата е мит во нашата држава ‪#‎ОскарСудење‬

Други, сепак, беа задоволни од пресудата:

@ChrisWragge Се согласувам. Сепак, 5 години е подобро од општествено корисна работа по судска наредба, кон што се чинеше дека се стреми судијата. #ОскарПисториус @CBSNewYork

— КК Смит (@sassy_kk) 21ви октомври, 2014

Толку многу луѓе брзаат со осуда за Оскар како тие да се совршени, тој доби затворска казна, бидете среќни и замолчете. #ОскарСудење

— Nqobile (@Iam_nqobs) 21ви октомври, 2014

Без разлика на тоа што мислиме судијката Масипа навистина ја разбира целта на #Судењето, тоа служи за #Помирување а не за#Осудување #ОскарСудење

— Проспер Нтули(@Proetic) 21ви октомври, 2014

Не сите ќе се согласат со пресудата. Блага. Но, #СудијкатаМасипа имаше добро образложени аргументи за доаѓањето до пресудата. #ОскарПресуда #ОскарСудење.

— Тхебе Икалафенг (@ThebeIkalafeng) 21ви октомври, 2014

Луѓето не треба да донесуваат заклучоци овде и да го навредуваат и да се однесуваат патетично кон нашиот закон. Има жалба што изгледа повеќе возможна.#ОскарСудење

— MTHOKO HLELA•✌️ (@MahatmaDUTCH_7) 21ви октомври, 2014

Некои реагираа хумористично:

Очекувам објавување трилогија на книги „Како да се извлечеш со убиство“ #ОскарПисториус

— Џес Еспин (@JessEspinX) 21ви октомври, 2014

Па…. кој ги купува правата за филмот? Јас лично мислам дека Универзал претераа. #Оскарсудење

— Фелициа Мосиан (@FeliciaT_Mos) 21ви октомври, 2014

@EFF_Supporters Лол, брат, затоа Девани дојде овде да ја убие неговата жена. #ОскарСудење

— Charmagne Ledwaba (@LedWhat) 21ви октомври, 2014

Шриен Девани е британски граѓанин обвинет за заговор за убиство на неговата жена Ани Девани за време на нивниот меден месец во Јужна Африка. Неговото судење е во тек во Јужна Африка.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.