ИКТ за развој: Кога мобилните телефони се поврзуваат со компјутерите

Во еден претходен пост, ние ја истражувавме иднината на ИКТ за развој од прилично високо ниво. Во овој пост, јас ќе разгледам некои нови алатки што индивидуалци, групи, компании и влади можат да ги користат за развивање на нови проекти околу информатичките и комуникациските технологии.

Наша основна тема е истражување како ИКТ влијае на човековиот развој. Има многу кои велат дека врската со интернет или со технологиите за мобилни телефони ќе го зголеми учеството на луѓето во власта, во економијата, во образованието, а со тоа и ќе си го зголемат и животниот стандард

Технологијата и пристапот до интернетот напреднаа толку многу во изминативе години, што некој ќе рече дека повеќе не постои прашањето за тоа дали луѓето во оддалечените подрачја наскоро ќе комуницираат онлајн. Подобро би било да зборуваме за тоа какви форми на комуникација ќе го заземат местото.

Блогерот од Mainstreaming ICT кој е базиран на Велика Британија, вели дека сега е време да се интегрираат мобилните телефони и компјутерите.

Интернетот и мобилните телефони се и комуникациски и информатички технологии и затоа има смисла да се направи обид тие да интегрираат. Ние веќе неколку години се обидувавме да ги интегрираме, со ограничен успех, но конечно интернетот станува се пошироко достапен и употребуван на голем број мобилни апарати, за реално ниска цена во многу земји.

Се разбира прелистувачот за интернет базиран за мобилен е сосема поинакво искуство. Мораш да размислуваш на различен начин – на пример:

  • Наместо имејл – помисли на СМС
  • Наместо екран од компјутер – помисли на екран од мобилен
  • Наместо огромна функционалност – помисли на најважната функционалност и едноставност
  • Наместо блескави работи и голем опсег (bandwidth) – помисли на едноставен дизајн и мал опсег

….Тоа има смисла за најпрво да погледнеме на поврзувањето со големите социјални мрежи како Facebook, MySpace и Ning, сите тие имаат интерфејс за на мобилен телефон но… сајтовите не беа оригинално дизајнирани за да изгледаат добро и на мобилен уред и според мое мислење тоа навистина се забележува.

Мал опсег? Нема проблем

Еден голем проблем со кој се соочуваат корисниците на интернет во светот во развој е комбинацијата од бавна конекција (или пречки во конекција) и интезивно-графички веб сајтови. Сатовите за вести и сајтовите за социјално вмрежување се често најлошите прекршувачи. (Еве една убава листа на популарноста на разни сајтови за социјално вмрежување во Африка и Азија)

Кристијан Креутз на блогот Crisscrossed има теорија дека апликациите не се преведени на светските јазици, затоа што многу луѓе не можат да читаат популарни сајтови. Причината? Вчитувањето на страните траат предолго за луѓето со несигурни конекции.

Еве неколку примери:

- Проверувањето на Facebook профил или барем пристап до страната за најава, која самата има околу 800 килобајти, од интернет кафе, каде што мораш да плаќаш за минута, може да потрае и по 3 минути со dial up модемска конекција.
– Прикачување на видео или аудио материјали е речиси невозможно со конекција со мал опсег и може да ве чини многу, кога тарифата се мери по зафатнина наместо по време.
– Овој блог е базиран на WordPress, која е одлична алатка со отворен код, но за жал не е направен за dial up конекциите. Ако сакате да објавите нов пост на WordPress (2.7.1) морате прво да преземете 750 килобајти.

За жал дури и заедницата за бесплатен и слободен софтвер има многу мала активност околу решенијата за мал опсег.

Блогот Aid Worker Daily, со седиште надвор од САД, најде решение за гледање на овие сајтови кои бавно се вчитуваат:

Не сум сигурен колку од вас се запознаени со Loband но тоа е една од најдобрите опции за гледање на сајтови преку конекции со мал опсег. Ги отстранува сите слики, форматирања, итн. и те остава само со текст кој ви го дава страната која сè уште е прилично читлива. Можете да го погледнете Aid Worker Daily преку Loband тука. Loband е потомство на гении од Aptivate. (Секако, ако користите Firefox секогаш можете да отидете во алатки-> опции -> содржини и да го исклучите „вчитување на сликите автоматски“.

Еве ја главната страна на Global Voice Online преку Loband.

Crisscrossed наведува други продукти за конекции со мал опсег.

Една навистина одлична иницијатива е Maneno, кој не само што се обидува да обезбеди решение за блогирање преку мал опсег во Африка, туку исто така се фокусира на понудување на повеќејазични опции, нагласувајќи различни африкански јазици како што се бамананкан и свахили, преку француски, англиски, арапски и португалски. Неодамна стапив во контакт со Maneno и нивниот тим ме увери дека нивниот систем е направен со мал опсег, 13 килобајти без слики или 33 килобајти со слики……. Twitter може да направи разлика бидејќи ви дозволува да испраќате и добивате пораки преку мобилен телефон. Но, за жал, Twitter пред некое време се откажа од својата услуга за бесплатни СМС пораки. Го прашав еден од основачите на Twitter, Џек Дорси, на e-stats конференцијата, кога беспатниот сервис ќе биде вратен, на што тој одговори „на средина на годината“. Останува прашањето „што може да се каже со 140 карактери?“ Прилично многу кога ќе се погледне во Mobile Voices проектот на кој само што му се приклучи предизвикот Netsquared N2Y2.

Но, едно е сигурно, само затоа што имате конекција со мал опсег, тоа не значи дека сакате да гледате здодевни сајтови базирани само на текст. Постојат различни начини да се направат веб сајтовите привлечни, а сепак значително да се намали големината на податоците. Aptivate има одлични насоки за дизајнирање за сајтови кои би се отворале од конекции со мал опсег.

Целосно разоткривање: Maneno, повеќе-јазичната платформа за блогирање преку мал опсег е во еден дел водена од тројца автори на Global Voices. Еве еден GV пост за тоа.

Микро-блогирање за забава и профит

Луѓето сакаат микро-блогирање, популаризирано преку сајтови како Twitter и политички ориентираниот Yammer, затоа што е брзо и релативно бара мал опсег. Побрзо е и полесно од имејл и многу често е поинформативно. Микро-блогирањето го промени начинот на однесувањето на групите околу справувањето со кризи, покривањето на настани и застапување на проблеми.

Но, не секој сакаат да се обиде да микро-блогира на големите сајтови, поради недостаток од приватност. Постојат голем број технологии кои овозможуваат организациите да стават микро-блогови за нивна сопствена употреба за да се овозможи изградба на заедница на интернет.

Луис Греј, американско ориентиран блогер, ја објаснува платформа на Laconi.ca, која тој ја опишува како „група Twitter“ – зборување со посебна заедница, а не на цел свет.

Па, всушност тоа е повеќе концепт за мала заедница – вашиот бизнис всушност може да изгради заедници надвор од овој протокол, почнувајќи со софтверот кој Identi.ca го има обезбедено. Identi.ca и Twitter се многу големи заедници. Луѓето од сите видови и вкусови се на овие сервиси. Овие сервиси се добри за тоа – ова е одличен начин да се изградат односи, да запознаеш нови луѓе, и да најдеш информации. Како и да е, не постои начин во моментов за мене да се дружам само оние со ист вкус или култури. На пример, ако јас следам рагби а вие не, вие нема да бидете заинтересирани за деталите од мечот што го гледам…..

Сега, што ако (спортската мрежата од САД) ESPN требаше да започне верзија на Laconi.ca само за љубителите на спорт? Би била потребна само едноставна инсталација на Laconi.ca и малку брендирање на нивното лого, изглед и чувство и наеднаш целата заедница на љубители на спортот ќе ја споделуваат својата љубов кон спортот, комуницирајќи обострано, и покажувајќи на другите љубители на спортот што тие прават во нивниот живот. Во исто време, тие сè уште би можеле да ги следат сите пријатели што ги следат и на Laconi.ca, па дури и други заедници со разни интереси, и сето ова на ESPN спортската заедница, додека се на сајтот на ESPN. Замислете ако оваа иста техника беше лансирана и за мајки, татковци, религии или само во вашето локално предградие или пак град.

Еве еден напис во друга платформа за микро-блогирање со отворен код: OpenMicroblogger.org

Мојот мобилен телефон, мој пријател

Последниот пост во оваа серија започна со аргумент дека ние треба да ја обновиме старата приказна за рибарот кој го користел својот мобилен телефон за да најде највисока продажна цена за неговиот производ. Назад на блогот Crisscrossed, еве еден нов пост за тоа за што го прави мобилниот телефон толку значаен.

Тој е толку посебен, бидејќи ги комбинира сите поранешни медиуми, како што се телефонот, интернетот, дури и радиото и телевизијата и со него може да се:
1. Комуницира и прима информации (радио,телевизија и интернет)
2. Документира и собира информации
3. Објавува информации, во текст, аудио и видео материјали
4. Може да се вмрежува на различни начини на peer-to-peer основа

Тој исто така истакна дека мобилниот телефон ќе помогне да се оформи јавната свест, овозможувајќи им на граѓаните новинарите да сликаат. Телефоните им овозможуваат на луѓето да учествуваат во радио програмите и преку кампањи базирани преку СМС. И тие им овозможуваат на луѓето да го следат изборниот процес.

Патрик Меир, од групата DigiActive тврди дека луѓето сега можат да станата активисти едноставно со употреба на мобилен телефон. Телефоните се употребени да се организираат и координираат протести – конкретно во Филипините, Шпанија и Пакистан. Мобилните телефони, исто така се употребуваат за документирање на прекршувањата на човековите права, во Египет, Тибет и Мароко.

Но проблемите постојат. Цената за СМС комуникација е многу висока, особено во Африка. Мобилните мрежи можат да бидат контролирани од страна на владата, вели Ктрутз. Мобилните оператори се во бизнисот да заработат пари, а не за да ги олеснат протесни маршови.

Испраќање на стотици СМС пораки

FrontlineSMS дистрибуира програма со која на корисниците им овозможува да испраќаат и примаат SMS пораки во големи групи, без притоа да се приклучат на интернет.

Еве еден напис во блогот Pulse + Signal за проект на FrontlineSMS во Малави, каде што се дистрибуираат мобилни телефони за докторите во болниците да можат да комуницираат со здравствените работници по селата.

И покрај целиот технолошки развој околу овие командни портабл центри за комуникација ние сме во точката на јавниот/глобалниот здравствен свет каде тешко дека нешто од тоа е важно.

Голема количина од м-Здравство (мобилно здравство) влијанието се фокусира на земјите во развој и со мали ресурси, каде што бројни здравствени проблеми треба да се решат. Корисната технологија која стапува во игра е СМС (сервис за куси пораки). Кратко наречени пораки, СМС пораките се една од повеќето основни аспекти на мобилниот телефон, каде што внесените податоци можат да се испраќаат и примаат обострано помеѓу два телефони. Овој сервис беше од огромно значење во имплементацијата на иницијативите за поефикасно здравство низ светот.

Најпосле, видео како вработените од FrontlineSMS обучуваат здравствени работници од заедницата употребувајќи СМС технологии.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.