Бангладеш: Уништувањето на сиромашен кварт во Дака предизвикува хуманитарна катастрофа

Во средата (4 април 2012 година) жителите на сиромашниот кварт Караил, еден од најголемите во главниот град на Бангладеш, беа иселени од страна на властите, со цел да ја расчистат областа околу езерото Гулшан од незаконските станари. Жителите биле предупредени неколку дена претходно преку разглас, а многумина не ја дознале информацијата. Илјадници градби, меѓу кои и куќи и продавници, беа уништени со предупредување за помалку од еден ден, на 80 акри (околу 32 хектари) земјиште во сопственост на БТЛЦ (Бангладеш телекомуникации) во Караил и други сиромашни квартови во Дака. Оттогаш, еден жител на сиромашниот кварт е во потрага по својата 4 годишна ќерка која исчезнала од моментот кога булдожерите ги урнале првите бараки.

The Incremental House објави студија на случај за развојот на овој сиромашен кварт:

Целиот сиромашен кварт се заснова на отпор. Тој лежи на теренот на нечија земја. Морфолошки, тој не би можел да биде поразличен од околните станбени населби Гулшан и Банани. Обиколен е со вода. Жителите воспоставиле мрежа на транспорт со брод за луѓето да можат да одат на работа и да се враќаат дома.

[…] Се е многу добро организирано, дали ова остава простор за отпор? Од каде водата и електричната енергија? Бродовите ги тријат одоводните цевки кои пловат во водата. Цевките се поврзани со главната водоводна мрежа на Банани. Некој го контролира сево ова. Електричната енергија поминува преку водата, и тука повторно, постои приклучување на главниот далновод.

Едно кратко видео (поставено од lizscarff) го илустрира контрастот меѓу богатите и сиромашните во околината на сиромашниот кварт Караил:

На мојот личен блог, пишувам за историјата на протерувањето:

গত বছর ২০শে সেপ্টেম্বর রাজউক এরকম স্বল্প নোটিসে আরেকটি উচ্ছেদ অভিযান চালায় সেখানে। পুলিশ আর পাড়ার মাস্তানদের দ্বারা ১২০টিরও বেশী পরিবার উচ্ছেদ করা হলেও পরে তারা আবার এসে বাসা করে। গত ২০০৮ সালে প্রথম পিডাব্লিউডি উচ্ছেদের নোটিশ পাঠালে আইন ও শালিস কেন্দ্র পুনর্বাসন ছাড়া উচ্ছেদ মানবাধিকার লঙ্ঘন এই বলে হাইকোর্টে একটি স্টে অর্ডার নেয়। সেই মামলার বিভিন্ন শুনানীতে পুনর্বাসনের কথা বলা হয় তবে গত জানুয়ারীতে হাইকোর্ট সরকারকে আদেশ দেয় দুই মাসের মধ্যে এই বেদখলকৃত জমি উদ্ধার করতে – তবে সেখানে পুনর্বাসনের কোন কথা বলা হয় নি।

Минатата година, на 20 септември, RAJUK (службата за домување), направи ново истерување со предупредување во краток рок. Полицијата и локалните насилници присилија 120 семејства да заминат и ги уништија нивните домови, но подоцна семејствата повторно се вратија. Во 2008, PWD (Службата за урбанизам) започна да испраќа писма за иселување до жителите на сиромашниот кварт. Аин О Шалиш Кендро, една НВО, се заложи за нив и издејствува одлука од судот тие да останат, аргументирајќи дека без повторно вдомување едно такво прогонство ги прекршува човековите права. Во различни фази на судењето, се разговараше за прашањето за повторно вдомување, повеќе или помалку. Но, минатиот јануари, судот донесе одлука да се ослободат земјиштата од незаконските поседници и сопствениците да добијат надоместок (од страна на владините агенции) – но без да стане збор за какво било повторно вдомување на жителите.

করাইল এলাকার এইসব ভূমিহীন বস্তিবাসীর ৩০ ভাগ দিনমুজুর, ২০% রিক্সা-ভ্যান চালায়, ১৮% গার্মেন্টস কর্মী ও ১২% ছোট ব্যবসা করে। তাদের মাসিক আয় ২৫০০-৪৫০০ টাকা এবং স্থানীয় মান্তানদের ৮০ স্কয়ার ফিটের ঘর ভাড়া দিতে হয় ৮০০-১২০০ টাকা।

Повеќе од 30 % од жителите на сиромашниот кварт Караил се дневни работници, 20 % влечат рикша или возат колички, 18 % работат во текстилната индустрија и 12 % се ситни трговци. Едно просечно семејство заработува од 2 500 до 4500 бангладешка така (30 до 52 американски долари) месечно и мора да плати „рента’ за земјопоседници од 800 до 1200 таки за незаконска барака од 80 квадратни стапки (7 m²).

Жителите на сиромашниот кварт Караил учествуваат во човечки ланец за да ги изразат нивните барања. Фотографија од Фироз Ахмед. Авторски права Демотикс (18/2/2012)

 

Julkarnain се прашува во врска со протерувањето без програма за повторно вдомување:

আমাদের মানবিক বিবেচনা কী দিন দিন হারিয়ে যাচ্ছে? নাকি বিবেচনার গলা টিপে রোবোটিক হয়ে উঠছি প্রতিনিয়ত আমরা? এমনিতেই শহরে প্রচুর ভাসমান লোক এখানে সেখানে বসবাস করে। তার সাথে যদি এরা যুক্ত হয় তাহলে শহরের না কোনও সৌন্দর্য বর্ধন হবে না আইন-শৃংখলা পরিস্থিতির কোনও উন্নয়ন সাধন হবে।

Дали ја губиме нашата човечност? Или пак ја задушуваме нашата критичка способност и постануваме роботи? Градот е полн со сиромашни луѓе без сопствена земја. Ако овие луѓе се приклучат кон бездомниците, градот нема да излезе како победник, а законот ќе престане да се почитува.

Во знак на протест, жителите на сиромашниот кварт формираа човечки ланец и ги блокираа поголемите улици од главниот град, што создаде огромен метеж во сообраќајот. Сообраќајот беше прекинат за времетраење од три часа на улицата Гулшан Мохакали, создавајќи на тој начин бескраен сообраќаен метеж во голем број улици во главниот град.

Корисниците на Твитер ги изразија своите мислења.

@nhasan89: Мислам дека денес е црн ден кој ќе биде одбележан во историјата. Луѓето се доведуваат до границата на издржливоста. #karail #freebangladesh

@EEP_shiree: Катастрофално иселување од сиромашниот кварт Караил на 4 април уништи 45 000 живеалишта… како да им помогнеме на овие граѓани да излезат од крајната сиромаштија?

@KorviRakshand: Во моментов илјадници луѓе се останати без дом и без покрив над главата во сиромашниот кварт Караил близу езерото Банани. http://t.co/LpeAmBnk

Жители од сиромашниот кварт Караил се засолнуваат во колонијата T&T во Гулшан по иселувањето. Фотографија од Фироз Ахмед (Авторски права Демотикс 5/4/2012)

@shahanasiddiqui: Надвор е неверојатно темно – #kaalboishakhi – летна бура. Се грижам за луѓето од Караил кои се без засолниште под отворено небо.

@mehrabsaurav: Лежам во мојот кревет и мислам на сите оние бездомници кои беа протерани од сиромашниот кварт Караил. Се чувствувам немоќен, не можам да сторам ништо за да им помогнам ! #Дака

@shahanasiddiqui: Здраво на сите, фондацјата JAAGOF (@JAAGOFoundation) подготвува храна за протераните од Караил. Потребна ни е помош околу дистрибуцијата. Бидете на пладне на теренот TNT.

@JAAGOFoundation: Во текот на последните 36 часа распределивме храна на жртвите од уништувањето на сиромашниот кварт Караил, преку …http://t.co/NarANbkC

Поројните дождови во петокот ја влошија состојбата на жителите кои беа протерани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.