Египет: Со забранет влез и депортиран либански блогер и активист

На Имад Бази, либански наградуван блогер и директор на CyberACT, невладина организација која се бори за промена и реформа на Средниот Исток и Северна Африка користејќи ги социјалните медиуми како алатки, му беше забранет влез во Египет во понеделникот, 5 септември, 2011 година.

Имад кој е познат на Твитер како @TrellaLB, се јави на некои од неговите пријатели, и објавуваше на Твитер од полициската канцеларија на египетскиот аеродром, со цел да ја прошири пораката дека му било кажано дека неговото име „било на листата на луѓе на кои им е забранет влез по барање на безбедносното тело“, и дека тој по кратко време ќе биде ставен на авион назад до Либан.

Кратко по ова, корисниците на Твитер започнаа да се прашуваат како може да се случи такво нешто во она што треба да биде Египет по револуцијата и Мубарак.

@Dima_Khatib: Либанскиот блогер @TrellaLB беше задржан, депортиран од властите на аеродромот во Каиро како што пристигна. Тој беше ставен на „црната листа“ !!! Каде е #jan25?

@JustAmira: Либански блогер (@TrellaLB) е депортиран од Египет. Дали е Мубарак пак на сила?

Организациите за човекови права како што се Арапската мрежа за информации за човекови права и Очите на Самир Касир беа загрижени кога ги слушнаа вестите.

Откако се врати во Либан, Имад напиша за неговото искуство кога го задржале на аеродромот во Каиро. Тој напиша како никогаш не можел да замисли дека неговата периодична посета на Каиро ќе постане таква авантура, посебно со неговата претходна одлука да остане и работи во Каиро. Тој исто така додаде дека не замислувал како Египет после револуцијата ќе личи толку многу како што беше пред револуцијата. Потоа ги сумираше дискусиите кои ги имал со испитувачите на аеродромот.

الى ان حضر شخص بمرافقة من الشرطة فيما كان هو باللباس المدني وكان في غاية الإحترام وسأل سؤالين وانصرف
الظابط : ما سبب إصابتك في الظهر
الجواب: ديسك
هل انت من “ولاد” الفايسبوك؟
الجواب: لم افهم السؤال
حسناً يا استاذ، عشر دقائق واعود…

Додека некој во цивилна облека не пристигна заедно со полицијата, и беше доволно учтив, ме праша неколку прашања и потоа замина.
Полицаецот: Која е причината за вашата повреда на грбот?
Одговор: Диск.
Полицаецот: Дали си ти еден од оние од “Фејсбук младината”?
Одговор: Не го разбирам вашето прашање
Па, ќе те оставам на 10 минути и ќе се вратам.

Потоа дојде друг полицаец со пасошот на Имад и почна да поставува уште прашања.

الظابط: من هو وائل عباس ؟
الجواب : صديق
الضابط: و…. (لم يتمكن من قراءة الإسم فإستعان بشرطي) ومينا ذكري؟
الجواب: صديق الكتروني
الظابط: اي ده الفورين بوليسي مين دول؟
الجواب: مجلة عالمية
الظابط: ولم تمنحك جائزة؟
الجواب: ليست جائزة، انما تقدير
الظابط : على ماذا ؟
الجواب: نشاطي الإلكتروني
الظابط: هو انت من اللي بيدعموا الثورة؟
الجواب: هزة بالرأس بمعنى لم افهم ما يقصد

Полицаецот: Кој е Ваел Абас?
Одговор: Пријател.
Полицаецот: (Не можеше да го прочита името, па побара помош од полицаецот) А Мина Зекри?
Одговор: Онлајн пријател.
Полицаецот: Што е Надворешна политика? Кои се тие?
Одговор: Меѓународно списание.
Полицаецот: Зошто ти дадоа награда?
Одговор: Не награда, туку признание.
Полицаецот: За што?
Одговор: За мојата сајбер активност.
Полицаецот: Дали си ти еден од оние кои ја поддржуваат револуцијата?
Одговор: Ја потресов мојата глава индицирајќи дека не го разбирам прашањето.

Третиот испрашувач дојде да му постави уште две прашања на Имад, и тоа едното за неговата врска со Маикел Набил, првиот блогер кои е затворен откако Мубарак се повлече, и кој Имад претходно го посети во затвор, бидејќи тој е пацифист, а Иман е заинтересиран за проучување на пацифизамот.

Ова прашање малку појасни зошто на Имад му е забранет влез во Египет. Либанскиот весник Ал-Акбар исто така се обиде да ја открие причината за забранетиот влез на Имад во Египет.

يكشف بزّي عن السبب الحقيقي لترحيله من مصر: «لا شكّ في أن نشاطي على الإنترنت أثار شكوكهم، لكن الأهم هو زيارتي للمدوّن مايكل نبيل في سجن المرج العمومي في شهر حزيران/ يونيو

Имад ја открива вистинската причина поради која е депортиран од Египет: „Очигледно е дека мојот сајбер активизам е провокативен за нив, но најважна е мојата посета на Маикел Набил во Ал-Марг затворот минатиот јуни.“

На крај, Имад напиша на Твитер дека не е тажен, се додека Египќаните можат да ја вратат својата земја и нивните права наскоро.

@TrellaLB: Во ред е што бев депортиран од Египет. Ќе имам шанса да седнам и да ги гледам бунтовниците утре како ја превземаат земјата, со среќа #Egypt

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.