Светски ден на СИДА-та: Позитивно блогирање

ХИВ/СИДАОваа година се одбележува 20 годишнината од Светскиот ден на СИДАта, која секоја година се одржува на 1ви декември. Иако влијанието на ХИВ и СИДАта го чувствуваат милиони луѓе глобално секој ден, овој ден особено може да го привлече многу потребното внимание на болеста.

Темата на овогодишниот Светски ден на СИДАта е  „Води – Овласти – Достави“, назначувајќи го политичкото лидерство кое е потребно за да може вистински да се бориме со болеста. Додека глобалниот процент на возрасни кои живеат со ХИВ е останат на истото ниво од 2000, 33 милиони луѓе се уште живеат со вирусот и има скоро 7,500 нови заразени секој ден. Бројот на нови ХИВ инфекции исто така се зголемува во многу земји, како Кина, Кенија, Мозамбик, Русија и Виетнам. СИДАта исто така си го наплаќа својот данок – 2 милиони луѓе умреа од болеста минатата година.

Блогерите од целиот свет ги разгледуваат овие статистики, разменувајќи стории за грижата кон оние со ХИВ/СИДА, како болеста има влијание на секојдневните животи на луѓето, и жигот кој ја придружува болеста. Овие записи од прва рака го покажуваат напредокот што е направен во борбата против болеста и уште колку многу работи сè уште треба да се направат.

На Poz For Life 20-годишниот Расел блогира од Австралија и отворено зборува за тоа дека е ХИВ позитивен, со надеж дека тоа ќе ги охрабри другите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции и да се практикува безбеден секс. Во неговиот прв пост тој се сеќава на моментот кога тој го направил тестот за ХИВ и за ужасниот период на чекање пред да ги добие резултатите. Еве како тој открил дека е ХИВ позитивен:

Јас стасав таму [ординацијата на докторот] околу 10:30 утрото и влегов право внатре, изгледаше како да ме чекаа подготвени да ми ја земат душата и да ја фрлат од четвртиот кат. Јас влегов во ординацијата и седнав, тогаш слушнав „Расел, жал ми е но морам да ти кажам дека тестот за ХИВ е позитивен.“ Јас се замрзнав за неколку секунди и само гледав збунето. Чувството на доживотна тишина траеше околу 30 секунди. Тогаш реков „Мислев дека може да излезе така.“ Не можам да поверувам дека го реков тоа, навистина првите зборови од мојата уста беа јас мислев дека може да е така.

Блогот AIDS Rights Congo, кој и припаѓа на АЗУР организацијата за развој и е проект на Рајзинг Војсис, ги брани правата на ХИВ-позитивните луѓе. Нивните постови ја прикажуваат дискриминацијата и жигот што го носат оние што живеат со вирусот во Конго. Еден пост зборува за животот на “Бернадет”, една млада жена која е продавачка на алишта на пазарот Тие-Тие во Поинте-Ноар. Нејзиниот живот се менува кога нејзиниот пријател на пазарот го објавува нејзиниот ХИВ-позитивен статус.

На пазарот, нејзините соседи веднаш ги напуштаат тезгите; кое дури го привлекува вниманието на оние кои се одговорни за управување со пазарот, кои, свесни за фактот дека да се има тезга на пазар е тешко, се изненадени што наоѓаат празни тезги околу неа. Ситуацијата ги стави сите на штрек и оние кои поминуваат од далеку можат да го слушнат озборувањето на соседите за фактот дека таа е жената инфицирана со ХИВ. Како и да е, однадвор нема никакви знаци дека Бернадет е болна,  тоа не може да се прочита од нејзиното лице. Болеста не е во напредна фаза и таа не е на АРВ (Анти-ретровирусна) терапија. Таа е нормална млада жена.
Со сите пречки, трауматизирана од ситуацијата, таа престанува со работата во нејзината мала продавничка.

Хуан Карлос,  29-годишен од Еквадор, блогира за соочувањето со фактот дека е ХИВ позитивен. Во еден пост тој зборува за важноста на рамнотежата и за користа од тоа да се зборува со некого за она низ кое поминуваш.

Многу ХИВ позитивни луѓе бараат помош од психолози низ целиот свој живот. Лично, ако некој го слуша или чита ова … Јас мислам дека е секогаш добро да се зборува со психолог од време на време, помага најцрните денови да станат посветли и ни помагаат да можеме да продолжиме со нашиот живот со вирусот и останатите наши проблеми.

Пинои Поз, кој живее во Кезон сити на Филипините, блогира за животот со ХИВ и за проблемите со кои се соочува откако го објавил својот ХИВ статус. Тој прво се изјаснил како хомосексуалец на возраст од 21 година, но 9 години подоцна се вратил “назад во шифоњерот” откако открил дека е ХИВ позитивен. Во овој пост тој зборува за тоа како кажувањето на луѓето дека е ХИВ позитивен не било толку лошо како што очекувал и се плашел од тоа, но сепак е тешко.

Искрено, јас бев преголема кукавица самиот да им кажам на моите контакти. И кога велам контакти, јас мислам… во ред, сексуални контакти исто така. Па така го направив второто најдобро нешто. Се повлеков од моите сексуални контакти пред повеќе од една година, и еден пријател ги исконтактира анонимно, да ги посоветува да направат тест за ХИВ. Реакциите беа различни, од прашања кој е испраќачот, одговори на анонимниот број дека тие само што се тестирале, испраќање гнасни пораки  до нивниот наводен ловец,  или највообичаено, под претпоставка дека ја добиле пораката, не одговараа. Но јас чувствував дека тоа беше најпристојно предупредување што можев да го направам.

Постојат анегдоти слични на овие постови од целиот свет. Оваа мапа на ХИВ-позитивни блогери создадена од Глобал Војсис го свртува вниманието на повеќе гласови на ХИВ позитивни блогери и оние што се грижат за нив, како и на други граѓански медиуми во врска со ХИВ/СИДА. Па погледнете ги и прочитајте ги нивните неверојатни приказни. Мапата може да ја вметнете, па може да ја додадете на вашата веб страница или блог. Иако беше покрената заедно со Светскиот Ден на СИДАта, мапата ќе продолжи да се надополнува во текот на годината.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.