Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Арапски свет: Сенди го ослободи Божјиот гнев врз неверната Америка

Во моментот кога светот го насочи своето внимание кон Њујорк и Њу Џерси, следејќи ги новостите околу ураганот Сенди како и уништувањето кое што тој го предизвика, многумина во Арапскиот свет дебатираа дали бурата беше искажување на Божјиот гнев – насочен кон неверниците како одмазда за надворешната политика на САД. Сериозно.

Абдулазиз Алхис се прашува зошто Сенди доби повеќе внимание кога го удри американскиот источен брег:

ترى إعصار #ساندي ضرب جامايكا وهاييتي وكوبا والدومينيكان بعد.. ولا القلب مايشوف غير أميركا!

@azizAlhies: Сенди исто така удри и на Јамајка, Хаити, Куба како и на Доминикана…или пак срцето не гледа ништо друго освен Америка.

Низар Мохамед Отман го споредува медиумското внимание околу „малите“ епизоди за последиците од Сенди со тишината со која што се соочуваат ѕверствата извршени над Сирискиот народ. Тој твита:

يهللون لرجل ينقذ كلبا من إعصار ساندي، ويغضون الطرف عن أسد يبيد أطفال سوريا، أهو عشق الحيوانات؟

@NizarAbdalla: Тие величат некој човек што спасил куче за време на ураганот, а во исто време се прават насила слепи за елиминацијата на сириските деца од страна на Асад. Дали е тоа љубов кон животните?

На страницата Almoslim.net, Шеикот Насер Ал Омар ги охрабрува читателите да бидат среќни за уништувањето што го предизвика Сенди. Тој блогира:

إن أمريكا هي قائدة الظلم والطغيان والجبروت في هذا العصر، استخدمت أموالها التي مكنها الله _جلّ وعلا_ منها في ظلم البشرية في مشارق الأرض ومغاربها، وتاريخ أمريكا تاريخ أسود على كل المستويات ، وفي شتى أنحاء العالم، وخصوصاً فيما يتعلق بالأمة الإسلامية، فأمريكا أمة كافرة باغية محادة لله ولرسوله – صلى الله عليه وسلم – ومحاربة للمسلمين، دنَّست كتاب الله وأهانته، قريبة من كل شرّ بعيدة عن كل خير، حامية الإرهاب في العالم. .
من الذي يدعم إسرائيل ؟
من الذي يحمي اليهود بلا حدود ؟
من الذي أباد أفغانستان ؟
من الذي دمر العراق ؟
من الذي يأخذ خيرات المسلمين في مشارق الأرض ومغاربها ليعيدها لهم صورايخ وقنابل ورؤوساً نووية ؟

Америка е лидер на неправдата и угнетувањето во оваа ера. Ги користи парите со кои ја благословил Бог за да шири неправда низ светот. Нејзината историја е темна, на сите нивоа и низ целиот свет, особено кога во прашање е Исламскиот свет. Америка е нација на неверници, непријател на Бога и Неговиот Пророк како и на Муслиманскиот народ. Ја осквернави Светата Книга и ја навреди; таа е блиску до сето зло и далеку од сето добро; го заштитува тероризмот низ целиот свет.

Кој го поддржува Израел?
Кој им нуди неограничена заштита на Евреите?
Кој го збриша Авганистан?
Кој го уништи Ирак?
Кој го зеде богатството од Муслиманите од Истокот и Западот и им го врати како ракети, бомби и нуклеарни боеви глави?

Ал Омар продолжува:

إن ما أصاب أمريكا هو قدر كوني وعقوبة من الله _جلّ وعلاّ_؛ لطغيانها وعصيانها وجبروتها وظلمها وبعدها عن الله _جلّ وعزَّ_..

Тоа што и се случи на Америка е нејзина судбина и казна од Бога за нејзиното угнетување, непослушност и неправда, како и поради застранувањето од Бога.

إننا عندما نرى هذه الرياح العاصفة تدمر أمريكا أو بعض ولاياتها نعلم أنها نعمة من الله _جلّ وعلا_ تستوجب الحمد والشكر والفرح

Кога гледаме како тоа невреме предизвикано од бурата ја уништува Америка или некоја од нејзините држави, знаеме дека тоа е благослов од Бога кој заслужува благодарност и блаженство.

На Твитер се појавија и вакви коментари. Ракан коментираше:

أكتشفت ان ماعندنا وسطية ، ناس يدعون على أمريكا بالعموم ، و ناس يدعون لأمريكا بالعموم ، طيب أدعو الله أن يكفينا شر الكوارث عالعموم #ساندي

@Rakankov: Открив дека не сме скромни. Има луѓе кои генерално ја колнат Америка и има други кои се молат за неа. Зошто не се молат на Бога да ги заштити сите од природни непогоди?

@OwaysKins додава:

من فرِح بـ #ساندي امريكا نسِي التفريق بين أبرياء شعبها الذين سيجتاحهم ، وبين أفعال حكومتها الذين سيتربعون في البيت الابيض ريثما ينتهي ..

@OwaysKins: Оние кои се среќни поради Сенди забораваат да направат разлика помеѓу невините луѓе кои ќе бидат погодени и постапките на Владата, која ќе остане во Белата куќа и после завршувањето на ураганот.

Kay, Sophisticated пишува:

عقول متخلفه تتشمت في مصايب الغير، شو ذنبهم اليهال ولا الناس الباجيين في قرارات سياسيه وحروب عقدتكم ..

@k_a_world: Назадни менталитети, среќни поради бедата на другите. Каква врска има страдањето на деца и невини луѓе со политичките одлуки и војните?

Египќанецот Абдулгавад Мохамед си противречи:

أتمني سقوط#أمريكا الدولة المستبدة راعية #الارهاب في العالم لكني اتمني من الله ان ينجّي المستضعفين والأبرياء من هذا الاعصار

@abdelhawadmoha1: Се надевам на преврат над Америка, државата која угнетува и го поддржува тероризмот низ светот, но се надевам дека Бог ќе ги заштити невините од овој ураган.

Тој продолжува:

أشعر بالضيق ممن يخافون علي هلاك أمريكا ويدعون لهم بالنجاة ولم يرفعو ايديهم للدعاء للمسلمين المشرّدين في#بورما

@abdelhawadmoha1: Ме боли кога ги гледам оние кои што се загрижени за пропаста на Америка и се молат за нејзината безбедност. Тие не се помолија за Муслиманите кои што се прогонуваат во Бурма.

Во меѓувреме, Египќанецот Насри Есмат заклучува:

بعد كم التعليقت الغبية اللي قرتها من عرب عن اعصار ساندي اعتقد أن مزبلة التاريخ هتكون افضل مكان ندخله .. مش بسبب الحقد لكن عشان الجهل

@nasry: После сите оние глупави коментари кои ги прочитав од Арапите за ураганот Сенди, мислам дека црните книги на историјата се вистинското место за нас…и тоа не е поради омразата туку поради незнаењето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.