Тајланд: Мапи на поплава и алатки за надгледување на катастрофа

Минатата година, вестите ја опишаа поплавата во Тајланд како најлошата која некогаш ја погодила земјата за многу децении. Но, поплавата е полоша оваа година. Повеќето од провинциите се поплавени, браните го достигнаа својот капацитет на задржување, а главниот индустриски имот на земјата е целосно преплавен. Од Центарот за катастрофа рекоа дека веќе примиле 100,000 повици каде повеќето од јавувачите бараат нови информации за поплавите.

Поплавен храм. Фотографија на Паилин Ц

Официјалниот извештај за ситуацијата со поплавата ги открива патишата погодени од поплавите и капацитетот на повеќето брани

75 главни автопати во 18 провинции се поплавени и неможат да се преминат. 192 рурални патишта во 29 провинции се непроодни. Сите 18 северни (железнички) рути се откажани

Капацитетот на главните брани:
– Браната Бумибол: достигна 99 проценти од капацитетот на задржување.
– Браната Сирикит: достигна 99 проценти од капацитетот на задржување.
– Браната Квае Нои: достигна 100 проценти од капацитетот на задржување.
– Браната Пасак: достигна 136 проценти од капацитетот на задржување.
– Браната Убонрат (провинција Кон Каен): достига 120 проценти од капацитетот на задржување.
– Браната Лампао (провинција Каласин): достига 100 проценти од капацитетот на задржување.

Надоаѓањето на водата е, исто така, причинето од ослободувањето на водата од преполнетите брани. Бангок Пундит прашува зошто водата во браните не беше испразнета порано

Имаше задоцнување во испуштањето на водата и штом браната почна да станува преполна, одеднаш, почнувајќи во август, мораа да испуштат многу вода. Зошто оваа вода не беше испразнета порано?

Дали ќе добиеме објаснување зошто толку малку вода беше испуштена од браните во сезоната на суша, што доведе до тоа браните да бидат се пополни и пополни до точка каде беше потребно толку големо дневно испуштање во дождовната сезона кога веќе поплавувањето беше започнато?

Во текст објавен претходно, Глобал Воисес вклучи некои од онлајн мапите кои беа создадени за да се надгледуваат поплавите. Страницата на Гугл за одговор при криза поврзува други корисни мапи и веб-сајтови кои обезбедуваат информации за поплавите. На пример, подолу е мапата на сериозно погодените подрачја

Подолу е мапата на зоните со засолништа

Институтот за обука и истражување на Обединетите Нации или UNITAR има извештај за водите од поплавата кај Накхон Најок, Тајланд, врз основа на анализа на сателитски податоци. Друга мапа ги идентификува критичните подрачја означени за ставање на насипи со песочни вреќи.

Сателитска слика од поплавените подрачја во Тајланд

Важните хаштагови за Твитер се #bkkflood, #thaifloodeng, #thaiflood. Еве некои вести и реакции

@greatamm Само замислете да ги немавме сите оние добродушни волонтери. Што се случува во Банкок во моментов? Како оваа влада се справува со тоа??#ThaiFloodEng

@noomniim Посакувам некои луѓе да помислат за грижите на другите луѓе и не секогаш да се ставаат себеси на прво место.

@worramon Сега 500,000 работници се без работа поради поплавата и затворањето на сите фабрики

@georgebkk Поплавата во близина на Банкок одзема 25 проценти од производството на хард дискови

@tulsathit RT @veen_NT: Според ФРОЦ, Навакорн индустрискиот имот сега е 100% поплавен.

За потребата владата да ја открие вистинската ситуација, Џорџ напиша на форум

Тајландската армија заедно со стотици волонтери лансираше масовна операција за спасување во Нава Накорн, но ризикува да биде совладана од вистинскиот обем на проблемот. Вечерва, четири општини во источен Банкок се под стапка ипол вода – област двапати поголема од Сингапур. Доколку големиот систем на привремени насипи биде пробиен – оваа ситуација ќе стане многу полоша.

Разговарав со постар владин претставник. Тој ми рече дека „оваа ситуација е критична“. Рече дека ги има видено податоците, но дека владата не сака да ги објави од страв „да не ги испаничи луѓето“. Мислам дека многумина тука би сакале да бидат предупредени.

Твит јорселф таи (Tweet Yourself Thai) сака поточна информација

Ако една работа, настрана од вистинскиот обем на проблемот, е карактеристична за оваа катастрофа тоа е конфузијата околу тоа кој е статусот на поплавувањето. Со неколку противречни извештаи кои доаѓаат од различни страни – не само преку социјалните медиуми, туку и преку владините оддели – тешко е да се знае колку сите ние сме добро информирани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.