Индија: Не работете навечер и нема да ве силуваат

Изминативе денови неколку работнички беа грабнати и силувани во градот Гургаон, оддалечен 30 километри од главниот град на Индија, Њу Делхи. Но, се што можеше администрацијата да направи е да се оттргне од својата одговорност да обезбеди сигурност за граѓаните, на тој начин што побара од сите трговски центри, трговски претпријатија и сопственици на пабови да не ги ангажираат жените вработени по 20 ч.

Корисниците на интернет во Индија преполни со бес и неверување, ги искажаа своите мислења. Некои од реакциите беа саркастични, некои ни ги отворија очите, а некои ја појаснија апсурдноста на оваа одлука.

Аамјаната смета дека оваа директива е неодговорна, бидејќи многу работни места бараат работење до доцните часови:

[..] и жените полицајци треба да работат во ноќна смена исто така.

Illustration by Samia Singh. CC BY-NC-ND 2.5

Илустрирација од Самија Синг. CC BY-NC-ND 2.5

Сандип Рој во Првиот Пост (First Post) ја критикува тактиката која полицијата ја користи за да ја игнорира својата одговорност:

Ако полицијата не сака да се вмешува во целава оваа афера, тогаш еве ви едно алтернативно решение кое се шири низ Твитер: што велите за полициски час за сите мажи во Гургаон по 20 часот?

Животот и времето на индиската домаќинка (The Life and Times of an Indian Homemaker) прашува:

Дали Вас како граѓанин Ве успокои одговорот на гургаонската администрација?

Немаше ли да биде поуспокојувачки ако се разјаснеше тоа дека нема да биде повторена и простена несовесната работа на полицијата?

Блогерот исто така прашува:

Дали работните места, безбедноста и патиштата по 20 ч. во Гургаон се резервирани само за мажите?

Дрдорење по градот (Rambling In The City) го обвинува начинот на размислување на патријархалното општество:

Мојата прва реакција, се разбира, е колку му е лесно на општеството (властите го рефлектираат поголемиот општествен став) да побара од жените да се однесуваат со „одредени граници“. Баш како и неодамнешните инциденти, во кои вработените во една авио компанија ги замолија луѓето со посебни потреби да слезат од авионот. Таквиот однос многу потсетува на сфаќањата според кои жените се слаби, неспособни и најчесто само  проблем.

 

Participants at the Delhi Slutwalk shout slogans and hold banners. Image by Rahul Kumar. Copyright Demotix (31/7/2011).

Учесници на протестот Прошетка на проститутките во Делхи извикуваат слогани и држат транспаренти. Слика од Рахул Кумар. Авторски права Демотикс (31/7/2011).

Корисниците на Твитер, исто така, неуморно ги искажуваа своите гледишта:

@anuragsharma137: 4-ти случај на силување во близина на трговскиот центар Сахара во Гургаон во рок од 45 дена. следниот ден животот си тече најнормално. Дали се луѓето силни или, пак, кукавици?

@Ankursays: #Gurgaon беше еднаш горд симбол за развојот во нашата земја. Сега целиот #NCR стана срамен симбол (#rape destination) за нашата држава.

@Nadlakha: Само затоа што неколку мажи не можат да си ја контролираат ерекцијата, жените мора да седат дома. Браво за идејата! #gurgaon

@saliltripathi: Па, по сè изгледа силувачите во Гургаон си имаат официјално работно време.

@LadyAparna: RT @Harneetsin: Значи на жените им е кажано да седат дома по 20 ч. ако не сакаат да бидат силувани. Сега силувачите во Индија добиваат свои „официјални“ Happy Hours. Цркнете.

@NameFieldmt: Излезе дека мажите се врколаци и сл. Светци се сè до 20 ч. и стануваат варварски силувачи штом стрелките отчукаат 20 ч. #Gurgaon

Додека сите зборуваат за проблемот и превентивните мерки, Ankita Mahajan размислува за можното решение:

Владата треба да превземе остра иницијатива за да ги искорени таквите случаи. Доколку едно лице е прогласено за криминалец и е затворено поради случај со силување, во тој случај треба да за него да постои само една казна – смртна казна.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.