Арапскиот свет го празнува 1ви мај

1 ви мај, празникот на трудот или Меѓународниот ден на работниците се празнува во многу арапски земји, а се одржуваат протести и собири организирани од страна на синдикати и политички партии за да се оддаде чест на улогата на работниците и да се потсети на нивните права.

Либискиот национален Совет за транзиција објави објави дека меѓународниот ден на трудот ќе биде национален празник почнувајќи од годинава. Хамид објави на Твитер од Триполи:

@2011feb17: Првиот #1мај (Ден на работниците) во #Либија, празник за прв пат во 42 години ! Среќен празник на сите! Да #Либија се промени 😉

Протести на авенијата Хабиб Бургуиба, Тунис. Фотографија од Амине Граби на Фликр (Криејтив Комонс BY-NC 2.0).

Во Бахреин, се одржаа протести низ целата земја за да побараат враќање на стотици работници отпуштени минатата година заради учество во протести. Многу протести беа потиснати со солзавец од страна на полицијата за немири. Мазен Махди, новинар, известуваше за настанот од Сук Манама (пазар):

@MazenMahdi: И покрај солзавецот протестите на 1ви мај продолжија во Манама Сук #Manama #Bahrain

Протести во Куригба, Мароко. Фотографија од Твитер корисник @__Hisham.

Имад Бази напиша на Твитер во врска со хакирањето на интернет страницата на либиското Министерство за труд:

@TrellaLB: Специјална испорака за Министерството за труд во #Либан за денот на трудот, целосно преуредување : 😀 loooool http://www.labor.gov.lb/ благодарение на #RYV

Интернет страницата беше изменета и можеше да се прочита:

Ние сме RYV, скратеница за Raise Your Voice (Подигнете го вашиот глас), група обични граѓани кои веќе не можат да поднесат да седат со скрстени раце и да молчат пред неконтролираниот криминал и неправда во Либан. Не сакаме да бидеме замолчени и подложени на перење на мозок од страна на вашите медиуми. Нема да запреме се додека либанскиот народ не се мобилизира за да ги побара своите права и ги добие. Нема да запреме се додека не го достигнеме оној животен стандард кој доликува. Нема да запреме додека не се решат проблемите кои ги предизвика Владата: прекините во снабдувањето со електрична енергија, прекините во снабдувањето со вода, повисоките цени на гасот и зголемувањето на цените на прехранбените производи. Ние сме RYV, очекувајте тишината да биде нарушена, без разлика дали на улица или на интернет. Молчењето е кривично дело.

Протести во Каиро. Фотографија на Хосам ел-Хамалави на Фликр (Криејтив Комонс BY-NC-SA 2.0).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.