Венецуела: Блогосферата ја дискутира кампањата

Расправањето помеѓу едната страна и другата на интернетот и помеѓу политичките позиции во Венецуела не се изненадување, особено за време на изборната година. Венецуелските нетизени го дискутираат легалитетот на изборната кампања на претседателот Хуго Чавез и плановите предложени од страна на опозицискиот кандидат Енрике Каприлез Радонски. Двете страни ги анализираат предлозите, напаѓајки ги кандидатите и е интересно што двете страни имаат нивни следбеници. Тие се сомневаат во Националниот изборен совет и ја истражуваат финансиската поддршка на кандидатите. Плановите на Владата се ставeни на повторно размислување а говорите се шират.

Во меѓувреме, патот кон изборите во октомври станува се понапнат од ден во ден. Во оспорените избори во кои опозицијата конечно успеа да направи место за себе, блогосферата рефлектира зголемени очекувања за двете страни.

Лудмила Виноградоф поентира кон привилегиите на кампањата на Чавез и ги цитира анализите со кои го обележува контрастот помеѓу видливоста на кандидатите:

Опортунизмот на Чавез е претеран. Кампањскиот менаџер на Енрике Каприлез Радонски, Армандо Брикет, потврди седум специфични обвинувања со документи и доказ пред Националниот изборен совет, што ги покажува диспропорциите, небалансите и прекршувањето на правилата извршени од страната на кампањата на Чавез, уште од првиот ден од нејзиното стартување.

Брикет документираше дека венецуелскиот јавен телевизиски канал, ВТB емитувал 6-1/2 часа од Чавезовата инаугурација и само 11 минути од Каприлезовата. Дневните весници „Преглед“, „Гласот“, „Корео дел Ориноко“ и „Најнови вести“, издале реклами од јавниот собир на Чавез што се случи минатата недела.

Истотака Даниел на неговиот блог „Изметот на Ѓаволот“ поентира што тој гледа како дефект на законот:

Така, додека Чавез ја финансира неговата кампања со целосно прекршување на законот, на начин кој се казнува со затвор, надзорникот на банките оди на рибарење за да види дали некоја небитна сума на пари оди кај председателската кампања на Каприлез преку опозициските лидери. Ова ги ограничува кампањските придонеси, бидејќи донаторите се плашат од вознемирување поради допринесите кон кампањата на Каприлез, додека сите владини ресурси се во служба на напорите на Чавез во бесрамно прекршување на законот.

Такви се нефер и неетичките начини на револуцијата.

Во меѓувреме во Ултиматумот Хиперборео, предлозите на Каприлез Радоски се критикувани:

Пред ден два, слушнав дел од кампањаскиот говор одржан од страна на председателскиот кандидат Каприлез Радонски. Во неговиот говор (цитирам по сеќавање): „Ако владата верува дека проблемот е капитализмот, конзумеризмот, филмовите и медиумите..“ Секој опозициски кандидат треба да обрнува внимание и да разбере дека тоа не тоа во што владата верува. Ова е она што прилично голем процент од гласачкото население верува. Може да се рече, да, боливиската влада во Венецуела е против капитализам и конзумеризам, и дека планот на председателот Чавез – идеолошка и културна револуција аргументирана и поддржана од изобилство на докази – ја поддржа идејата дека увезените филмови и медијата се централни играчи во тој проблем. Но исто така точно е дека процент од населението гласаше повеќе пати за да ја поддржи таа револуционерна визија. И овие се цивили и не-цивили, не само од владата.

Слично на ова, блогерот одговори на обвинувањата направени за правичноста на Националниот изборен совет:

Од друга страна, но на истата тема, ми беше кажано дека некои во опозицијата веќе кажуваат дека НИС (Националниот изборен совет) не е доволно сигурен за ги спроведе престојните председателски избори. Тоа е, во Венецуела има демократија кога и одговара на опозицијата, а кога не им одговара, тие велат дека нема демократија. Машините од НИС се доволно добри за примарните но не за националните избори. Ние играме според правилата на играта, но велиме – кога ние уште губиме – дека играта е изманипулирана и дека правилата не важат или дека другите играчи се измамници. Има демократија кога гласачите избираат опозициски градоначалник или гувернер, но има диктаторство и крадење кога луѓето гласаат за револуцијата. И тогаш ние зборуваме за одбрана на демократијата, правда, луѓето… итн.. итн…

Во меѓувреме, Карола Чавез објаснува што таа гледа како противречности од Каприлез Радонски:

[…] Сега повеќе од било кога постои потреба да се спаси светот, луѓето, од овие вампири кои ги пустошат. Тоа е посветеноста која мојот председател ја изјави во неговиот план за владата. И континуираната глупавост на настремениот противник: „Владата сака да ја спаси планетата, човечкиот род, јас предложувам да се решат проблемите на земјава.“ Венецуела на средината од никаде е тоа што капиталистичкиот кандидат го предложува за размислување и на достојните луѓе во оваа земја.

Како и да е, Адријана Вилануева ја нагласува најважната порака која таа ја нашла во говорот на опозициските кандидати:

Вчера, главната порака на Енрике Каприлез Радонски беше дека првото нешто што тој ќе направи е дека ќе ја раздели државата на 2 дела: тие што се со владата и тие што се против неа, категоризирани од владеачката група како „непријатели на луѓето“. Каприлез ветува дека ќе владее во полза на венецуелскиот народ. Да видиме колку навреди ќе добиеме денеска од Командерот во кој се осмеливме да се сомневаме по тринаесет години од неговата работа во владата, најзабележително сеприсутната пропаганда која го пофали  неговиот револуционерен став.

Вилануева продолжи:

Затоа ми се допадна тоа вчера, кандидатот беше страсно нарекуван „Слабиот“. Таму имаше стотици маици на коишто пишуваше „Слабиот Председател“, потсетувајќи го на жената која му рече: „Слабо момче, го имаш лицето на председател“ во спротивност на промотивното „Прв е Бог, втор е мојот командер“ кое беше пуштено низ медиумите пред изборната кампања официјално да започне.

Истовремено, Мишел Видал ја интерпретираше сликата споделена од Алберто Ројас во неговиот блог Каракас Шотс кога фреска која поттикнува ненасилство била скриена од страна на политичките реклами:

Сликано од страна на Алберто Ројас од „Каракас Шотс“, искористена со дозвола

Вака заврши фреската, креирана пред неколку дена од страна на група која е посветена на урбана уметност го направи гревот за говорење за не-насилство. Еден од нејзините гласноговорници беше никој друг туку Ганди, универзалната икона на мирот и исто така имаше текст алудирајќи на учтивост и на други начини за да се биде добар граѓанин.

Но пријатели на владата ја прекрија со куп постери од официјалната кандидатска кампања.

Многу јасна порака. Насилство против ненасилство.

Од страната на тие што ја поддржуваат председателската кампања, блогот Ун Грано де Маиз ја објаснува разликата која авторот ја наоѓа меѓу двајцата кандидати и што тој гледа како важно во планот на Хуго Чавез:

Минатата недела и понеделник, две опции беа во прашање, два цивилизациски проекти кои се спротивни како вода и масло.

…Со (Каприлез) не постои избор освен да се потчините на империјалистичкото талкање, спасот на неговата крајна криза. […] Другата можност презентирана во изборната битка покажува начин да се надмине капитализмот, бара начини да се организира за да ја зголеми социјалната сила, и да не интегрира како општество.

Тоа не е само изборен предлог, тоа е иднината на земјата, на оваа генерација и оние кои следат, да се надмине капитализмот, а социјализмот е единствен начин да се постигне ова, тоа е продолжување на битката за човечка слобода која се води цел милениум.

На крај, Хозе Роберто Дуќе на неговиот блог Трасион де Сангре нагласува што тој смета дека е клучно во овој натпревар:

Официјалниот старт на кампањата отвора нов политички циклус во Венецуела: тоа е финалното ниво на изборниот процес. Тој ќе дефинира колку Венецуелци ќе продолжат со проектот за градење на модел за државата и за човештвото што започнало во 1998.

Но има уште еден момент во нашата историја кој треба да се предвиди, анализира, размисли и одговорно да се дискутира: моментот во кој ние ќе ги ставиме во пракса научените лекции за организирање на луѓето за луѓето, во форма на самоуправа, во постепено уривање на старата држава и храбар скок од една форма на популарна организација: сонот на Чавез кој е во неговата најсвесна состојба, е еден каде, како што ние го разбираме денеска, ги препушта неговите огромни должности и ја остава мисијата на градење на луѓето. Што ние добивамо со победување и победување и победување на избори ако ние не ги тестираме начините на продолжување и продолжување како луѓе, а не како ракоплескачи на лидерите?

Дуќе заклучува:

Тоа е голема работа, но мора да биде дискутирана од сега натаму. А „сега“ продолжува преку огромните напори во трката за победа за Чавез на 7ми октомври.
А ако изгубиме? Епа, ние ќе мораме да продолжиме со задачата но во по остри услови, ужасни и крвави. Но мора да продолжиме. Никој не рече дека револуцијата е нешто што може да биде направено само со сојузник во Мирафлорес.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.