Македонија: Интернет-водич за парламентарните избори

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржуваат на 5 јуни 2011. Водечките кандидати за позицијата премиер се тековниот премиер Никола Груевски од десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шеќеринска од социајл-демократскиот СДСМ. Груевски ја држи врвната извршна функција од 2006 година.

Најпопуларните хаштагови на Твитер на Македонски изгледа дека се #izbori, #izborimk, #ferizbori, #mojotizbor, а на албански #zgjedhje („избори“).

Глобал војсис понуди покривање на мачниот пат до предвремените избори во 2011 година: тука (на англиски), тука, тука и тука (анг.). Новост кај овие избори е ширењето на гласачката база со дијаспората. Арно ама, само неколку илјади од стотиците илјади македонски граѓани што живеат во странство успејаа да се регистрираат за гласање во текот на избрзаниот период на подготовки.

Ова предизвика контроверзи во врска со легитимноста на дополнителните пратеници од дијаспората, кои може да ги добијат местата со само неколку стотици гласови, наспроти потребните десетина илјади по пратеник во земјата.

Изборни единици во Македонија. Извор: Википедија.

Изборни единици во Македонија. Извор: Википедија.

Државната изборна комисија е главната институција задолжена за изборите. Во неа претседава претставник на опозицијата, но мнозинството членови се од власта, па до сега тие доминираат со носењето на сите одлуки преку надгласување.

Лого на ДИК

Лого на ДИК

Набљудувачки мисии и пријавување инциденти

  • ОБСЕ поддржува меѓународна набљудувачка мисија на ОДИХР од 300 членови, додека македонската НВО МОСТ обезбедува набљудување со 3.500 домашни набљудувачи.
  • Најмалку две имплементации на Ушахиди нудат можности за граѓаните да пријават нерегуларности, и тоа преку Мојот избор и Фер избори.
  • Отворени телефонски линии: Народниот правобранител (0800 54321) и НВО Цивил (075 846 211) која води кампања против насилство отворија телефонски линии за пријавување повреди на правата и законите.

Образование на гласачите

Логото на Слободни и фер избори

Логото на Слободни и фер избори

Низа организации од граѓанското општество започнаа информативни и едукативни кампањи за правата на граѓаните и понудите на политичките актери.
„Каков белег ќе оставиме“ – кампањата за слободни и фер избори [на македонски и албански] ја водат НДИ-Македонија, Метаморфозис, МОСТ, Македонското женско лоби и ИПД. Оваа кампања ги натера лидерите на политичките партии да потпишат Кодекс за слободни и фер парламентарни избори со цел да дадат пример за намалување на тензиите на национално и локално ниво. Потоа, во рамки на кампањата се одржа карван на настани и активности на социјални медиуми, преку кои граѓаните имаа можност да дознаат повеќе за своите права и да искажат поддршка за демократските вредности во предизборната кампања и по неа.

Како дел од регионалната соработка со невладини организации од Босна и Србија, македонските граѓани добија две алатки за носење одлуки врз основа на поголема информираност:

  • „Гласомер“ (на македонски и албански) овозможува граѓаните да ги споредат своите ставови за различни прашања со претходно внесени одговори од политичките партии.
  • Логото на Гласомер на албански

    Логото на Гласомер на албански

  • „Вистиномер“ (на македонски) нуди анализи на ветувањата и изјавите на носители на одлуки и државни функционери.

„Мојот избор 2011“ (на македонски) е сеопфатен ресурс со анализи на предизборните програми, кампањите, присуство во медиумите, како и анализи на други анализи, како што се предизборните рејтинзи. Овој веб-сајт, основан од МЦМС, МИМ и ИДСЦС обезбедува директориум на веб-сајтовите на политичките партии и нивните профили на Фејсбук, Твитер, Фликр и Јутјуб.

„Гласам“ (на македонски) е кампања на ФИООМ и МОФ за поттикнување поголема излезност како механизам за спречување измами. Тие водеа успешен натпревар за промотивни постери и видеа преку Фејсбук, со која креираа повратна врска на „Лајкови“ помеѓу младите.

 

Победникот на конкурсот за постер на Гласам

Победникот на конкурсот за постер на Гласам

Политички партии и коалиции

Како и на претходните избори, повеќето политички партии ги затворија своите веб-сајтови 24 часа пред денот на изборите како дел од неформален договор за проширување на предизборниот молк на интернет. При тоа, повеќето од нивните профили на социјални медиуми останаа активни.

Влијателниот твитерџија, Борис Ристовски, објави анализа на присуството на политичките партии на интернет на „Мојот избор“ и љубезно ја обезбеди следната листа за Глобал војсис:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.