Арапскиот свет до Гингрич: „Ако Палестинците се измислени, тогаш Американците се…“

Палестинците се „измислен“ народ кој сака да го уништи Израел, вели републиканскиот кандидат за претседател на Соединетите Држави, Њут Гингрич. Неговите коментари, во интервјуто на една еврејска телевизија, предизвикаа бес и потсмевање кај интернет-корисниците од арапскиот свет.

На Твитер, Саудиецот Мохсен Ал Мохсен реагира:

@MolMoHsen: Њут Гингрич: Палестинците се „измислен“ народ [а белите Американци сигурно се староседелците на САД]

Египќанката Зеинобиа има слично мислење за кое пишува на својот блог, Египетски хроники:

Според стандардите на Гингрич и неговата дефиниција за „измислен народ“ и Американците спаѓаат тука, на крајот на краиштата, тие се група имигранти кои дошле од целиот свет да живеат во земја во која веќе 200 години живееле и ја поседувале домородните Индијанци!!

Еван Хил, он-лајн продуцентот на Al Jazeera English, со седиште во Доха, Катар, вели:

@evanchill: Се прашувам дали Гингрич би се сложил дека и Ирачаните, Јорданците, Сиријците и Либанците исто така се „измислени“ народи

Ентони Пермал, кој живее во Дубаи, ОАЕ, одговара:

@anthonypermal: Драг Гингрич, велиш дека #Палестинците се измислени луѓе. Па ни Израел не постоел пред 1948 година. #justsaying

Во меѓувреме, Марк Линч , кој е во посета на Кувајт, споделува прашање од локалните весници кое најверојатно ќе биде поставено во ходниците на моќта низ арапскиот свет:

@abuaardvark: Прво прашање од кувајтските весници: Како можеме  да веруваме на САД кога Гингрич го негира палестинскиот идентитет?

А пак, Палестинецот Селин се шегува:

@Selintellect: Дали Њут Гингрич навистина постои? Мислам, според него, Палестинците се измислени. Неговото име звучи како изум од Хари Потер..

Насер Али Касавнех, кој живее во Дубаи, ОАЕ, однапред предвиде:

@Nasserak: Ако Њут Гингрич е најдоброто нешто што републиканците можат да го понудат, тогаш Обама убедливо ќе победи на изборите дури и без кампања!

На 6-ти ноември 2012 година, по 57-ми пат, ќе бидат одржани изборитe за претседател на САД кои се одржуваат на секои 4 години.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.