11-11-11: Грабнете ги вашите камери и овековечете го животот

Само неколку дена до 11/11/11, датум на кој луѓето ширум светот ќе ги снимаат своите животи преку филм и музика. Учествувајте во Проектот 11 единаесет и Еден ден на земјата за да го оставите вашиот белег врз светот.

CCBY од НАСА Годард фотографија и снимка

Глобал Војсис Онлајн се здружи со Проектот 11 единаесет за да помогне да се направи снимка на човечкото искуство. Колку различни и колку слични ќе се покажат нашите животи? Ширум светот и на различни јазици, снимките направени во тој период од 24 часа на 11 ноември 2011 година, ќе помогнат да се одговори тоа прашање.

11 единаесет утврди 11 различни теми на кои може да се фокусирате: почетоците, кршење на срцето, замислување желба, верба, рутина, вода, храброст, игра, темнина, убавина и љубов, и со овие почетни точки тие ќе прифаќаат фотографии, песни, звуци, снимки, онлајн содржина направена за време на 11 ноември 2011 година, за да ги претворат во светска музичка колекција, двочасовен документарец и книга со фотографии кои ќе бидат создадени и дистрибуирани ширум светот.

Качете ги и обележете ги со #11ElevenLIVE, како што е објаснето во следната снимка:

Имоген Хип, музичарката добитничка на Греми награда, се придружи на тимот како извршен музички продуцент, ќе го создаде саундтракот за документарецот и исто така ќе биде главна за светската музичка колекција.

Приходите од продажбата на музичката колекција, книга со фотографии и документарецот во целост ќе бидат наменети за поддршка на добротворни цели и организации вклучувајќи ги Глобал Војсис Онлајн.

Еден ден на земјата документира снимки од светот веќе втора година по ред. Минатата година на 10-10-10 тие го доловија светското доживување во текот на 24 часовен временски опсег. Резултатот беше географски обележана видео архива како и филм-репортажа кој ќе биде прикажан истовремено во секоја земја од светот благодарение на соработката на организацијата со Обединетите Нации.

Она што следи е објаснување од позади сцената за тоа како започна проектот и најважните делови од документарецот како што е снимката од Северна Кореја и свадба во Косово.

Следното е трејлер за документарецот, на кој се гледа дел од снимките од целиот свет кои се собрани истиот ден.

Можете да учествувате и на двата проекти на 11 ноември. Запишете се, вклучете ја вашата камера, снимете ги дневните настани и качете ја вашата содржина. За повеќе информации посетете го Еден ден на земјата и Проектот 11 единаесет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.