Египет: „Ваш идентитет, ваши права“ кампања за жените

Според податоците од египетското Министерство за внатрешни работи, до 4 милиони жени во земјата не поседуваат документи за идентификација. Една жена без документ за идентификација не може да поседува земјиште, не може да купува или продава добра и не може ниту да прими наследство од членови од нејзиното семејство.

Недостигот од документи за идентфикација исто така на жените им оневозможува пристап до разни јавни и правни услуги меѓу кои образованието, здравствените услуги, правото на гласање и други елементарни општествени права. Заради оваа причина започна нова кампања за сите жени да имаат национална лична карта.

Кампањата носи наслов „Ваш идентитет, ваши права“ и има за цел бесплатно да им обезбеди лични карти на две милиони Египќанки. Ќе започне со пилот програма во траење од три месеци.

2 Million IDs to 2 Million Women

2 милиони документи за идентификација за 2 милиони жени

Според Фејсбук страницата на кампањата [на арапски]:

المرحلة التجريبية سوف تشمل الـ 3 شهور القادمة (ابتداءا من مارس) و سوف تبدأ في محافظة القليوبية و هي تضم 14 مركز و تهدف أكثر من 40 ألف سيدة لا تملك بطاقة رقم قومي. تم أختيار المراكز التالية فى محافظة القليوبية للمرحلة التجريبية: مركز بنها، مركز قليوب، مركز شبين القناطر ومركز القناطر الخيرية

Пилот фазата ќе трае три месеци почнувајќи од март, а ќе се одржи на територијалната единица Калиобеја, која е составена од 14 области. Целта во овој тест период се 40 000 жени кои не поседуваат документи за идентификација. Следните области од територијалната единица Калиобеја се избрани за фазата на тестирање: Бена, Калиуб, Шебин Ел канатер и Ел-Канатер Ел-Кајреја.
According to UN report in 2006, 41% of the adult females in Egypt are illiterate. Photo courtesy of Ilene Perlman.

Според еден извештај на ООН од 2006, 41% од возрасните жени во Египет се неписмени. Фотографија Илене Перлман.

Ова не е првата кампања која се обидува да ја постигне истата цел. Сепак таа е поддржана од страна на разни невладини организации, од кои и ОН Жени (Орган на ОН за родова еднаквост и еманципација на жените), УНДП (Програма за развој на Обединетите нации), МСАД(Државно министерство за развој на администрацијата), СФД (Социјален фонд за развој), МоФА (Министерство за надворешни работи), и други.

Организаторите на кампањата се служат и со социјалните медиуми со цел подигање на свеста во врска со оваа тема. Тие отворија профили на Твитер и Фејсбук за да ја информираат јавноста за кампањата и половата нееднаквост во земјата.

На Твитер, тие објавија:

@Million_ID: تم تصنيف مصررقم 120 من بين 128 دولة علي قياس الفجوة بين الجنسين
@Million_ID: Египет е рангиран на 120 место од 128 земји во однос на нееднаквоста меѓу половите.
Your ID, Your Rights

„Ваш идентитет, ваши права“

Најпосле, тие сакаат луѓето да им помогнат во подигање на свеста за кампањата споделувајќи ја на страниците на Фејсбук и објавувајќи на Твитер.

Еве како аперлираат до нетизените:

@Million_ID: هدفنا اونلاين مش اننا نوصل للنساء في القري و لكن هدفنا هو نشر الوعي للناس من الطبقة المتوسطة و العليا
@Million_ID : Целта на нашето присуство на интернет не е да се едуцираат жените од селата туку да се доближи оваа кампања до средните и повисоките класи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.