Русија: Поврзување соседи, спасување животи

Летотo во 2010 година, кога Русија ја тресеа пожари, давејќи и задушувајќи цели села, интернет активистите се организираа. Додека руската влада одговараше бавно и делумно, блогерите одговорија брзо лансирајќи го сајтот – Руски пожари, кој им дозволува на корисниците на Интернет од малите градови да шират брзи информации за тоа каде пожарите уште жарат и кои резерви се неопходни.

Сајтот стана неверојатно популарен, добивајќи посетеност од 17,000 уникатни посетители дневно.

Кога заврши кризата, блогерите кои го водеа проектот – Анастасија, Северина, Алексеј Сидоренко, Лев Звајагинцев, Валери Илијчев и Грегори Асмолов – забележаа дека сајтот се уште е многу посетен. Корисниците продолжуваа со праќање пораки во врска со други проблеми и потреби во нивните градови.

„Луѓето увидоа дека тоа е една ефективна платформа за испраќање помош на кризните места“, вели Северина.

Website "Virtual Alarm" maps alerts for help and need, and then coordinates locals to respond.

На веб – сајтот „Виртуелен аларм“ мапата предупредува за помош и потреба, и потоа ги координира локалните служби да одговорат.

Поврзување на луѓето на нови начини

Инспирирани од успесите на Руски пожари, блогерите развија нов сајт Ринда.орг (Виртуелен Аларм) – кој моментално е составен од три мапи: „Генерална мапа“, „Мапа на пожари“ и „Мапа на крводарителство“.

Локациите на луѓето кои имаат испратено барања се означени со црвено, додека понудите за помош се со зелено. Северина вели дека се обидела да направи сајт кој би бил што поедноставен, така што луѓето „кои не знаат многу да користат компјутер, можат да отидат на страницата и да видат две копчиња: „Ми треба помош“ или „Сакам да помогнам.“

Тимот на овој сајт во Москва физички не доставува или прима добра. Наместо тоа Визуелен Аларм ги поврзува луѓето, оние кои живеат во ист град со оние кои имаат се.

„Еве да речеме дека на една мајка и требаат залихи, како што е облека за нејзиното дете. Нема смисла да се праќа облека од некоја НВО во Москва до Владивосток,“ објаснува Северина. Наместо тоа, алармите за помош или потреба се обележани на мапата и луѓето кои се желни да помогнат се известени за новите барања преку имејл.

По речиси две недели, тие ги проследуваат останатите известувања за да се осигураат дека некој им одговорил на повикот за помош.

Мапирање на дарители на крв

Најновата мапа на Виртуелен Аларм ги мапира дарителите на крв и банки за крв низ цела Русија. На мапата се обележани центрите за дарување на крв и исто така ги поврзува оние на кои им се потребни донации на крв со дарители од иста крвна група во нивната близина. Регистрираните корисници исто така можат да остават коментари за нивното искуство при дарување крв, со што Северина се надева дека ќе помогне за да им покаже на луѓето колку е лесно и потребно да се донира крв барем еднаш годишно.

A woman donates blood

Слика од сајтот на руското Министерство за здравство, охрабрувајќи ги граѓаните да даруваат крв.

Според статистиките во 2010, само 13 од 1,000 личности во Русија донираат крв секоја година, во споредба со стапките 3-4 пати повисоки во Европа и САД. Руското Министерство за здравство и социјален развој вели дека тие треба да достигнат стапка од најмалку 25 од 1,000 луѓе да даваат крв, со цел болниците и клиниките да работат адекватно.

Министерството неодамна отвори жешка линија и веб-сајт „Јас сум дарител“ (Yadonor.ru) за да ја информира јавноста и да го олесни дарувањето крв.

Во блиска иднина, Ринда се надева за склучување партнерство со локалните бизниси, со цел да им обезбеди мала награда на регистрираните корисници – како попуст во некоја продавница или влезници за во кино – како благодарност што волонтирале.

Што се однесува за идната употреба на мапата, Северина вели „Ако не дај Боже, нешто се случи или се појават некои нови кризи, ќе направиме нова мапа и ќе ги поврземе луѓето“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.