Индија: Последниот рачно пишуван весник во светот

Најраните форми на весници биле пишувани рачно, а „The Musalman“ најверојатно е последниот весник во светот пишуван на овој начин.Овој весник кој е на Урду јазик бил основан во 1927 година од страна на Ченаб Суед Асмадула Сахи и оттогаш наваму дневно бил издаван во градот Ченаи во Индија.

Моментално весникот го води внукот на Суед Асмадула, Суед Арифула, додека шест умешни калиграфи работат секојдневно на овој четирилистен весник. Со тираж од  приближно 23,000 примероци, весникот покрива вести на јазикот Урду од разни области вклучувајќи ги и политиката, културата и спортот.

Со последните технолошки достигнувања, каде што печатените весници речиси се истребени бидејќи луѓето ги читаат онлајн, ретко може да се наиде на ваков привлечен човечки допир во создавањето на весник. Цената  е 75 саиси (приближно 2 американски центи).

Signboard of the office. Screenshot from the video The Musalman

Плакатот на канцеларијата. Скриншот од видеото за The Musalman

Мадан Мохан Тарун известува:

Моментално весникот го уредува г-дин Суед Арифула. Тој ја презеде работата откако почина татко му. Неговиот татко го водеше весникот 40 години, а весникот е основан од страна на неговиот дедо во 1927.

Овој весник го има задржано својот оригинален изглед и не го прифати компјутерскиот Урду фонт. [..]

Подготвувањето на секоја страна трае околу три часа.

Откако ќе ги добиеме вестите од хонорарни новинари во англиска форма, тие се преведуваат на Урду и Катиб од страна на писатели, кои се посветени на античката уметност на Урду калиграфијата и рачно ја пишуваат целата сторија на хартија. Потоа се подготвува негативот на рачно напишаната хартија и се притиска на печатарски плочи.

Афсар Шахеен коментира во еден пост на Лутфиспејс, образложувајќи  зошто сè уште се користи литографијата:

Пишувањето на Урду машината за пишување беше многу тешко; исто така текстот отчукан на машина изгледаше грдо во споредба со рачнонапишаниот текст. Од таа причина, Урду ѝ се наврати на литографијата, додека сите други јазици почнаа да ја користат машината за печатење.

Со пристигнувањето на  компјутерот, пишувањето на Урду доби голем поттик и поддршка. Компјутерот овозможуваше калиграфско пишување без проблемите кои настануваа при литографијата. Сепак, соодветно литографирана книга или весник делуваат убаво и пријатно; компјутерски напишаниот Урду не може да се споредува со литографираниот.

Погледнете го видеото режирано од страна на Ишани К. Дута, а продуцирано и качено на Јутјуб од страна на Одделот за јавна дипломатија на Индиското Министерство за надворешни работи:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.