Средба со Global Voices!

gv-logo-below-square-144Најверојатно мислите дека членовите на Global Voices се веќе долгогодишни пријатели, откако редовно ги читате нивните написи и преводи во кои се потенцираат онлајн разговорите во нивните земји. Исто така, најверојатно ги следите на Твитер или сте запознаени со нивните дигитални проекти и активности. Секако, овие виртуелни врски прават светот да изгледа како помало место, но постои нешто елементарно во офлајн интеракциите кои само можат да помогнат во зајакнувањето на оналјн односите. 

Во текот на ноември и декември, организираме шест глобални средби „лице-во-лице“ предводени и олеснати од страна на членови на Global Voices, кои ги познаваат и живеат во овие локални заедници. 

Сепак, овие собири се многу повеќе од социјални настани на вмрежување. Собирите претставуваат можност за споделување на знаења, зајакнување на вештини, и воспоставување на идни соработки помеѓу членовите кои имаат слични мисии.

Можеби имате некоја идеја за проект за изразување на граѓаните преку медиумите и сакате да најдете потенцијални партнери за истиот. Или пак сакате да научите нови стратегии за дигитално раскажување приказни за глобалната публика. Исто така, ќе може да научите повеќе за работата на Global Voices и како да станете волонтер. Сето ова и уште повеќе може да биде дел од полу-дневната програма. 

Шестте градови во кои ќе се оддржува првиот круг на средби се: 

Карачи, Пакистан – 1ви ноември, 2013
Каиро, Египет – 16ти ноември, 2013
Кампала, Уганда – 16ти ноември, 2013
Скопје, Македонија - 30ти ноември, 2013
Порто, Португалија – 14ти декември, 2013
Пном Пен, Камбоџа – ќе биде објавено

Овие средби се од отворен тип, но сепак задолжително е однапред да го потврдите вашето присуство. За секој собир ќе објавиме напис, како и покана за Фејсбук настан со повеќе информации за како да се пријавите, заедно со предложената агенда за настанот. Овој напис, исто така, ќе биде ажуриран со истите податоци. Посебни покани ќе бидат испратени до претходните апликанти од нашите Rising Voices натпревари за микрогрантови, од кои многумина доаѓаат од овие градови.

Исто така, го ставаме во употреба хаштагот – #GVMeetup со цел да го овозможиме следењето на настаните, доколку настан од овој тип не е закажан да се одржи во вашиот град. 

Овие шест средби се дел од пилот-проект чија цел е истражување на начините за како на нашата обемна Global Voices заедница, од сите страни на светот, може да и се олесни меѓусебното запознавање на членовите и размената помеѓу читателите и другите поединци и организации во полето на граѓанските медиуми. Се надеваме дека на овој начин ќе се здобиеме со искуство за повеќе средби во 2014!

Во меѓувреме, за повеќе информации, пишете на rising [@] globalvoicesonline [точка] org

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.