Либија: Фотографии од богати, потресни и историски времиња

Овој напис е дел од специјалната репортажа Побуни во Либија 2011.

Британско-либијскиот хирург и хуманитарец кој пишува под името Амал Ал-Леби стана носталгичен и објави некои стари слики од претходни посети на Либија на неговиот профил на Твитер @libyansrevolt за да покаже дека се сеќава на Либија.

@libyansrevolt: Гледајќи некои стари #слики од Либија од претходни посети…

Arch of Marcus Aurelius in Tripoli Libya

Сводот Маркус Аурелис ноќе во стариот град во Триполи. Фотографија на @libyansrevolt.

Тој започна со фотографиите од крајбрежниот град Триполи – фотографии кои ги покажуваат градските пазари каде продавачите на зеленчук се наоѓаат покрај улиците, работниците со лим во областите или „зангас“ на стариот град па дури и оние кои продаваат јајца од ноеви.

Тој исто така сподели и фотографии кои ги покажуваат историските елементи на градот, како што е Отоманскиот замок Ал-Сараја Ал-Хамра (црвениот замок) кој се наоѓа во стариот град во Триполи каде е и  националниот музеј на Римската архитектура, мозаиците и скулптурите.

Други фотографии покажуваат слогани и транспаренти за Гадафи низ целиот град, Плоштадот на мачениците, кој самиот Гадафи подоцна го преименува во Зелен плоштад.

Ousban - A famous Libyan dish

Оусбан, познато либијско јадење слично на зачинети хаги. Фотографија на @libyansrevolt.

Тој потоа оди во Лептис Магна, кој е прочуен град на Римската Империја, а неговие остатоци се наоѓаат во Ал Кумс, 130 км источно од Триполи на брегот каде Вади Лебда се спојува со морето. Тој направи многу фотографии од остатоците таму:

Колосеумот во Лептис Магна Либда, често обележје на многу медитерански градови. Фотографија на @libyansrevolt.

Лептис Магна е дел од Светското наследство на УНЕСКО, и тоа го натера да препорача секој да го посети ако некогаш патува во Либија, и исто така додаде: „Ако кое било од овие места е оштетено кој и да е одговорен треба да плати“.

Античка џамија – датира од 668 год. н.е. Фотографија на @libyansrevolt.

Тој потоа додаде фотографии од фармата на неговиот вујко, Либијската пустина со нејзините песочни дини, палми, брани и илјадници години стариот глинен град.

GaberOun оаза во средина на либијската пустина. Водата е посолена од Мртвото море! Само пловиш! Фотографија на @libyansrevolt.

Ќаср Елхај, античка мелница на жито од внатрешноста на Џебел Нафуса. Фотографија на @libyansrevolt.

Конечно, тој беше одведен од локален жител до планина каде фотографираше уметност од античка пештера која датира од 5,000 ~ 10,000 год. п.н.е.  Тој додаде дека таму има многу пештерски цртежи од античко време особено на Акакус планините, сепак, за жал  некои се оштетени со графити.

Овој напис е дел од специјалната репортажа Побуни во Либија 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.