Јемен: Јеменските жени ги спалуваат своите велови

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протести во Јемен 2011.

Јеменските жени денеска ги спалија своите велови и марами од главите како знак на протест со цел да се осуди бруталноста и насилството на режимот, кој во текот на ноќта уби околу 25 луѓе во Сана и Таиз, а во последно време ги таргетираше жените. Протестот не беше на било кој начин поврзан со правата на жените или против исламскиот вел како што некои луѓе погрешно разбраа, тоа беше повик за помош, конкретно таргетирајќи го режимот.

@SupportYemen твитна:

Јеменските жени ги спалија нивните велови како протест кон насилството и злосторствата на режимот, посебно поради таргетирањето на жените… fb.me/AdNY5LTS

Следната снимка, објавена од EyesSemitic на Јутјуб, ги покажува собраните жени на протестот во Сана, на 60та улица, каде тие ги спалија нивните велови:

Јеменските жени испратија моќна изјава и молба до племето и меѓународната заедница да стават крај на насилството на режимот (снимка објавена од ainnews1):

@Dory_Eryani ја твитна суштината на нивната порака, дистрибуирана во флаер:

„Тука ја спалуваме нашата макрама (чест) пред светот, за да посведочи за крвавите масакри извршени од тиранинот Салех,“ #Yemen #burningveils

Спалувањето на веловите од страна на жените во племенската традиција претставува молба за помош. Јемен е племенско општество и убивањето на жените е голем срам во Јемен и генерално во исламот, па ова беше јасна и гласна порака од жени во Јемен, до нивните племиња и светот воопшто, да интервенираат да се престане со убивање на демонстрантите.

@SummerNasser:

Жените ги спалија нивните велови денеска за време на протестите. Спалувањето на веловите симболизира дека тие ги повикуваат племињата да им помогнат. #Yemen #yf

@JamjoomCNN:

Жена при спалувањето на велот: „Племињата мора да разберат дека тие нема да бидат почитувани од жените во Јемен доколку молчат додека нивните жени.. напаѓаат“ #Yemen

Иако живеат во конзервативно општество, жените од Јемен покажаа исклучителна храброст и водство во тековната револуција, која ги направи сите жители на Јемен горди, како што твитна @Mo_Alsharafi:

Жените на Јемен се навистина хероини. Ви благодарам за се женски револуционерки на Јемен #Yemen

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Протести во Јемен 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.