Бахреин: Блогерот „Емоѕ“ притворен

Овој напис е дел од специјалното покривање на протестите во Бахреин 2011.

На 30 март 2011 година, бахреинскиот блогер Мохамед Ел Маскати, на блогосферата познат како „Емоѕ“ беше уапсен. Според Новинари без граници, апсењето на Ел Маскати дојде по заканите од членот на кралската фамилија што се случи на Твитер, каде Ел Маскати е исто така познат како @emoodz.

На Твитер, жителите на Бахреин и пријатели од секаде низ светот повикуваат на негово ослободување.

Muhammed El-Maskati's public Facebook profile photo.

Профил фотографија на Мухамед Ел Маскати на Фејсбук.

Бахреинскиот центар за човекови права објави линк до арапската верзија на Новинари без граници коментирајќи:

تدين مراسلون بلا حدود أيضاً حملة القمع الممارس ضد المدوّنين البحرينيين. http://ow.ly/4sSRt #freeemoodz @emoodz #bahrain
Новинарите без граници ги осудуваат острите мерки за бахреинските блогери.

Афаф Ал Давар (@Pearl14Feb) цитира:

Мохамед Ал Маскати @emoodz е бахреински блогер кој што беше уапсен заради искажување на неговото мислење #FreeEmoodz #Bahrain #feb14

Исто на Твитер, Мухамд Абдула (@mabdulla88) напиша:

Сигурно го сметам @emoodz како еден од најдобрите извори за вести во Бахреин, сега тој е во затвор и сите ние сакаме да го видиме слободен #FreeEmoodz

@Zanoob11 сподели видео снимено од Ел Маскати во 2007 година:

Во десетминутното видео, Ел Маскати дискутира за блогерството и исламот и на англиски и на арапски.

Сестрата на Ел Маскати, @Moooly85, на 4 април објави на Твитер дека нејзиниот брат е петти ден во затвор:

5 ден: поминаа 5 дена откако мојот брат беше уапсен ! #FreeEmoodz

Истакнатиот блогер, Махмуд Ал Јусуф (@Mahmood), кој што беше притворен минатата недела, исто така ја изрази неговата поддршка:

Ми недостига слободниот дух на мојот пријател @emoodz и едвај чекам да се поздравам со него. Знам дека ќе биде ослободен. #FreeEmoodz

Новинарите без граници забележаа дека Мохд Ал Калифа, членот на кралското семејство обвинет дека му се заканувал на Ел Маскати на Твитер, објавил на Твитер закани кон поддржувачите на Ел Маскати пред да го избрише профилот:

Во меѓувреме Калифа на Твитер продолжува да му се заканува на секого кој што бара ослободување на Макати: „#FreeEmoodz секој што живее во Бахреин и го поддржува терористот емоѕ, ќе му биде одземена неговата ИП адреса и ќе биде уапсен!“

Tweeted threat from Mohd Al-Khalifa, a member of the Bahraini royal family to El-Maskati's supporters before his account was deleted.

Објавена закана од Мохд Ал Калифа, член на кралското семејство на Бахреин до поддржувачите на Маскати пред да биде избришан неговиот профил.

Овој напис е дел од специјалното покривање на протестите во Бахреин 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.