Венецуела: „Фотографии, наместо оружје“

Алберто Ројас за себе вели дека е „аматерски урбан фотограф“, но сликите кои ги поставува на својот блог Слики од Каракас се далеку од аматерски. Тој го опишува својот блог како:

[…] Лоша копија, или поточно, блог инспириран од блогот Паузиран Мумбај од МС Гопал (благодарам баи), но на пониско професионално ниво. Сепак, ќе се обидам да го постигнам истото. Да ја фатам убавината на едноставните работи, со помош на фотоапарат или пак со мојот мобилен телефон, во овој град кој е загаден од истрели.

Со мотото „фотографии, наместо оружје“, целта на Алберто е да ја покаже пријателската страна на Каракас, главниот град на Венецуела. Серијата фотографии „Лет на ќеси“  покажува деца од едно предградие на Каракас кои си играат со пластични ќеси како да се змејови:

Flying bags

Алберто објави слики и од еден кинески пазар за порцелан:

Banner reads: "Every day, everything on sale"

На плакатот пишува: „Секој ден, се на попуст“

Еве неколку фотографии од улична уметност од Каракас:

Центар за згрижување животни:

И многу повеќе!

За повеќе прекрасни фотографии претплатете се на Слики од Каракас и следете го Алберто на Твитер (@chamorojas) и Pinterest .

Сите слики се употребени со дозвола од Албертос Ројас.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.